Паписти во Македонија?

Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Ватикан во својот пристап на работа за ширење на својата моќ и влијание, за разлика од протестантите делува по врвовите на моќта. Се обидува да вметни или врбува свои поддржувачи во врвот на политиката, свештенството, стопанството, државната управа... и од таму неосетно да создава расположение во правец на привлекување кон римокатолицизмот.
Во нивното прозелитистичко подземно работење од најпримарно внимание му се неколкуте слаби и нестабилни и просторно најблиски земји од т.н. западен Балкан: Македонија, Албанија, Босна, Црна Гора, Косово, Србија. Сега вака раскарани и меѓусебно и внатрешно. Уништени во стопанскиот и општ развој дали стихијно или намерно, сме многу погодни за католизација, исламизација... Впрочем исламот и римокатолицизмот со својот здружен настап го потиснуваат Православието на Балканот почнувајќи од пред падот на Византија до денес.

Напоредно со познатата јавна римокатоличка свештеничка структура низ светот постои и тајна свештеничка структура од која најпознати се језуитите, најбројниот римокатолички ред. Језуитската мрежна структура го покрива целиот простор каде што има и јавна римокатоличка свештеничка структура. Во некои други делови од светот, пример Австралија, јужна Америка... језуитите, таа структура е делумно позната. Може да се видат интернет страници каде се јавно прикажани језуитите раководните лица за тој простор. Но во други делови на светот тоа се држи во тајност. Кои се овде во Македонија лица римокатолички језуити? И кои се врбуваните за нивни цели. Што не е нешто ново, меѓу народот се познати како паписти (папиштани)? Кои политичари, свештеници, јавни службеници, одработуваат за напуштање на Православието и ширење на папската власт и влијание во Македонија?
Ќе набројам неколку кои со сигурност можат да се означат како паписти:
професорот Димитар Мирчев
режисерот и поранешен Претседател на Собранието Љубиша Георгиевски
Претседател на Собранието Трајко Велјаноски
стопанствениците Венко Глигоров и Мирче Черкези.
Претседателот Ѓорги Иванов.

Од некогашните историски личности познат папист е Иван (Ванчо) Михајлов (влав). Ванчо Михајлов, после Втора Светска војна 40 години безбедно ќе живее во Рим под заштита на Ватикан. Недопирлив за југословениските служби, бугарските служби, српските четници, македонското исселеништво...

Со оглед на некои последни показатели во македонската политика се поставува прашање дали и раководството на владечката партија во Македонија, ќе се приклони кон моќта на Ватикан за покривање на срамот од откривање на некои незаконски дела. Како што во Црна Гора тоа го стори Мило Ѓукановиќ.

Но приклонувањето на македонското политичкото раководство кон Ватикан ќе значи и верско-православно и национално-политичко предавство. Вовлекување на партијата како и целиот народ кон папизмот е предавство од најтежок вид.

Како дополнение мал осврт од нашето соседство:
Кај Албанците Ибрахим Ругова веројатно поради лична желба пред смртта се произнесе дека тој и неговата фамилија одамна се преминати во католици. А што правел и што мислел тој кога влегувал во џамија и се претставувал муслиман!? Пред да биде ослободен од Хаг и Рамуш Харадинај имаше слична изјава. Изјави: „зошто не сметаат за муслимани, нашето семејство е традиционално католичко“. Рамуш, Даут..., Харадинај чудни имиња за католици?
Кај србите една третина од Синодот е проватикански настроен. И тоа токму оние епископи Иринеј Буловиќ, Атанасије Јевтиќ, Игнатије Мидиќ, Амфилохије Радовиќ кои се најжестоки негатори на Македонската Православна Црква. Додека јавно Ватикан се однесува како да ја поддржува МПЦ-ОА преку нивните луѓе на терен работат на создавање и одржување на раздори за да не дојде до помирување меѓу православните Синоди на Балканот.
Грчкиот Синод во мнозинство е проватикански настроен. Така што во 2007 година во градот Равена потпишаа „Равенски договор“ со кој признаваат врховна власт на римскиот папа. Тоа стои црно на бело, но поради страв од одѕивот кај народот не се применува.
Ова се мал дел од показатели за подземното папистичко делување.
Ние православните не им се мешаме на римокатолиците во практикувањето на нивната вера кај нив, ако така им одговара. Ако мислат дека се во право да се соочиме теолошки јавно. Но со кое право така подмолно тајно прикриено не поткопуваат овде

За се` што е овде наведено сами проверете нa интернет.
 
Последно уредено:
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
БЕСЦЕНЕТИ ПОРАКИ ОД ЛУЦИДНИОТ УМ

Папата Франциск, најнеобичниот верски поглавар со најлуциден ум и реформски дух и искрен толкувач на изворното Христово учење, на човештвото му испрати повеќе бесценети пораки што треба да послужат како патокази за движење во светот што „тргнал на сите страни“, односно во светот што упадна во хаосот. Оние што ги сметам за најважни за 2016 година се парадигматични и симболични, значи суштински. Затоа со нив ќе го започнам текстот за настаните што ќе ја одбележат годината во која влегуваме.
Првата е рушење на догмата дека
само верниците му се миленици на господ и само тие имаат право на посмртна награда - вечен живот. Во интервјуто за италијанска „Ла република“, папата конечно им објасни на луѓето дека „не мора да верувате во бога за да одите во рајот. Доволно е ако имате чисто срце и ако ја слушате својата совест (суперего). Божјата милост е безгранична и безусловна, а сите ние имаме слободна волја да избираме како ќе живееме“. Ова толкување соодветствува на Христовото учење дека секој човек е сакано божјо чедо, ама самиот, според патот што го одбира и следи во животот, или се приближува или се оддалечува од творецот. Папата во втората порака го предупредува човештвото дека 2016 година ќе биде крвава и опасна. Апелира на разум и солидарност, зашто светот е на раб од бездна. Веќе третата порака испратена како симболичен гест е доделувањето медалјон ангел-спасител на човештвото на рускиот претседател Владимир Путин, со придружна молба да ги избави од маки муслиманите и христијаните на Блискиот Исток...

Нова Македонија
Мирка Велиновска

Погоре напишаното е чиста катастрофа за секој христијанин, но најмногу за православните христијани.
Ако
за спасението на душата и не мора да се биде верник во Господ Исус Христос тогаш зошто Бог се отелотворил. Зошто слегол на земјата, зошто пострадал и воскреснал. Штом и без верата можеме да се искупуваме за гревовите зошто Господ пострадал и ја пролеал крвта. Тогаш не мора да се крштеваме, не мора да се причестуваме.
Ме чуди што на вака катастрофални изјави навредливи за нашиот Спасител нема противодговор од свештеници и верници.
Ако се има предвид кое значење има Мирка Велиновска како изнесувач на гледиштата на власта дали оние реченици не се навестување, показател за свртување на владеачката партија кон Ватикан. Навестување или тоа веќе е договорено за забошотување незаконски дела. А и споредувањето на Путин со ангел-спасител е дополнително светогрдие.
 
Последно уредено:
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Мала исправка, се работи за Мирче Чекреџи не Черкези.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Oригиналното христијанство е католичкото а папата е директен наследник на апостолите и нивната порака. Со тек на векови од тоа изворно христијанство се отцепија разни други цркви кои на свој начин го толкуваат христијанството (протестанти, адвентисти, православни, баптисти...)
Се поголемиот наплив на идеите за католизирање на Македонија е всушност неjзино враќање на корените на христијанството.
 
Лет 3 не беше ти атеист или само глумеше атеизам?[DOUBLEPOST=1452431734][/DOUBLEPOST]
Мала исправка, се работи за Мирче Чекреџи не Черкези.
Фала за исправката.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Лет 3 не беше ти атеист или само глумеше атеизам?
јас како атеист најубо го познавам христијанството, ти например како заслепен православец не умееш реално да согледаш вистинската и независна слика на христијанството, премногу емотивно премногу еднострано настапуваш, то е како неонацист да дава свое видување на човештвото или заев да оценува која е најдобра политичка опција за Македонија, или некој борец во ИСИС како би требало да биди организиран светот
Пошто јас христијанската вера ја гледам независно, можам да дадам реална оценка.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.742
Поени од реакции
7.911
јас како атеист најубо го познавам христијанството, ти например како заслепен православец не умееш реално да согледаш вистинската и независна слика на христијанството,
Се гледа колку го познаваш!

Oригиналното христијанство е католичкото а папата е директен наследник на апостолите и нивната порака. Со тек на векови од тоа изворно христијанство се отцепија разни други цркви кои на свој начин го толкуваат христијанството (протестанти, адвентисти, православни, баптисти...)
Се поголемиот наплив на идеите за католизирање на Македонија е всушност неjзино враќање на корените на христијанството.
Римокатолицизам

РИМОКАТОЛИЦИЗАМ (грч: Ρωμαιοκαθολική αίρεση - Римокатоличка јерес); латинска јерес - најмасовнија јерес која се икада појавила у историји Хришћанства; узрок пада древне апостолске катедре Рима и одвајање од истинске вере сачуване уПравослављу; узрок отпада Римске Патријаршије од Цркве и пада у таму јереси које траје и данас.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Се гледа колку го познаваш!

Римокатолицизам

РИМОКАТОЛИЦИЗАМ (грч: Ρωμαιοκαθολική αίρεση - Римокатоличка јерес); латинска јерес - најмасовнија јерес која се икада појавила у историји Хришћанства; узрок пада древне апостолске катедре Рима и одвајање од истинске вере сачуване уПравослављу; узрок отпада Римске Патријаршије од Цркве и пада у таму јереси које траје и данас.
XAXAXAXAXXAx AAAA
душичка мала наивна, цитира православен извор да докажи дека католицизмот бил ерес
хахахаххаааа аааа леле колку наивно дури и некако детско срамно ова изгледа, ахахахахахаааааа

немаш некој изламски извор околу христијанството или некој католички околу православието???
хахахахаха
Инаку зборот ортодокс, се јавува прв пат 6 века после Исус шо е знак дека е новокомпонована работа
То не го најде во твоите ортодоксни извори??
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.742
Поени од реакции
7.911
XAXAXAXAXXAx AAAA
душичка мала наивна, цитира православен извор да докажи дека католицизмот бил ерес
хахахаххаааа аааа леле колку наивно дури и некако детско срамно ова изгледа, ахахахахахаааааа
Е па ај за почеток објасни ми го од кај произлегува Filioque (и (oд) Синот) во римокатоличкиот симбол на верата кога Самиот Господ Исус Христос кажал:

А кога ќе дојде Утешителот, Кого што ќе ви Го испратам Јас од Отецот, Духот на вистината, Кој излегува од Отецот, Он ќе сведочи за Мене. (Joван 15:26).

А во Biblia Sacra Vulgata го пишува ова:

Cum autem venerit Paraclitus, quem ego mittam vobis a Patre, Spiritum veritatis, qui a Patre procedit, ille testimonium perhibebit de me;

http://www.drbo.org/lvb/chapter/50015.htm

Кај гледаш тука Filioque или само знаеш да тресеш зелени?
 
тој дел е уфрлен од подоцнежните православци
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950

А кај се православните житија споменати во евангелијата? Католиците може да ти одговорат дека со оглед на тоа што синот е дел од отецот, нема контеадикција во оваа забелешка, но што правиме со фактот дека во православието имаш речиси паралелни свети книги што не само што се третираат на исто ниво со стариот и новиот завет, туку во многу наврати се користат како повалидна интерпретација од евангелијата или петтокнижието. Таков пример беше МИКИ1 кога на секое посочување цитат, одговараше дека тоа било "механичко" читање, што значи дека оргиналните цитати според вас не се самодоволни туку е потребна дополнителна литература....
Како се вика случајот кога на оргиналот му се прилепува дополнително текст со иста валидност?
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
Малку надвор од тема но....
Основач на Христијанството не е Исус, не е Петар туку Павле. Исус се родил, живеел и "умрел" како "евреин". Промените кои го одвојуваат христијанството од матичната религија се дело на Павле (да потсетам убиецот и прогонителот на првите тн христијани). Најголемите отстапки и промени се случуваат кога Христијанството се признава како официјална религија и се носат разно разни правила кои религијата ќе ја стават во служба на државата.

Бесмислено е да се натега дали Католиците или Православните се поголеми христијани бидејќи и едните и другите се далеку од Христовото учење.

Една можеби глупа паралела....Јосип Броз Тито умре пред 36 години. Во време кога имаше печатници, книги, телевизија, радио......сеуште се живи луѓе кои живееле а некои и лично го познавале. За некои бил светец, за некои олош, за некои шпион, за некои бил атеист, според некои умрел како муслиман.....

Исус живеел пред 2000 години, во време без печатници, кога информациите се пренесувале усно или книгите се препишувале една од друга рачно. Некој тука сака да ме убеди дека некој свет отец кој направил превод или толкување на документ од 6 век во 13 век е поверодостоен извор од римски историчар кој бил современик на Исус.

Исто е со Тито. Некое детиште од 20 години на луѓе од 70-80 години им кажува каков бил Тито и како се живеело во негово време.

Секој има право да верува во што сака, но неможе за приказна стара 2000 години да тврди дека само и само неговата вистина е точна.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
јас како атеист најубо го познавам христијанството, ти например како заслепен православец не умееш реално да согледаш вистинската и независна слика на христијанството, премногу емотивно премногу еднострано настапуваш, то е како неонацист да дава свое видување на човештвото или заев да оценува која е најдобра политичка опција за Македонија, или некој борец во ИСИС како би требало да биди организиран светот
Пошто јас христијанската вера ја гледам независно, можам да дадам реална оценка.
Но ти не си атеист, само така ги залажуваш луѓето. Ти горе велиш „папата е директен наследник на апостолите и нивната порака“. Со тоа се согласуваш со исправноста на апостолите и нивната порака. Ниеден атеист не се произнесува потврдно во однос на апостолската порака уште помалку за оние кои ги смета за нивните денешни доследни преносители.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.742
Поени од реакции
7.911
тој дел е уфрлен од подоцнежните православци
Навистина?

1. Кој го уфрлил? (име и презиме и свештенички чин)
2. Каде го уфрлил? (град)
3. Кога го уфрлил? (година)
4. Во која книга го уфрлил, со оглед дека тој дел не е додаден во Vulgata?
5. На кој собор, конгрес или собрание го уфрлил?
6. Поради што го уфрлил?(причини)
7. Каков е тој „православец“ кој смета дека го знае Исус Христос подобро одошто Исус Христос се знае самиот себе си, бидејќи Он не рекол дека Светиот Дух произлегува и од Синот?

Се надевам дека нема да ти биде претешко да одговориш на овие прашања, кога веќе изигруваш експерт за Христијанство.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
XAXAXAXAXXAx AAAA
душичка мала наивна, цитира православен извор да докажи дека католицизмот бил ерес
хахахаххаааа аааа леле колку наивно дури и некако детско срамно ова изгледа, ахахахахахаааааа

немаш некој изламски извор околу христијанството или некој католички околу православието???
хахахахаха
Инаку зборот ортодокс, се јавува прв пат 6 века после Исус шо е знак дека е новокомпонована работа
То не го најде во твоите ортодоксни извори??
Има ли потреба нешто друго да се зборува за забегувањата на римокатолицизмот освен да се пренесат зборовите на нивните автентични претставници.
Римокатоличкиот поглавар за списанието Ла Република рекол: „не мора да верувате во бога за да одите во рајот. Доволно е ако имате чисто срце и ако ја слушате својата совест (суперего). Божјата милост е безгранична и безусловна, а сите ние имаме слободна волја да избираме како ќе живееме“.
Оној кој ова го изјави се откажал од Исус Христос како Господ и Спасител. Тоа е навреда за сите христијани. Го обезвреднува Господ Христос како единствен Спасител, Неговото единствена спасителна сила. Навреда е и за огромните маченички жртви дадени за христијанството, затоа што тие кои се жртвувале и не морале да се жртвуваат. Ова го изјавува ПАПА, а неговиот збор практично не се оспорува. Во римокатолицизмот не постои орган кој може да му се обрати на папата и да го прекори за некое негово мислење.
Кажи ми дали знаеш за некое теолошко мислење на некој папа кое подоцна е оспорено во Ватикан!?
Оваа изјава е изјава на безверие и кон светот упатува порака за ширење на безверие. Една од безбројните забегани и погрешни зборови и дела на многу папи од првите забегувања, пред илјада години до денес.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom