Интересни ми беа дел од првите постови од типот - Јас што ги земав ер максот 100/170 евра глуп ли сум?. Па ако примањата ви се 200-250 евра не сте глупи туку за греота сте.
Толку време истиве расправи се водат од типот оригинал копија или чкарт да се носи а не се научи дека најреалното е дека се зависи како ќе ти се погоди. Исак пиша убаво, а и јас сум имал слични искуства, адидас (а омилена марка ми е) од 5000 денари за година дена се распаднаа, а истиот модел претходно го носев година дена немаше мака, тие ми ги украдоа во теретана, па бев задоволен земав исти, вторите попуштија многу брзо. Еве Ванс од 2500 денари ги убив од носење 5 години и на журки, концерти итн.
Ајде од друга страна, дека треба здрава патика да се носи за здрави нозе и правилен од и слично. Вакви патики се купуваат за 2000 до 3000 денари, Њу Баланс, Рибок, Дијадора имаат поповолни цени, ем ногата здрава ем џебот неиспразнет скроз.
Ако имате примања што ви дозволуваат патики од по 200 евра и ви ја прават душата помирна, јебига, трошете.