eMilanist
Ursus domesticus
- Член од
- 27 септември 2007
- Мислења
- 2.398
- Поени од реакции
- 1.825
Конечно мојот прв нож од @eMilanist и секако не планирам да е последен.
Сечило - челик N690, 10cm должина
Дршка - дрво од круша (една од моите омилени рачки од ножевите на мајсторот), одбојник од алуминиум, црвен вулканфибер.
Искрено планирав друг нож да земам, но сум закаснил за кратко време (на моја голема жал), тој нож ќе патува за Америка. Кога ми покажа миланистот кои ножеви му останале достапни за продавање не се мислев речиси воопшто за ножот на сликите подолу, иако ми фатија око уште неколку, пример оној тазе изработениот со дршка од јасика, исто една од најубавите дршки.
Особено што ми прави голем ќеиф на овој нож е тоа што сечилото не е само намонтирано на изработената дршка, туку е комплетно изработено, обликувано, брусено од еМиланист, од обична челична плочка е доведено до оваа форма, многу слична на Enzo. Правење комплетен производ од нула.
Со ножот иде и футрола изработена од цврста кожа во која ножот се вклопува одлично, клапнува внатре и не мрда.
На дневна светлина уште поубаво изгледа ножот, но дење сум отсутен поради работни обврски, а не ми се чекаше до викенд за да се пофалам со ножот Уживајте.
Прегледај го приврзокот 160662
Прегледај го приврзокот 160663
Прегледај го приврзокот 160664
Прегледај го приврзокот 160665
Прегледај го приврзокот 160666
Прегледај го приврзокот 160668
Многу ми е мило што ти прави ќејф ножот.
Сликиве се добри, со што машина ги сликаше?