Постои нешто што се нарекува внатрешно спознание. Затоа ни е речено „испитувајте ги духовите“. Ние со својот дух можиме да ја распознаваме вистината по самиот осет. Доколку нешто е многу префинето, проблемот бара попрефинет осет. Осетот при испитувањето на духовите е број еден мерило во утврдување на вистината. Надворешните поуки (православни, световни, било какви) независно од авторитетот може да се земат како упатства со одредена тежина. Крајно мерило е нашето чувство. Поголем авторитет, поголема тежина, но вистината во нас ја спознаваме со осетот и потоа концептуално ја усогласуваме со претходно осознаеното. Ако нешто не се согласува со концептот, можи да е до неразбирање на концептот, можи да е во обмана на осетот. Нормално нема веднаш да го прифатиш, но ќе го оставиш настрана се додека не се испита, додека се најде вистинското Самото чувство за вистината се истанчува, се развива со постот, воздржаноста и слично. Најмногу со молитвата при односот со единствениот вистински Дух.
Затоа православните кои се влезени во духот на верата, во духот на вистината, имаме извонредна согласност за сите прашања. Ќе се најдеме за прв пат со некој верник и кога им зборуваме на трети лица, нашата согласност е совршена. Верникот ако е влезен во духот на верата и прост да е разбира и знај и учи крупни вистини секој ден. И ново кога ќе си пренесиме едни на други веднаш го „намирисуваме“ сите истовремено кои се влезени во Духот. Оној кој не е влезен во Духот на верата, независно од образованието, нема таков осет. Кога ќе се сретнат двајца браќа верници, ние имаме бескрајни и исполнети разговори за нови откривања од кои некои не се прв пат за нас туку прв пат за цел свет. Одиш по улица и само откриваш. Така е богат животот со живиот Бог.
Емпириските податоци сами за себе не значат ништо доколку не се ставени во рамките на концептот. Зависно од концептот тие и различни нешта можат да значат.
Јас на Лет му замерувам што исклучиво трча на Википедија за емпириски податоци и за работи каде можи да одговара со свое разбирање на нештата. Ако има некој свој концепт во главата веднаш ќе одговори без да бара по интернет. А уште повеќе затоа што откако земи некое знаење од интернет го претставува како да е негово, како да го знаел од секогаш. Сѐ со цел да се спори и да победува во неважни вербални дуели. Единствена корист има затоа што ги разбранува темите, има постови и читања, а лет мислам дека има некое учество во форумов.
Ете Ipsissimus од таму мојата сигурност.