Оставено дете - лош или добар потег?

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Ваљда како татко на две деца имам право да мудросерам малце на темава, а?
Најпрвин, би се осврнал, на, по мене, двата основни предуслова да се биде родител:
1. Да имаш колку-толку добра материјална база да му овозможиш на детето кое ќе го створиш услови за минимално пристоен живот.
2. Уште побитно од бр.1 е на тоа дете/деца да им пружиш неизмерна љубов, здрава средина за растење, поддршка, и да ги изведеш на прав пат во животот, да направиш луѓе од нив, со еден збор. Да се биде родител, за мене, е најтешкиот предизвик со кој сум се соочил.
Живееме во 21 век, сите сме информирани за тоа како се прават деца :) Крајно идиотски е да се прават деца онака - без мозок. Па тоа е уништување на еден живот! Ако немаш со што да го гледаш детето, не го прави!
Да се напушти детето баш онака - на хауба, пред врата... на буниште, тоа е дивјачки!
Да, знам дека во минатото оставале деца на улица, на камен некој, на буниште, по авлии... такво било времето...
Исто така, знам дека, тоа во Струмица го викаат „дадено на чедо место“, луѓе кои имале повеќе деца давале едно на свои блиски луѓе кои немале деца да го одгледуваат како свое, еден вид посвојување би му дошло...
И тоа не е во ред, но... такви биле времињата, тука нема што да дискутираме. Било и поминало.
Денес, ако си направил дете, треба да се грижиш за него.
Ако не си способен, постојат начини истото да се даде на посвојување, согласно закон.
Сето друго е дивјаштво, невиден садизам.
 
fkpromaja

In the Heaven.
Член од
28 јули 2012
Мислења
449
Поени од реакции
256
Ќе разбереш дека се нема пари кај некои класи од општеството, владее криза, нормално. Потоа ќе ја разбереш и потребата од секс, па ајде да речеме дека користеле средства како кондоми и слично, па ајде и на крај да разбереме дека без никаква тенденција се случила бременоста. Да се абортира баш во никој случај не подржувам и сум строг противник на тоа. Но, веќе кога го родиле детето зошто да се фрла на хауба? Дали знаете колку има парови во Македонија па и во светот кој што поради Х причини не можат да имаат дете и тражат да посвојат, а дисфункционалните парови нашле да ги фрлаат децата по хауби, кој блам еј! Јас да сум во таква ситуација би го дал во дом, ако неможе да биде радосно со мене нека биде со некој кој што ќе го направи радосно. Сега треба да оправдуваме затоа што биле дисфункционални или пијаници? Ее тука е крива државата, наместо да фрла пари за глупости може да гради установи за згрижување, да го подигне стандардот, па да се направат образовни институции за такви родители, да ги тргнат од улиците и така натаму. Поздрав
 
Член од
23 април 2013
Мислења
45
Поени од реакции
73
Се согласувам дека ако немаш услови , не создавај уште еден однапред уништен живот.
Во дваесет и први век од детство се информираме како се прават деца , и како НЕ се прават , навистина треба да не дојдеме до ситуација дете да чува дете. А возрасниве кои се на слично мисловно ниво колку едно дете, се иста приказна. Не е секој за да биде родител , па подобро оставете го да живее во дом , отколку најубавиот дел од животот да му остави вечни трауми.
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Picture 1318.jpg Picture 051.png Picture 1319.jpg ајде сега што ќе ќажете. За ова дете.
Да ви пишам што прави. Дува лепак. Секојдневно.
Јас мислам дека ова дете било подобро да се остави под некоја стреа,или пред врата или ако има некое место за таква намена.
Ама сите сте со погорните постови против оваа константација,треба да се чува,си го родил и т.н. па еве како го чуваат се гледа.
Сигурно ќе отишло во подобра фамилија и би имало подобар живот него ли овој сега. На улица,поради некои несовесни родители.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Треба да се чува Анчо, не да се пушти на улица. Родителите на ова дете (ако знаат кои се, ги гледам и тие цели нафлекани) го фрлиле детето одамна. Проблемот го лоцираа поназад, јавните служби и институции. од полиција до социјални служби и домови. Последно време овие опасно се намножија посебно во центарот.
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
@Anco како би ти било тебе да те оставиле твоите биолошки родители некаде на улица? Би им бил ли благодарен? Како ке се однесуваш кон нив кога би ги сретнал еден ден очи во очи? Ке ги прашаш која била причината што го направиле тоа?
Баш би ме интересирал овој одговор.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Анчо, јао бог с`нама и анџели божји (атеист сум ама ме натера да спомнам нешто што никад не би).
Дали се читаш бре човеку? На хауба да се оставало за да после теткиците го соберат во прифатилиште? Озбилно? Тоа како решение? ТОА?[DOUBLEPOST=1395536275][/DOUBLEPOST]

Општо познато е дека детето има одредени афинитети да си ги бара родителите или па да го интересира кои биле неговите биолошки родители. Голем (да не речам апсолутен) процент е дека тоа и ќе го направи. Иако збориме за бебе кое не резонира во тој даден момент, сепак кога ќе порасне и порано и подоцна дознае дека е посвоено, се сведува на такви преземени мерки.
 
Последно уредено:

------------
Да не ве сите цитирам......прашање за сите.
Вчера изгледа е претепано-утепано едно дете од својте родители изгледа...
Значи по ваше е тоа добро, добро го чувале и на крај по три години ова...
За мене подобро било да го оставеле на некоја установа на државата,или под некоја стреа, ќе било дадено некаде кој ќе го чува,
„некако“ бар немало да го утепа на три години.
Арам да им е....и двајцата да се затворат во самица до крај на живота.
 
:facepalm::facepalm::facepalm:

Темата е за оставање на дете на улица, на хауби на други места кај што врие од опасност а не за претепување на деца.
Ама кога веке ме прашуваш ке најдам начин да ти одговорам кога веке бараш.

Анчо, од каде си сигурен дека во установата ке се грижат за него како што доликува? Дали имаш гаранција дека таму ке расне под нормални околности? дали мислиш дека доколку некоја фамилија го посвои ке добива далеку подобар третман? Немаш гаранција нели? За ништо денес немаш гаранција.
Не ја кажа главната причина зошто е подобро некое дете да се остави на улица? Или ти е доволно мислењето дека некој ке го најде ке го изгледа во млад господин и еден ден ке тргне во потрага по своите родители... Батали ти шпански серии, согледај ја малку реалноста дека така не оди како што мислиш.
Што ако бебето почине ако е оставено под некоја стреа? Од глад, од студ... или што ако го најде погрешна личност кое ке го употребува само за свои цели?

Кажав јас веке претходно, не е секој за родител... Ако не можеш заради финансиска состојба, или ако не си способен да одгледаш дете нема да го правиш бе... ама за жал многумина и не помислуваат на тоа.. И решението не е да го оставаш на улица, на хауба и Бог ти знае на уште кое место туку да размислиш со ладна глава...
За случајов погоре, не знаеме уште точни детали, дали му се родители кои се тие што го претепале.. да почекаме расветлување на случајот па потоа ке дискутираме на таа тема.

И се уште не ми одговори на моето прашање, не го избегнувај !

Како би постапил ти да ти кажат дека те оставиле на хауба ?
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
------------
Да не ве сите цитирам......прашање за сите.
Вчера изгледа е претепано-утепано едно дете од својте родители изгледа...
Значи по ваше е тоа добро, добро го чувале и на крај по три години ова...
За мене подобро било да го оставеле на некоја установа на државата,или под некоја стреа, ќе било дадено некаде кој ќе го чува,
„некако“ бар немало да го утепа на три години.
Арам да им е....и двајцата да се затворат во самица до крај на живота.
Значи ти збориш за споредување на две зла - кое е поголемо. Но на крај и двете се злодела. И воопшто не се решение.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.137
Поени од реакции
163
Децата не ги носи штркот па да се чудиш што те снашло. Знаеме како оди процесот за создавање дете не мора да се појаснува. Затоа се мисли какви ти се условите пред да створиш дете а не да викаш и нашите баби немале услови па имале по минимум 5 деца. Е имале ама прашај дали некое оставиле на некоа нива или крај некој пат. Во овие случаеви подржувам и смртна казна.
 
Јасно е тоа... но ете прашај ги твоите баби колку била смртноста погодена во едно семејство. Колку од нивните браќа/сестри преживувале до 15тата година, не па до 40тата.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.137
Поени од реакции
163
Јасно е тоа... но ете прашај ги твоите баби колку била смртноста погодена во едно семејство. Колку од нивните браќа/сестри преживувале до 15тата година, не па до 40тата.
Условите во тоа време биле други, затоа и живееле пократко. Нема смисла да го споредуваме тогашното и денешното време, затоа и нема смисла да се раѓаат толку деца како тогаш ако навистина немаш услови да ги одгледаш, па после коа ке сватиш дека стварно немаш услови да ги оставаш по хауби, подруми или шо ти ја знам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom