Нема работни места или нема кој да работи?

Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
А од љубов ќе живееш?:smir:
не само од тоа
ти ќе разбереш
von Luft und Liebe

инаку постојат алтернативни начини и не ти треба ни “денар“ или соодветна валута за да се прехраниш и облечеш и постојат јавни библиотеки и бесплатен интернет и улични уметници

има луѓе во нормалниот нехуман капиталистички свет каде ова е изводливо и тоа го покажале со сопствен пример. Ние сме сеуште далеку од придавката нормален/на/о но секогаш треба да има пионери. Сеуште собирам податоци и еден ден ќе докажам дека за да живееш не ти треба заштитена хартија а уште помалку интелектуални права и не ти треба валута, а најмалку газди “инвеститори“ синоним за дехуманизатори.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Секако, може да се живее и на некоја нива на 2500 метра надморска висина, некаде во Мароко, гол, и без некој да те замара, ама дали сакаш да живееш така?
 
Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
Секако, може да се живее и на некоја нива на 2500 метра надморска висина, некаде во Мароко, гол, и без некој да те замара, ама дали сакаш да живееш така?
не е работата што јас сакам.
јас сакам многу работи кои се неизводливи, да нагласам не сакам bmw, не скам ни пунто, сакам велосипед, и тоа ми е повеќе од доволно, бидејќи имам и нозе кои се за одење а 5-6 километри се ситница. да сакав ќе отидев на подрачје на 2500 метра висина сакам само да докажам на профит-ориентирани луѓе дека може да се живее без да се дехуманизираат луѓе, и колку да звучи ова препотентно јас сум попаметен од костов, јаневски, мукаетов, наков, барем така си мислам, а не мора да бидам во право.
 
J

Johnny Stulic

Гостин

Znaci ti si vo taa grupa na antikonzumenti,mi se dopadza na prv pogled idejata ama ne sakam da bidam hipokriticen priznavam deka sum poveke po hedonizmot.(Daj mi mene dobro pice i senka na plaza:))

Kako i da e sega brzo citav slicno ima interesna matrica veruvam deka ke ti se dopadne pa mozebi i da se pronajdes i da promoviras nova ideologija vo Makedonijava.

Poveli http://www.primitivism.com/
 
Alberto

alberto
Член од
29 март 2009
Мислења
2
Поени од реакции
0
Ako ne sakaat da rabotat makedoncite zosto odat vo stranstvo da rabotat a ne ovde.
Znaci deka ne e platena dovolno rabotata kaj nas ili nekoj od gazdite ke se izivuva za 5000den pa zatova se veli deka (barame da ne najdime)
 
Одат во странство, драг Алберто, затоа што мислат дека цветаат ружи таму. Но кога ќе потрошиш добра сума за да стигнеш, и враќањето назад не е баш највозможно, многу избор и немаш. Плус, добрата плата на крајот на неделата/месецот и тоа како добра мотивација е, ама дека газдите во странство се малечки момчиња кои нудат сладолед и 6 паузи а овде јадат живо месо... малку потешко.

А исто така мислам и дека оние кои ќе се снајдат во странство и ќе успеат на деловен план, истото можат да го сторат и дома. Оние кои не можат дома, плачат и надвор...
 
Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
...
А исто така мислам и дека оние кои ќе се снајдат во странство и ќе успеат на деловен план, истото можат да го сторат и дома. Оние кои не можат дома, плачат и надвор...
Знам неколку примери кои докажуваат дека ова не е точно. Да не наведувам сега имиња на луѓе, ќе мора да оставам на твојата одлука да ми веруваш или не, а немам никаква причина да измислувам.

Се работи за луѓе од областа на природните науки.
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Поентата на темава ја гледам малку повеќе од филозофски (како поинаку да ја наречам? :toe: ) а помалку од политички аспект, односно без потреба од факти и докази за економија, берза, книшки и чуда.

Според мене, многу е едноставно. Секојдневно во сите дневни весници има огласи за работа, но луѓето се мрзеливи и не прифаќаат слабоплатена работа.
Разбирам дипломи и се`, но не се сложувам дека е подобро да се седи дома со диплома во скут, отколку да се работи и слабо платена работа, отколку да се плаче дека нема работа.
Виктор сакаш да кажеш дека сите 400000 македонци кои се водат како невработени треба само да го отварат весникот и ќе најдат работа?
Муабетов е смешен.
Во овој момент има околу 10000 непополнети работни места ако 10000 луѓе решат да најдат работа по секоја цена макар и да патуваат 100 километри до работа и да работат за 5000 денари ќе најдат работа, но со тоа тие работни места веќе ќе се пополнат.
Што правиме тогаш?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.716
Поени од реакции
12.145
Ако некој се намерчи накај зелено пазарче, има едно момче продава на тезга лете зиме, прашајте го сопругата што му има завршено-магистер (со 30 и кусур испити на англ и франц) за безбедност на храна. Седи без работа. Има кој, ама нема каде :)
 
R

RAYTHEON23

Гостин
Поентата на темава ја гледам малку повеќе од филозофски (како поинаку да ја наречам? :toe: ) а помалку од политички аспект, односно без потреба од факти и докази за економија, берза, книшки и чуда.

Според мене, многу е едноставно. Секојдневно во сите дневни весници има огласи за работа, но луѓето се мрзеливи и не прифаќаат слабоплатена работа.
Разбирам дипломи и се`, но не се сложувам дека е подобро да се седи дома со диплома во скут, отколку да се работи и слабо платена работа, отколку да се плаче дека нема работа.
ти се чудам ејјј зарем 33% ке лежат а некои и се на границата на егзистенцијата:nenene::nenene::nenene::nenene::nenene:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Виктор сакаш да кажеш дека сите 400000 македонци кои се водат како невработени треба само да го отварат весникот и ќе најдат работа?
Муабетов е смешен.
Во овој момент има околу 10000 непополнети работни места ако 10000 луѓе решат да најдат работа по секоја цена макар и да патуваат 100 километри до работа и да работат за 5000 денари ќе најдат работа, но со тоа тие работни места веќе ќе се пополнат.
Што правиме тогаш?
Ајде да стигнеме до делот дека се пополнети па да разговараме а? Јас не знам како повеќе да допринесам во дискусијава, треба да цртам изгледа. Вака во ќорсокак сме. Пак некоја политика смешна, бројки, глупости, а фактичката ситуација е дека оние кои бараат работа и се вредни ја имаат. Затоа и на една друга тема напишав, “Во Македонија не ми се допаѓа...ат македонците“. Знаат само да плачат, и да си го прчат.
Lurtz напиша:
Ако некој се намерчи накај зелено пазарче, има едно момче продава на тезга лете зиме, прашајте го сопругата што му има завршено-магистер (со 30 и кусур испити на англ и франц) за безбедност на храна. Седи без работа. Има кој, ама нема каде
Еден пријател мој, по прилично близок, има три работни места, и го бараат на уште едно. Момчето нема ни факултет завршено. Примери можеш да ми даваш колку сакаш, јас ќе ти враќам со свои. :duel:

Клошарите не се без работа бидејќи општеството ги притегнало, туку зашто сами одлучиле така.
RAYTHEON23 напиша:
ти се чудам ејјј зарем 33% ке лежат а некои и се на границата на егзистенцијата
Не сум сигурен дали те разбирам, реченицава конфузна ми е малку, но... во Македонија се создаде голема маса на невработени, откако сите фабрики ширум земјата се затворија. И сега, како таа веќе истрошена работна сила да се врати во погон на работа, и каде? Тие се луѓето за кои признавам дека потешко ќе дојдат до парче леб, а реално и тие ако се решени, можат. Проблемот го гледам во младата работна сила, која сака да биде директор со актовка и на пладне да пие кафенце на кеј, наместо да биде задлабочен во сметководство бидејќи на времето на факултет учел, а не забушавал.
Тоа ни е реалноста, деца си праат екскурзија во времето кога треба да се образуваат, не стекнуваат знаење, ниту имаат работна навика, и потоа се чудат зошто им е тешко или воопшто не ги примаат.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.716
Поени од реакции
12.145
Еден пријател мој, по прилично близок, има три работни места, и го бараат на уште едно. Момчето нема ни факултет завршено. Примери можеш да ми даваш колку сакаш, јас ќе ти враќам со свои.
Но колку се такви примери Викторе, еве и брат ми има еден куп проекти поврзани со мрежи, програми-овде, Косово, Босна... како приватник. Насекаде работа, но не сите се снаоѓаат и умеат така. Но истиот труд во една од тие горни земји ќе му донесеа повеќе пари со многу помалку труд. Имам пример сличен на твојот, пензионер работи на проектот на акцијата Засади дрвце... ама тој е по партиска и којзнаекаква линија.

Сигурно таа бројка невработени не е случајна, не се тоа измислени лица. И доколку претпоставиме дека еден дел од нив се пријавени само ради одредени социјални повластици, а немаат намера да работат, други работат непријавени... сепак од друга страна може да се осврнеме на работниците кои работат, а не земале плата и осигурувања по пола година до година. Пример Охис, цела фабрика. Според самиот начин на живот може да приметиме колку и како се вработени и платени нашите граѓани.

Зависи како ќе се снајдеш да, но повеќето не можат да се снајдат, едноставно немаат како-единствен начин им е да прифатат (за да влезат во група вработени) било каква работа која е минимално платена и не покрива скоро никакви трошоци.

Исто би рекол дека за младината не може да се генерализира. Гледам матурантиве сакаат да извадат некој денар, па макар и коли да мијат-непријавени, за многу минимални пари и цел ден во вода-за година две сметај на реума :)

Повеќепати е кажано за истите наши кога идат во друга земја работат ко кртови-ама пријавени се и земаат пара за пристоен живот, човечки. Која би била разликата во работливоста на тие лица тука и таму, исто е. Парите се она што те стимулира. Имаше една емисија кај овој Јади Бурек, баш за една акција за текстилците... но отом потом.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Според мене двете големи групи вработени и невработени имаат подгрупи:што сакаат да работат и што не сакаат.
Голем дел е и домашно воспитување или до човекот што се вели; јас работам од прва година на фак. покрај тоа што моите биле солидно ситуирани. Од многу одамна не зимам било какви пари од нив.
Мрзливи луѓе има многу но има многу и чесни луѓе кои не можат да најдат пристојна работа (на страна соодветна со образованието).
Најтрагична е популацијата која се „срами“ од извесни работни места пошто немаат адекватно звање или позиција.
Мене не ме било срам да работам да работам и во агенција и да држам часови (макар да студирав два факултета паралелно).
Се се сведува на некаква филозофија на живеење.
Јас од секогаш ја почитувам америчката филозофија децата од мали да разнесуваат весници и да шиткаат пијалоци; Нека видат како се заработува.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom