Плати во култура (играње, пеење, глумење и др. на наша сметка)

D

Darko_ufo

Гостин
Не викам дека е будала, напротив, направил одличен потег, исто како и другите. Да сум на нивно место и јас би отишол. Па и подобри држави од нас не можат да задржат талентирани луѓе, што е и нормално. Би било безобразно да со сила да се држат или нерационално за мак услови да им се даваат големи плати само за да останат дома. Па и на секој уметник треба да му е амбиција да се докаже во градовите кои што се центри на културата, дали европски или светски.

Но, мене најинтересно ми е тоа што викаш дека не се будали парите да ги трошат така што ќе помагаат култура во МК, а ние сите треба да бидеме будали и без поговор да дозволиме од нашите плати да одат пари за култура. Тоа е лицемерно и тоа ептен. Ако мислиш дека државата треба да зема од мои пари и да одат за култура, а според ова што го пишуваш, мислиш дека и ова сега е малку, тогаш не разбирам зашто некој што се бави со уметност и успеал надвор не би финасирал разни проекти во Македонија?!

Јас ниту сум член на ДПМНЕ, нити некогаш сум гласал, а има милион работи за кои им замерувам, но не знам зошто се буните во култура, кога никогаш во Македонија не оделе повеќе пари за таа дејност. Зголемени се платите, направени се нови згради каде се сместени разно-разни институции, запослен е нов кадар (веројатно и таму најчесто се запослуваат со врски и книшка, како и на други места)...

Мислам дека е доста, веќе не треба да се зголемува буџетот за култура, кога ќе се заврши со градбите треба и да се намали. Барем додека не ги вратиме повеќето од долговите и не набркаме еден куп неработници во администрацијата. Тогаш ако има вишок, нека оди за култура.

Има и други подобри начини, како даночно ослободување/олеснување за инвестирање во култура. Така ќе се исперат малку пари кои што дремат неактивни, а и ќе се снимаат доста серии, филмови, ќе има за претстави, концерти... Богатите и заради престиж ќе даваат во култура, како на запад.

Но, сега не гледам друг начин, освен и ’културњаците’ да ја делат судбината на народот од кој земаат примања. А балерините земаат и по повеќе од две просечни плати, жените ако не работат во администрација, земаат околу 10 000 денари во просек...

Дајте малку усул...
Ало УСУЛ, од кога градење споменици се пари вложени во култура....[DOUBLEPOST=1427050630][/DOUBLEPOST]
Епа прати го примерот на Симон Трпчевски. Кој те запира?
Многу луѓе го пратат, не се секирај ти за мене. Него на крај не можете да останете само вие ВМРО-Овците кои работите во Администрација во Македонија, ќе нема кој да ви дава пари за плати...
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.155
Поени од реакции
25.638
Многу луѓе го пратат, не се секирај ти за мене. Него на крај не можете да останете само вие ВМРО-Овците кои работите во Администрација во Македонија, ќе нема кој да ви дава пари за плати...
Не се секирај ти за вмровците што работат во администрација. Не плачат по форуми тие. А за тебе не се секирам воопшто. Ама ти за тоа ме обвини на почеток.
 
D

Darko_ufo

Гостин
Не се секирај ти за вмровците што работат во администрација. Не плачат по форуми тие. А за тебе не се секирам воопшто. Ама ти за тоа ме обвини на почеток.
Сакам да ти кажам дека на крај во Македонија ќе останат само ВМРО-овците што работат во администрација, сите паметни и културни луѓе ќе си отидат и на крај ќе ви остане да се изедете помеѓу себе.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.155
Поени од реакции
25.638
Сакам да ти кажам дека на крај во Македонија ќе останат само ВМРО-овците што работат во администрација, сите паметни и културни луѓе ќе си отидат и на крај ќе ви остане да се изедете помеѓу себе.
Ако де, се супер тоа. Јас сакам да ти кажам дека не ме боли за твоите проблеми, и тебе не треба да те боли што и како ќе правиме меѓусебе. Сеа, што те мачеше кога почна да ме цитираш?
 
D

Darko_ufo

Гостин
Ако де, се супер тоа. Јас сакам да ти кажам дека не ме боли за твоите проблеми, и тебе не треба да те боли што и како ќе правиме меѓусебе. Сеа, што те мачеше кога почна да ме цитираш?
Само и само твојата ниска интелегенција, тоа ме мачеше, сега многу ми олесна кога сфатив дека стварно не си еволуирал, во претходните разговори ми заличи дека си малку попаметен од другите теми, ама сега веќе ми е јасно.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.767
Поени од реакции
13.431
Ало УСУЛ, од кога градење споменици се пари вложени во култура....
Добро, зошто барем не прочиташ што пишувам, каде во мојат пост прочита за споменици? Има за згради каде се сместени институциите (како МНТ)...
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.155
Поени од реакции
25.638
Само и само твојата ниска интелегенција, тоа ме мачеше, сега многу ми олесна кога сфатив дека стварно не си еволуирал, во претходните разговори ми заличи дека си малку попаметен од другите теми, ама сега веќе ми е јасно.
Одлично тогаш, мило ми е. Убаво е што се приближува денот кога се ќе биде јасно.
 
D

Darko_ufo

Гостин
Добро, зошто барем не прочиташ што пишувам, каде во мојат пост прочита за споменици? Имаза згради каде се сместени институциите (како МНТ)...
Добро бе до кога ќе веруваш во згради и фасади што ќе се распадант за 3 години? Ако направиш нова фасада на болница ќе се среди здравството? Не гледаш во Америка глумците колку пари земаат, какви бизниси се прават? И толку си се запнал за твоите пари кај се трошат, барем културата донекаде е одржлива сама од себе, се продаваат карти, се полни буџет, се гостува, се прави филм што може да добие Оскар, како тој на Милчо Манчевски. Другар чукаш на погрешна врата за твоите пари. Зарем не ти смета што со твоите пари се финансираат глупи неквалитетни споменици, се отваар офшор фирми, се купуваат парцели, се местат избори, државните пари се употребуваат за партиски цели? Сите странски инвестиции не плаќаат придонеси за вработените, што мислиш кој плаќа за тие вработени придонеси? Каде се трошат парите во здравството? Си се фатил за културата она што го обликува еден народ. Стварно сте болни умови, стварно сте неписмени, не знам друго што да кажам.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.155
Поени од реакции
25.638
Член од
24 март 2010
Мислења
15.155
Поени од реакции
25.638
Култура: Танец, Балет, Опера, Глума, Музика итн. Не антиквизација неписмен еден
Било кој од споменицине што ги критикуваш и зградите што ќе се урнеле за 3 години ќе остават поголем траг врз „она што го обликува еден народ“ отколку сите овие што ги наброја заедно.
 
D

Darko_ufo

Гостин
Било кој од споменицине што ги критикуваш и зградите што ќе се урнеле за 3 години ќе остават поголем траг врз „она што го обликува еден народ“ отколку сите овие што ги наброја заедно.
ДА таков длабок траг што сите ќе ни се смеат, Кловнонијада... Во 21-ви век триумфална капија, за кој триумф? Таа во Франција е изградена за Наполеон, и во негово време за да го пречекаат, јес да доживеал пораз. Оваа во Македонија за кој? За Грујополеон за победата на локалните избори со преспанците? хахахахахаха
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.155
Поени од реакции
25.638
ДА таков длабок траг што сите ќе ни се смеат, Кловнонијада... Во 21-ви век триумфална капија, за кој триумф? Таа во Франција е изградена за Наполеон. Оваа во Македонија за кој? За Грујополеон за победата на локалните избори со преспанците? хахахахахаха
Така им се смееле и во Париз кога ја граделе Ајфеловата кула, па денес многу повеќе ја посетуваат Ајфеловата кула отколку музејот во Лувр.

Триумфалната порта е изградена за да го обзнани триумфот врз патетичните идиоти.
 
Хахахахахахаха и Хитлер го гласале па сеа го презираат и му се смеат ;)

Ајфеловата кула не е БАРОК хахаха туку модерна градба во тоа време
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.767
Поени од реакции
13.431
Добро бе до кога ќе веруваш во згради и фасади што ќе се распадант за 3 години? Ако направиш нова фасада на болница ќе се среди здравството? Не гледаш во Америка глумците колку пари земаат, какви бизниси се прават? И толку си се запнал за твоите пари кај се трошат, барем културата донекаде е одржлива сама од себе, се продаваат карти, се полни буџет, се гостува, се прави филм што може да добие Оскар, како тој на Милчо Манчевски. Другар чукаш на погрешна врата за твоите пари. Зарем не ти смета што со твоите пари се финансираат глупи неквалитетни споменици, се отваар офшор фирми, се купуваат парцели, се местат избори, државните пари се употребуваат за партиски цели? Сите странски инвестиции не плаќаат придонеси за вработените, што мислиш кој плаќа за тие вработени придонеси? Каде се трошат парите во здравството? Си се фатил за културата она што го обликува еден народ. Стварно сте болни умови, стварно сте неписмени, не знам друго што да кажам.
Добро, освен што покажа дека си безобразен, друго слабо некако... ;)

Прочитај ги моите претходни постови и ќе видиш кој на каква врата тропа. Зградите ги спомнав само дека се наменети за разни институции за култури, а за тоа збориме. Другото е веќе некој твој стереотип кој го изгради за мене така што разменивме два-три поста, па уште и почна да се расправаш со тој некој имагинарен лик кој си го замисли како противник и дури си замислил што тој мисли.

Види прво што ми смета и што сум пишувал, не можам во секој пост да повторувам едно исто, па потоа реплицирај, а не вака, напорно е. заПрочитај што пишував администрација и други трошења на пари. Ти си инкоструира црно-бел свет во кој јас сум некој лош груевист, а ти уметник ослободител. Не се прави така муабет. Барем тоа вие писмените и просветените со здрави умови треба да го знаете..

Тука не станува збор дали е некој за култура или против! Од кај знаеш па и дека не сум некој балетан, глумец, виолинист или што ти знам? Тоа нема врска со ова за што пишувам. А ако прочиташ што пишувам ке пронајдеш одговори на некои прашања што си ги поставил, а и на работи што погрешно си ги разбрал.

И зошто почнавте со дневна политика?

П.С. @Darko_ufo, ти би требало да знаеш колку се платите, а повторувам, тоа беше мојата желба, да дознаам, колкави се платите, затоа што често слушам жалење, па ако не ти е тешко напиши и да имаме некој показател. Ај, без нервози. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom