- Член од
- 12 мај 2009
- Мислења
- 5.823
- Поени од реакции
- 2.914
ај читај предхотниот пост што сум јас , патем личните ,,истражуања`` како што ме нарекуваш целта ми е да бидам непристрасен односно независен од сите цркви,џамии, сектии и знаеш што е интересно и нив ги истражував кои се и што се и какви верувања имаат и на крај да не има забуна и бурка,јас сум вработен во прифатна фирма и уште од почетокот кога се вработив тогаш бев аџамија и закоравен православен христијанин и целосно почитував света недела и секакви обреди,а мојот газда ме праша што сум по вера им велам православен христијанин сум и пак ме прашува,а знаеш ли што сум јас по вера ,па православен си му велам , е не сум, јас сум адвентист и јас вџашенОчекував Pane -G самиот да искаже од каде ги наоѓа овие произволни толкувања, а не да се крие зад личните „истражуања„ на историјата и Писмото, оти е повеќе од очигледно дека тоа се типично адвентистички толкувања, кои се сведуваат на произволно поврзување на описите од Откровението со одредени историски настани од Светов.
Во пролетта 1999-та г., на ТВ „Амазон„ беше ден серијал од емисии од по саат и пол, на кој се промовираа адвентистите на „седмиот ден„, преку проповедникот и толкувачот, ми се чини дека се викаше Јани, заедно со водителката од таа ТВ, па кога читам што пишува Pane -G, гледам дека тоа е буквално истото она кое го кажуваа споменатите ликови.
Тогаш тешко се наоѓаше работно место со редовна и солидна плата и сакал-нејќел морав да се вработам и ме примија.Подоцна неколку дена и газдата онака неврзан муабет си правиме и пак ме прашува знаеш ли кој е Исус и опиши ми неговиот карактер и велам паа дека е многу добар и светец и ги лечи болните со чуда и проповеда речта и така натаму,добро нешто малку знаеш но доволно и ме прашува повторно гледаше филмот ,,исус од назарет`` даа гледав пет пати и ми беше интересно му одговарам и ме праша пак ,а зошто во филмот многу пати спомнато сабота па сабота ,а режисерот е протестант и сценаристи се католици онака ме насмеа слатко ај друг ден ќе ми одговориш и си одите зашто имал некоја работа,а јас останав збунет и нормален и замислен и останува прашање каков христијанин сум јас и каков резииил бре
И така со првата плата си купив библија во МПЦ со потпис од Г.Г. Гаврил и за инает дури и си купив книги од познатите светски теолози од ширум светот како што е Марк Финли,Марвин Максвел,Елена Вајт,Ариел Рот,Ханс Хајнц и други па дури и нашиот теолог Никола Тасевски православен и тетовчанец, сите овие теолози се протестанти,католици и други секти и се непристрасни и предхотно немаат допирни точки со некоја секта како што е Адвентистичка и други, и споредував со библијата што си купив дали се усогласува и историска енциглопедија на братучед ми што го позајмив и малку од нив за да разберам .
И на крај сфатив Православието и католичката се тотално различни и некако чиниш како повторно се враќаме во мрачниот век и алоооо очиве ми се стемни сум станал своеглав и закоравен христијанин а еве што пишува Библијата:за иконите и киповите во црквите што се :
,,Со кого Ме изедначите и ќе Ме споредите?Кого ќе го земете за пример да прилега за Мене?Истураат злато од торбичката и премеруваат сребро на терезии па најмуваат златар,за да направи од него бог,му се клањаат и ничкум паѓаат пред него; и го креваат на рамо,го носат и го ставаат на местото негово;тој стои од местото свое не се помрднува,му викаат-тој не одговара,од неволја не спасува.Спомнете си го тоа и покажете се мажи;земете го тоа при срце отстапници`` (Исаија 46,5-8)
и на крај да продолжиме темава (од форумов што јас не го отворив) и да си разјасниме значењето или модераторот да го стави клуч ваш избор, мене ми е сеедно