Превод и толкување на Библиски цитати

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.578
Поени од реакции
11.595
@alf ,

Човек со омраза во срцето и предрасуди не може да толкува правилно свети книги, ќе ги наполни објаснувањата со земски бладања и човечко зло!
Толкувачот познава многу системи, бидејќи сите се едно, не ко тебе - не знае хебрејска философија, не знае грчка, не знае христијанска - а си толкува тој како разбрал со умот во кој што нема знаење!

Убаво ви е кажано:
„Надевај се на Господа од сè срце и не се потпирај врз твојот разум.
По сите свои патишта размислувај за Него, и Он ќе ти ги покаже твоите патеки.
Не се сметај за мудрец; бој се од Господа и бегај од злото:
тоа ќе биде здравје за твоето тело и лек за твоите коски.“
- Стар Завет
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.623
Поени од реакции
7.654
И јас дојдов и споделив друго толкување на тие интересни стихови од толку битното и загадочно Откровение на Јованче...
Што, мора да биде со христијански говор објаснувањето на Откровението?
НЕ!
Таман работа! По твое покредибилен толкувач на христијанското Откровение сигурно може да биде и шаман и оџа отколку, да речеме, христијанскиот aрхиепископ Андреј Кесариски.

„Јован до седумте цркви во Азија:....“

Дали некогаш сте размислувале дека не е Азија, туку Ашија, Asiah, на хебрејски... еден од четирите светови според учењето на кабалата?

И за да го скрие знаењето за херметичките знаења за седумте планети, ги искористил Азија и местата тогаш познати во Мала Азија за да ги поврзе со „седумте духови“?

„Тајната на седумте ѕвезди, што ги виде во Мојата десница, и на седумте златни светилници: седумте ѕвезди се ангелите на седумте цркви, а седумте светилници, што ги виде, се седумте цркви.“

Седумте ангели, седутме „цркви“-букви, извадок од соодветното обраќање кон „Црквите“ се:

  • Рафаел - Сард - Меркур - Разбуди се.
  • Габриел - Лаодикија - Месечина - не си ни студен ни врел
  • Анаел - Тиатир - Венера - ќе му ја дадам ѕвездата Деница.
  • Сакхиел - Филаделфија - Јупитер - ќе направам да дојдат и да се поклонат пред Твоите нозе.
  • Замаел - Пергам - Марс - ќе завојувам против нив, со мечот на Мојата уста.
  • Микаел - Смирна - Сонце - круната на животот.
  • Касиел - Ефес - Сатурн - имаш трпение.
Во хебрејскиот јазик има седум двојни букви, поврзани со седумте планети.
Мал есеј за седумте двојни букви има на овој [линк]

Се надевам малку поинтересно стана „толкувањето“ на Откровението. ;)
Еве што прави произволно толкување. Да истражеше, ќе видеше дека Азија (Ἀσίᾳ), освен во Откровението, се споменува и во другите книги на Новиот Завет, и не означува никаков спиритуален свет, туку географски поим, со што и твоето прокабалистичко и проастролошко толкување е погрешно уште во самиот старт.

Еве ти за Азија:

https://billmounce.com/greek-dictionary/asia

Eве ти го Толкувањето на Откровението од Свети Андреј Кесариски:

ТУМАЧЕЊЕ ОТКРИВЕЊА – Светосавље
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.578
Поени од реакции
11.595
Јас ве прашав дали сте размислувале дека Asia може да е Ашија, што ќе даде смисла за 7-те духови и „цркви“ :)

П.С. Редакторите на новиот завет од IV век без проблем можеле да променат насекаде Асиа да пишува, како георгафски поим, мирјанинот неупатен во мистериите да си верува во тоа туѓо толкување и сите овци на број!

И во стариот завет имаме зборови кои што на средина збор имаат буква на хебрејски во крајна форма (кога буквата доаѓа на крајот на зборот), но кога ќе преведеш на друг јазик - се губат тие финеси и тајни пораки.

Така да, светосавље ќе го толкува сето тоа далеку од откривање на тајните скриени во светите книги.
Да беа вистински авторитет и СПЦ и МПЦ и било која ПЦ, немаше да има потреба од толкувачи!
 
Последно уредено:

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Така да, светосавље ќе го толкува сето тоа далеку од откривање на тајните скриени во светите книги.
Хепта,

дај наведи пар причини, ради кои запишувачите на Книгите од Писмото би пишувале тајни и последично, од кого и за коги би биле тие тајни чувани односно скриени...

Повели!
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.623
Поени од реакции
7.654
Јас ве прашав дали сте размислувале дека Asia може да е Ашија, што ќе даде смисла за 7-те духови и „цркви“ :)

П.С. Редакторите на новиот завет од IV век без проблем можеле да променат насекаде Асиа да пишува, како георгафски поим, мирјанинот неупатен во мистериите да си верува во тоа туѓо толкување и сите овци на број!
Ако го отвореше линкот за Азија ќе видеше дека ова твое толкување за редактирање и промена за поимот Ашија кој го пишувало насекаде, е неосновано и крајно апсурдно.

Па така, во твојата фантазија, пред наводната промена, пишувало:

Ние – Партјаните и Мидјаните, Еламитите и жителите на Месопотамија, Јудеја и Кападокија, од Понт и од Ашија,

Ти делува сега стихов разумно?

Штом ги преминаа Фригија и Галатијскиот крај, ним им беше допуштено од Светиот Дух да го проповедаат словото во Ашија.

Како го проповедале по твое? Патувајќи трансдимензионално?

Во оние дни Павле реши да помине покрај Ефес, та да не се задржи многу во Ашија, зашто брзаше, ако му биде можно во Ерусалим да се најде за денот на Педесетница.

Според тебе и Павле патувал трансдимензионално кај оносветовните жители.

Од Петра, апостолот на Исуса Христа, до избраните придојдени, растурени по Понт, Галатија, Кападокија, Ашија и Витинија,......

И обраќање на Петар до оносветовните, вметнати помеѓу земните жители.

Обмислуваш ли ти воопшто пред нешто да напишеш, или дозволуваш секој христијански противник да ти ја полни главата со секакви глупости?
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.578
Поени од реакции
11.595
Ама ти не разбираш што ти зборувам... :)
Многу е лесно да се поврзе Асија со Ашија...
Откровението не е раскажување на нешто земско...
Нели...
Колку што знаеме , визија е :)

Да си запознаен со техниките на тајно пишување, ќе ти паднеше и тебе во око тоа едноставно искористување на Асија за да се зборува за уште потајни работи... да не речам магика :)

Но штом не гледаш што е пораката, нека ти биде Азија, не ми е многу грижа за тоа... јас моето го кажав.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Обмислуваш ли ти воопшто пред нешто да напишеш, или дозволуваш секој христијански противник да ти ја полни главата со секакви глупости?
А што е критериумот за да знаеме што е глупост а што не за вас? Ете ти јасно го кажа ова:
Screenshot_2016-12-01-16-46-24.png
Но глас не ти се слушна одкако соверникот твој Мики го кажа следново:
Screenshot_2016-12-01-16-45-25.png
И сега кое е вистинското толкување? Кој е христијански противник во случајов? Како еве јас како нехристијанин да направам точна проценка и да знам? Нели нема ,,тајни" и се е на располагање на сите? Кој е реперот?
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.623
Поени од реакции
7.654
А што е критериумот за да знаеме што е глупост а што не за вас? Ете ти јасно го кажа ова:
Прегледај го приврзокот 160829
Но глас не ти се слушна одкако соверникот твој Мики го кажа следново:
Прегледај го приврзокот 160831
И сега кое е вистинското толкување? Кој е христијански противник во случајов? Како еве јас како нехристијанин да направам точна проценка и да знам? Нели нема ,,тајни" и се е на располагање на сите? Кој е реперот?
Кон сè она што го напишав приложив референци и ти самиот ако сакаше можеше да се увериш или разувериш, како ти е волја.

Еве ти и референца од Православната Црква за твојата недоумица:

Библијски креационизам у православној цркви, страна 12-15
http://www.eparhija-sumadijska.org.rs/download/Kalenic/kalenic5_2009.pdf

Доволно е? Или треба да направам принтскрин и да ти нацртам кај да читаш?
 
Последно уредено:

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.476
Поени од реакции
1.050
@alf ,
Човек со омраза во срцето и предрасуди не може да толкува правилно свети книги, ќе ги наполни објаснувањата со земски бладања и човечко зло!
Толкувачот познава многу системи, бидејќи сите се едно, не ко тебе - не знае хебрејска философија, не знае грчка, не знае христијанска - а си толкува тој како разбрал со умот во кој што нема знаење!

Да те дополнам!
Ниту еден човек роден на земјата, не може да толкува точно,да беше така во текот на овие 2000год. ќе беше разоткриено значењето на светите книги.
И погрешно , не треба да знае ова или она,доволно е само да се вкуси смртта, а оние кои шетаат по адот, само злоба ќе гледаат наоколу!
Убаво ви е кажано:
„Надевај се на Господа од сè срце и не се потпирај врз твојот разум.
По сите свои патишта размислувај за Него, и Он ќе ти ги покаже твоите патеки.
Не се сметај за мудрец; бој се од Господа и бегај од злото:
тоа ќе биде здравје за твоето тело и лек за твоите коски.“
- Стар Завет
Ова важи за верниците и оние кои одбрале да го следат христијанството, секој закон ја губи силата откако ќе се вкуси смртта!
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Кон сè она што го напишав приложив референци и ти самиот ако сакаше можеше да се увериш или разувериш, како ти е волја.

Еве ти и референца од Православната Црква за твојата недоумица:

Библијски креационизам у православној цркви, страна 12-15
http://www.eparhija-sumadijska.org.rs/download/Kalenic/kalenic5_2009.pdf

Доволно е? Или треба да направам принтскрин и да ти нацртам кај да читаш?
Абе и Мики тврди дека користи референци, па сепак видовме дека иако и двајцата тврдите дека сте православни, ставовите ви се контрадикторни. Според Мики вселената е стара 8000 години, според тебе тоа е ,,протестантска глупост".
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Според Мики вселената е стара 8000 години, според тебе тоа е ,,протестантска глупост".
Според МИКИ1, кој се повикува на Црковни ставови и погледи, а како што МИКИ1 миљон пати има напишано, цифрата од 7500-8000г. стара Земја, т.е. Вселена е проценка, не е догма, не е матаметички егзактен податок или пресметка, затоа што во проценката, заснована на родословот Христов, не се земени во предвид и годините и животите од ликовите кои не се достојни да бидат запишани во Писмото.

Но ти, по обочај и по самиот не знаеш кој пат, се фаќаш само за делот од моите постови кои ти „пасуе„ и истиот тој дел им ги прикажуваш на моите соверници, обидувајќи се од нив да изнудиш одговор кој е поинаков од мојот и истиот тој (одговор) да ги изнесеш како несогласица помеѓу припадници на иста Црква.

Цифрата од 7500-8000г. не е догма и може да биде само поголема, но не и да изнесува неверојатни 4.6 миљарди години стара Земја или 17 миљарди години стара Вселена, оти никој здраворазумен не прифаќа најневеројатни бројки и најневеројатни настани.

Прочитан си одамна...
 
Таа твоја, пардон - црковна проценка, твојот соверник ја прогласи за ,,протестантска глупост" и се обиде да те извади со тоа што сакаше да го прикаже светот т.е вселената како човештво! Дури и соверниците твои се свесни донекаде за енормноста на глупоста што излегува од тебе и таквите како тебе. Дека земјата е стара 4,6 милијарди години има повеќе од доволно докази, одењето со глава во ѕид само ќе им докаже на сите здраворазумни луѓе во каква заблуда живеете и што проповедате.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Таа твоја, пардон - црковна проценка, твојот соверник ја прогласи за ,,протестантска глупост" и се обиде да те извади со тоа што сакаше да го прикаже светот т.е вселената како човештво! Дури и соверниците твои се свесни донекаде за енормноста на глупоста што излегува од тебе и таквите како тебе. Дека земјата е стара 4,6 милијарди години има повеќе од доволно докази, одењето со глава во ѕид само ќе им докаже на сите здраворазумни луѓе во каква заблуда живеете и што проповедате.
Дека Земјата е стара 4,6 миљарди години има докази колку што сакаш-да, ги има, онака, како чисто човечка творба, засновани на потребата од што повеќе години стара Земја или стара Вселена, со „надеж„ дека енормната количина од време ќе биде доволна за да во тој огромен и непојмливо долг временски период, ќе има „доволно време„ за да се случат најневеројатните настани, како што е создавањето на Вселената сама од себе или создавањето на животот како случаен настан....

Појќе е од познато дека на секоја наредна генерација научници им треба што повеќе време.

Трај си...

Што се однесува до тврдењата од моите соверници (се работи за еден од нив, не за сите, но тоа за тебе не е битно, туку битно е „едниот„ да го прикажеш како „многу„ и по којзнае кој пат да ја извртиш работата и да ја прикажеш ви погрешно светло...), дека ѓоамити се работело не за старост од Вселената, туку за старост од човештвото, и за тоа веќе објаснив; временската разликата од создавањето на Вселената и Земјата од една и создавањето на родот човечки од друга страна е само пар денови, а не пар миљарди години, кои никој ниту ги видел ниту ги избројал.

Обиди се пак, може ќе ти успее...
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Дека Земјата е стара 4,6 миљарди години има докази колку што сакаш-да, ги има, онака, како чисто човечка творба, засновани на потребата од што повеќе години стара Земја или стара Вселена, со „надеж„ дека енормната количина од време ќе биде доволна за да во тој огромен и непојмливо долг временски период, ќе има „доволно време„ за да се случат најневеројатните настани, како што е создавањето на Вселената сама од себе или создавањето на животот како случаен настан....

Појќе е од познато дека на секоја наредна генерација научници им треба што повеќе време.
Сознанието за староста на земјата не се заснова на никаква и ничија потреба земјата да биде помалку или повеќе стара. Има научни методи со кои е дојдено до тоа сознание. Во науката кога нешто треба да се открие, никој однапред не прогласува можен исход за прифатлив или неприфатлив, ниту желбите играат улога што ќе биде резултатот. Колку и да се обидувате да ги протнете вашите лаги, залудно ќе ви биде.
Што се однесува до тврдењата од моите соверници (се работи за еден од нив, не за сите, но тоа за тебе не е битно, туку битно е „едниот„ да го прикажеш како „многу„ и по којзнае кој пат да ја извртиш работата и да ја прикажеш ви погрешно светло...), дека ѓоамити се работело не за старост од Вселената, туку за старост од човештвото, и за тоа веќе објаснив; временската разликата од создавањето на Вселената и Земјата од една и создавањето на родот човечки од друга страна е само пар денови, а не пар миљарди години, кои никој ниту ги видел ниту ги избројал.

Обиди се пак, може ќе ти успее...
Што сум извртел? Имаш принт скринови - Тој вели дека било глупост ставот оти земјата е 8000 години стара, ти тврдиш дека црковна проценка било 8000 години стара вселена! :tapp:
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Што сум извртел? Имаш принт скринови - Тој вели дека било глупост ставот оти земјата е 8000 години стара, ти тврдиш дека црковна проценка било 8000 години стара вселена! :tapp:
Еве го твојот пост:

„...Таа твоја, пардон - црковна проценка, твојот соверник ја прогласи за ,,протестантска глупост" и се обиде да те извади со тоа што сакаше да го прикаже светот т.е вселената како човештво! Дури и соверниците твои се свесни донекаде за енормноста на глупоста што излегува од тебе и таквите како тебе. Дека земјата е стара 4,6 милијарди години има повеќе од доволно докази, одењето со глава во ѕид само ќе им докаже на сите здраворазумни луѓе во каква заблуда живеете и што проповедате....„

Читај го болдот од твојот пост и посочи кои се тие соверници како бројка, оти само членот @121314 изнесе поинаков став!!

Кој се тие „соверници„ освен посочениот член?!!!!!!!![DOUBLEPOST=1480764515][/DOUBLEPOST]
Сознанието за староста на земјата не се заснова на никаква и ничија потреба земјата да биде помалку или повеќе стара.
Има потреба од што повеќе време, затоа што само со многу време, во живот се одржува постојнов дарвиновско-марксистичко-материјалистичко-нихилистички светоглед, ама тебе не ти кажале!!!

Затоа, откако почнаа тероиите за све и свашта, на сите тие теории, почнувајќи од 19-от век, им треба што повеќе време за да станат вистинити!!!

Ако во 19-от век, Земјава беше стара 40 милиони години, денес остаре на 4,6 миљади години!!![DOUBLEPOST=1480764681][/DOUBLEPOST]
Има научни методи со кои е дојдено до тоа сознание.
Научните методи се менливи и минливи и покажуваат различни резултати, а за најголемата бројка се фаќаат само модерните идолопоклоници!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom