- Член од
- 14 април 2008
- Мислења
- 1.257
- Поени од реакции
- 914
Прво тогаш сеуште Римската Патријаршија била во рамките на единствената Црква. Самоил е крунисан од римскиот партијарх, а не папа, во последните години на X век.Еднаш го поставив истово прашање.
Ако православниот свет толку многу не сака зашто Самоил за цар бил крунисан од Папата а не од Вселенскиот Патријах
Умира 1014. А „Големиот Раскол“ се случил во 1054 година.
Второ навистина тогаш веќе имало длабоки и политички и богословски расправи меѓу римската патријаршија која бара првенство за папата со другите 4 патријаршии. Така поддршката на римскиот патријарх за Самоил во неговата граѓанска војна против Византија е исто така политичка. Затоа што нешто пред тоа бугарската држава која со векови и прави многу неволји, склучува траен мир со Византија. Римската политика во служба на Франките, кога ќе ги изгуби Бугарите како реметник на Византија, бара друг сојузник кој ќе ѝ прави незгоди на Византија.
Затоа му излегуваат во пресрет на амбициите на Самоил и му ја доделуваат токму бугарската круна како освета кон Бугарија.[DOUBLEPOST=1473945117][/DOUBLEPOST]
Јас сум Македонец, а ставовите се општи православни.Не ги менувај постовите... никој нема да прочита 20 километри срспки христијански став.
„Широк е патот кон пропаста и многумина одат по него, тесна е вратата и тесен е влезот кон спасението и малкумина го наоѓаат“.Тоа е така бидејќи Папата не е вистински христијанин.
Само православието е вистинското христијанство, сите други се секти... таков став барем имаат православните христијани за своите браќа по вера
Затоа и смрди христијанството од главата... заради човечката злоба и чудна потреба да има авторитет над некаква вистина, посебно духовна. Осудувајќи постојано некој друг за својата неспособност кон божественото...
Да беа широките маси во вистина се ќе се живееше убаво, разумно, разбрано. Вистината е очигледна, но нејзе ја бараат и следат мала бројка на луѓе.
Од таму и јасно е дека само одделна идеологија/наука/учење ќе биде вистинито, а и припадниците во неа нема да биде голем бројот на доследните следбеници.[DOUBLEPOST=1473945900][/DOUBLEPOST]
И за двете прашања. Кога се направи грев и се потпадне под наведувањата на лукавиот, нема причина, нема потреба. Верникот има сила, има особини, има сѐ. Може мирно и лесно да ги надмине искушенијата кои ќе му послужат за радост како победа, како негово издигнување. Кога не ги надмине тоа е како кога се предал од битка која уште не е ни започната.Постапките се последица на особините што ги имаат луѓето, зошто Бог ги создал луѓето со особини што ќе бидат причина за ,,погрешни" постапки?
Зошто семоќно и сезнајно битие како Бог создало или допуштило постоење на ,,лукавиот"? Зошто не го уништи и со тоа ја уништи и причината за злото, за страдањето?
Просто причина за гревот и со тоа болестите се немарноста = лабавост, ноншалантност, незагриженост, несериозност, неволност-нестремежност: за напредок, за победа, за доброто, за убавото.[DOUBLEPOST=1473946518][/DOUBLEPOST]
Папист или папиштанец се вели за некој кој се кажува за православен, но е љубител на папата и Ватикан. Што само по себе е глупост. Ако некој го сака римокатолицизмот, нека стани римокатолик. А не вака продолжува да се нарекува православен, а ги прекршува православните правила.Дали се Папистиве поврзани со Језуитите или е истото движење ?!
Језуити се римокатолички свештеници. Најброниот ред во римокатолицизмот кој е борбен свештеник, најчесто некој вид на агентура. Најчесто со прикриеност на припадноста во језуитското звање. Тоа е подло, луѓе од сенка, потсетува на Јуда - оној кој го предал Господ.
Предводени се од генерал, го викаат и црн папа и се смета дека има поголема стварна моќ од јавниот бел папа. Језуитите ги има секаде каде што има и јавна римокатоличка свештеничка мрежа. Од таму језуити МОРА да има и во Македонија, но прикриени. Можно е некои од папистите - лажливите православни, да се језуити.
Последно уредено: