Имав пирс на брада, од десната страна доле под устата, на јазик, нос и сите ги извадив... Ми помина меракот... Останаа само 8те на уво од кои 4 имам на рскавицата..
Другите зараснаа освен на нос ми остана дупче што се гледа... Што знам сега веќе не би ставила.
Што се однесува до опасности... На едната другарка и се скина пирсот на пупак во автобус. Беше пирсана од професионалец ама изгледа пирсот беше тежок па почна малце по малце да и се кине. Другава другарка на физичко го скина соблекувајќи ја маицата, и се закачи пирсот и се откина, исто беше пирсана од професионалец ама малце место и земал .. Истото го снајде и другар со пирсот на веѓа. Сите фатија инфекција поради мало невнимание...
Вака убаво стои кога ќе видам пирс на пупак меѓутоа од како ќе го извадат местото каде што се бушени е одвратно .. барем за мои очи.