Dzish
unlike any other...
- Член од
- 15 февруари 2007
- Мислења
- 13.994
- Поени од реакции
- 2.687
Да, но не го заборавај најбитниот дел од живеење на село. Од страна на сметки, ке плаќаш струја, телефон, интернет (остатокот не се плаќат). Од друга страна пак, едно просечно семејство од месечните приходи 80% ги троши за храна. А ако живееш на село, имаш супер услови за одгледување на твоја храна (ке чуваш 10-тина кокошки, прасенце, една крава, не ти треба којзнае колкава нива за да правиш сопствено производство на зеленчук) така што голем дел од трошоците АКО НЕ ТЕ МРЗИ ке ти се минимизираат.Се сложувам дека без село нема развој. И по сите оние природни убавини и можности кои ги поседуваме земјоделието треба да е прва и најразвиена гранка.
Но сега не е момент за земање на кредити. Каматите се премногу високи а парите што ќе ги инвестираш од производство на ореви, бадеми, лешници ќе ги извадиш после не знам колку години. За еден орев да има плод сигурен сум дека се потребни барем 5 години
Лесно е вака да си правиме муабет и да кажуваме но тешко е да се оствари.
И да... само прашање на време е кога ке почне масовно обратниот процес, селење од град во село. А како што гледам, веќе има започнато тој процес, полека полека луѓето се враќаат назад бидејки 60% од населението по градовите имаат напуштени куќи и имоти во поблиските села.