Оставено дете - лош или добар потег?

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Си се замислувам вака.Имам две деца,едвај врзувам крај со крај,никогаш не ми се најадени,
а господ ми дал и трето. Одам го оставам на „хауба“. Зошто да расте во сиромаштија,кога вака некои ќе го посини и ќе има убав живот.
Или ... го родила,а нема семеен статус и нема услови да го чува и пак го остава на „хауба“.
Во двата случаи,мислам не му наштетува ништо на детето, дури со тоа му пружа повеќе шанса.
Или зошто оние семјства со десетина деца,не би направиле вака со новодојденото-последно,
или не мора баш така нека се тоа подарува на државата,или да има каде да се остава.
А знаеме има бракови-ситуирани кои со години чекаат да посвојат дете.
Мислам дека во ваков случај ич не треба да се бара чие е, и кој го оставил. Решение има.
(освен ако е некако заборавено-изгубено и сами го побараат родителите)
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.612
Поени од реакции
11.155
Епа шо кој кур го праеле кога "немат услови, живеат во сиромаштија, бла бла" ?
И друго, детето било злоставувано, најверојатно има внатрешно крварење.

Треба да се најдат и јавно да се линчуват на плоштад.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Прво и основно детето не е продукт кој го купуваш па ај сега не ми оди ситуацијата па ќе го оставам - фрлам некаде. Затоа секогаш пред да се направи дете се размислува 1,2,3,4...10 пати. Доколку се има можност ќе се направи дете доколку се нема, едноставно не е момент погоден за тебе. Не можам да ги сфатам таквите родители кои прават дете после 1-2 години го оставаат во дом или пак што некои го прават го продаваат тоа дете за одредена сума. Врти сучи оставањето на дете е најлошата работа во животот кој може еден човек да ја направи. Здрав психолошки човек не остава свое дете на улица ниту пак го продава без разлика дали финансиски не е стабилен ко што треба.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Добар потег на хауба? Или во дом?...не знам дали воопшто треба да се помисли на некакво оставање. Ќе си скратат од цигарите и ракијата
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Детето не е установа за лечење на комплекси и болни амбиции. Која е поентата да го направиш, па да го дадеш на посвојување?

На детето треба да му пружиш (колку-толку) нормален живот, а не да правиш од него социјален случај кој ноќеска си легнува на празен стомак.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Де бе Анчо бе да му ебем матер.

Како бе може вакво прашање да поставиш па и тезата што си ја дал за да го оставиш детето ти урла.

Какво е тоа размислување, неам пари за живот па ај ќе го остаам на хауба. :facepalm:
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Лесно е да се направи дете, ама што потоа?
Се прашувам зошто не размислуваат тие при текот на тој чин? Исто ко Ромите...Имаат по 5-6 па и повеке деца и после оди храни ги, школувај ги и на крај се жалат на тв.
Поентата како што кажаа повекемина на темава не е да само да го родиш детето и да го оставиш. Туку да го одгледаш во добар човек... Ама многумина не ја сфакаат дефиницијата за тоа... Убаво им е додека се плескаат без да размислуваат за последиците.
Имаше мислам тема на форумот во врска со материјалната состојба пред да одлучиш да имаш семејство...Доста добра тема.

Инаку Анчо какви шанси има? Шанси за што? За подобар живот? Од каде знаеш во каква фамилија ке биде дадено? Oд каде знаеш дека во друга фамилија нема да биде малтретирано?

За крај, ако со новороденчето биде се во ред посакувам кога ке порасне да им плукне во лице на неговите биолошки "родители."
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
687
Поени од реакции
514
Пред да направиш дете треба да испланираш дали имаш средства за да го гледаш...Инаку ако сакаш да оставиш дете подобро да го предадеш во соодветна институција отколку да го оставиш на хауба...
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
9 од 10 луѓе коментирате надвор од темата. Сите знаеме дека треба да размислуваш дека треба да планираш со време, но вистината е дека 9 од 10 луѓе (бројкава од ракав ми е извадена) размислуваат само од денес за утре колку и да е тажно тоа. Понатаму голем дел се неедуцирани(поготово ромската популација) и друг фактор е и несаканата бременост.

Инаку поентата ми беше темава е за што потоа, а не попување (не дека е погрешно се што е кажано е на место, но темава е за „отпосле“, а не „пред“).

Он : Според мене пред се зависи во каква ситуација се наоѓа личноста и на ваков очајнички потег би требало да се одлучиш само во крајно очајна ситуација. За мене можам само да претпоставувам што би направил во таква ситуација ама се до тогаш нема да дознаам.

Инаку идеален случај за вакво нешто би било како Will Smith во The Pursuit of Happiness.(Барем се надевам дека така би постапил :))
 

Angel4eeee

Ke vi kazam po nekolku godini :D
Член од
7 март 2014
Мислења
38
Поени од реакции
14
За да направиш дете треба претходно да видиш имате ли услови или не за истото да го чувате и да го изведете на прав пат.И дали навистина толку многу се сакате со партнерот или ви е само така (мижи асан да ти баам), затоа што утре можеш сама да останеш и мораш да мислиш на алтернативи.Јас лично не би го остајла детето ни на хауба ни во установа.Ке се снаогам некако ама не го оставам.Значи тоа дете се носи девет месеци и каква е таа мајка која лесно ке се откаже од него??.Ке се појави таа емоција на недостиг од родителска љубов да се сретнат поново, голема болка во срцето со надеж дека ке се видат.Да ре4еме ке се видат, но некој во таа средба ке ја чуствува омразата.А тоа е многу лошо.Таа мајка која ке го остави детето за мене е најлошата личност на свет.
 
Член од
2 април 2012
Мислења
144
Поени од реакции
133
Со голем број на психопати,необразовани и примитивни (не)луѓе,вие прашувате како можат да сторат такво дело?!
Па ете гледате дека сториле,без око да им трепне па уште и го злоставувале јадното бебе.
Море треба да се најде тој створ и да се сецка со жилет и сол да му се става на рани,па да осети што значи болка ако барем нема осет за друго.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Да да, "господ ми дал трето.."
:facepalm:
 

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Ова што се случува со бебињата,овој случај,а особено со покојното бебенце Најден,кога ќе слушам ми се распарува срцето.

За темава: Оставањето на дете никогаш,во никој случај не е добар или оправдан потег.Секој возрасен човек,што е способен да склепа бебе,е способен да работи и да заработува за тоа дете да има нормален живот.Не е оправдување слабата материјална состојба,па да дојде ситуација да се даде бебето на посвојување или во најлош случај како со бебево на хауба,или у монструозен,болен,прихопатски,и што уште не начин како со детето во Арачиново.

Циганине децата ги прават за да може после да ги пуштат по семафори да собираат пари за родителите.Тоа веќе е работа на институциите,кои очигледно не работат како што треба,пошто ситуацијава веќе е алармантна и мора да се преземат строги мерки за ова веќе еднаш да престане.

Во случај доколку се најдат виновниците за детево,треба по вонредна постапка да бидат подложени на кастрација,пошто нормален човек ни кучето не би го оставил така,а не па свое родено дете!


Само криво ми е,има мнооогу брачни парови што никако неможат да добијат дете,додека други ги имаат и за извоз.Се надевам дека некогаш ќе се средат овие проблеми и веќе нема да слушаме вакви тажни судбини.


Инаку офф малце,кажете ми дали некој е запознаен со истрагата за Најден,дали вооошто има истрага,и дали конечно некогаш ќе ги дознаеме виновниците за Најден?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom