Нема работни места или нема кој да работи?

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Можеби звучи малце политички темава ама ја отворив тука зошто не би сакала да тргне по таков правец..
Значи општо онака.. Што мислите дека е во Македонија проблемот? Недостаток на работни места или на работници?
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Сите бараат работа, ама потајно се молат да не ја најдат, дека најлесно е да се седи и кука, нели.
На кратко дека ми се спие, моето лично искуство ми кажува дека нема работници.
 

vlatkolik

~I'm busy U are UglY,Have a Nice DaY!!!~
Член од
17 мај 2007
Мислења
2.647
Поени од реакции
28
Ќе кажам само дека има работа за сите кои сакаат да работат...но на нашиот народ му е поубаво да седи дома и да се жали дека нема работа и дека проблемот е во Македонија отколку да се нафати да заработи некој денар.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.578
Поени од реакции
2.563
Има работници,има и работи...ама се малку платени.
Ако работиш како чистач во Америка можиш и фамилија да раниш,а во Македонија и за струја да не ти стаса!
И нормално дека никој не би се нафатил да чисти клозети,а со платата да нема за леб да си купи!!!
Мое мислење!
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Затоа што ја отворив темава нели треба да дадам и одговор..
Сите бараат работа.. Може не се молат баш да не ја најдат, туку ај малце побезвезно ќе кажам - Чекаат да им дојде Црвенковски на врата и да им рече - Имам слободна фотеља, дојди ако сакаш, лежи ја пари ќе ти давам..
Тоест.. Од многумина што како божем бараат работа имам слушнато муабет дека не работат за помалце од 500 евра.. Па не сме ние Њујорк па да бараш ти 500 евра кога не си вложил труд и напор во животот се на се ни за 10.. Работа има.. Каква таква.. Ако сакаш да работиш и како чистач да почнеш се наоѓа.. Само луѓево си тераат безвезни муабети како - Аууу ти мислиш јас шанкер/чистач/продавач и тн и тн да бидам?.. Мислам дека секоја чесна работа вреди.. Што и да е.. Ти не крадеш па да се срамиш.. Си го чуваш лебот на маса едноставно.. Ама ај да не влечам и јас.. Дефинитивно НЕМА РАБОТНИЦИ..
 

Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
Има работници,има и работи...ама се малку платени.
Ако работиш како чистач во Америка можиш и фамилија да раниш,а во Македонија и за струја да не ти стаса!
И нормално дека никој не би се нафатил да чисти клозети,а со платата да нема за леб да си купи!!!
Мое мислење!
тоа е тоа....Секогаш можеш да најдеш таква "гнасна" работа за која нема да бидеш добро платен.
Па никој несака да си го продава трудот за помалку од колку што му вреди ...а кај нас има доста такви работни места
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.503
Поени од реакции
14.678
Јес дека на никој не му е мило да работи во конфекција,да растовара песок или да собира ѓубре по улици за некои мизерни плати ама со стекнатото образование,постои и таков кадар,што кај нас е поголем проблемот на НЕ работници отколку на не едуциран кадар.
Многу полесно е да се кука дома дека нема работа и да се чека брат/сестра да пофрли нешто отколку да се работи за 8000 плата.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.503
Поени од реакции
14.678
Има работници,има и работи...ама се малку платени.
Ако работиш како чистач во Америка можиш и фамилија да раниш,а во Македонија и за струја да не ти стаса!
И нормално дека никој не би се нафатил да чисти клозети,а со платата да нема за леб да си купи!!!
Мое мислење!

Се сложувам и навистина е така,платите се мизерии и се далеку од заслужени,но не мислиш дека е по добро да работи за мизерна плата и децата да имаат топол дом и леб отколку да шетаат по народни кујни и цркви?
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.578
Поени од реакции
2.563
Затоа што ја отворив темава нели треба да дадам и одговор..
Сите бараат работа.. Може не се молат баш да не ја најдат, туку ај малце побезвезно ќе кажам - Чекаат да им дојде Црвенковски на врата и да им рече - Имам слободна фотеља, дојди ако сакаш, лежи ја пари ќе ти давам..
Тоест.. Од многумина што како божем бараат работа имам слушнато муабет дека не работат за помалце од 500 евра.. Па не сме ние Њујорк па да бараш ти 500 евра кога не си вложил труд и напор во животот се на се ни за 10.. Работа има.. Каква таква.. Ако сакаш да работиш и како чистач да почнеш се наоѓа.. Само луѓево си тераат безвезни муабети како - Аууу ти мислиш јас шанкер/чистач/продавач и тн и тн да бидам?.. Мислам дека секоја чесна работа вреди.. Што и да е.. Ти не крадеш па да се срамиш.. Си го чуваш лебот на маса едноставно.. Ама ај да не влечам и јас.. Дефинитивно НЕМА РАБОТНИЦИ..
Не се согласувам!
Зошто?!Не те разбирам што сакаш да кажиш,демек да се работи по секоја цена??Е па не можи така!!!На секој што работи треба да му се плати трудот.Секој работи за плата!Според тебе Плата е 4000,5000 денари???Ај прашај си дома колку пари коштаат вкупно сметките да се подмират,во смисол на струја,вода,парно,телефон,и тн...Еве да не губиш време,идат негде 4000 горе долу!И сеа кажи ми со платата дали сметки,дали јадење и сл...Значи тоа што го зема тој за тоа што работи не е плата,кога не можи да ги задоволи најосновните животни потреби.А од друга страна ако лежи дома ке зема 3000 социјално и сл.
Е сеа вреди тој за 1000 денари разлика да се бламира да му го чисти на некого изметот,за да на крај и вака и така нема да можи да ги доплати сметките???
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Најголемиот проблем се јавува во тоа што поради тоа што им е под чест да работат некоја слабо платена работа и не работата и кукаат по дома не се здобиваат со работна навика и колку подолго седат туку така без никаква работа толку повеќе губат желба и поттик да работата па макар тоа било и добро платена работа за нешто што ги интересира, туку ќе сакаат само работа од типот „клати врата земај плата“, тип на работа која веќе е изумрена.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.578
Поени од реакции
2.563
Се сложувам и навистина е така,платите се мизерии и се далеку од заслужени,но не мислиш дека е по добро да работи за мизерна плата и децата да имаат топол дом и леб отколку да шетаат по народни кујни и цркви?
Мислиш дека со тие пари ке имаат ТОПОЛ ДОМ и ЛЕБ?Истовремено?
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Не се согласувам!
Зошто?!Не те разбирам што сакаш да кажиш,демек да се работи по секоја цена??Е па не можи така!!!На секој што работи треба да му се плати трудот.Секој работи за плата!Според тебе Плата е 4000,5000 денари???Ај прашај си дома колку пари коштаат вкупно сметките да се подмират,во смисол на струја,вода,парно,телефон,и тн...Еве да не губиш време,идат негде 4000 горе долу!И сеа кажи ми со платата дали сметки,дали јадење и сл...Значи тоа што го зема тој за тоа што работи не е плата,кога не можи да ги задоволи најосновните животни потреби.А од друга страна ако лежи дома ке зема 3000 социјално и сл.
Е сеа вреди тој за 1000 денари разлика да се бламира да му го чисти на некого изметот,за да на крај и вака и така нема да можи да ги доплати сметките???
Еве еден добар пример за нуспојавата на социјализмот од југославија, и токму поради ваквото размислување ко прво има голема невработеност, ко второ послаба е економијата а со тоа и платите.
Dee_Jay некој треба малку и да се жртвува за следните генерации имаат подобри услови.
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Не се согласувам!
Зошто?!Не те разбирам што сакаш да кажиш,демек да се работи по секоја цена??Е па не можи така!!!На секој што работи треба да му се плати трудот.Секој работи за плата!Според тебе Плата е 4000,5000 денари???Ај прашај си дома колку пари коштаат вкупно сметките да се подмират,во смисол на струја,вода,парно,телефон,и тн...Еве да не губиш време,идат негде 4000 горе долу!И сеа кажи ми со платата дали сметки,дали јадење и сл...Значи тоа што го зема тој за тоа што работи не е плата,кога не можи да ги задоволи најосновните животни потреби.А од друга страна ако лежи дома ке зема 3000 социјално и сл.
Е сеа вреди тој за 1000 денари разлика да се бламира да му го чисти на некого изметот,за да на крај и вака и така нема да можи да ги доплати сметките???
Ај вака..
Замисли дека си самохран родител.. Немаш работа, немаш од никаде пари, а имаш дете со тебе..
Ако сакаш тоа дете да остане со тебе, ако треба ќе работиш и две работи, и ќе чистиш и се и тоа како КОЊ и нема А да речеш.. А ако размислуваш вака верувам дека во ваков случај би го дал детето на посвојување..
Мислам.. Ако сака човек да заработи и да придонесе за себе и за својата фамилија.. Верувај дека и за 5000 ќе работи..
Тие 5000 сепак се повеќе од ич нели?
 

vlatkolik

~I'm busy U are UglY,Have a Nice DaY!!!~
Член од
17 мај 2007
Мислења
2.647
Поени од реакции
28
Не се согласувам!
Зошто?!Не те разбирам што сакаш да кажиш,демек да се работи по секоја цена??Е па не можи така!!!На секој што работи треба да му се плати трудот.Секој работи за плата!Според тебе Плата е 4000,5000 денари???Ај прашај си дома колку пари коштаат вкупно сметките да се подмират,во смисол на струја,вода,парно,телефон,и тн...Еве да не губиш време,идат негде 4000 горе долу!И сеа кажи ми со платата дали сметки,дали јадење и сл...Значи тоа што го зема тој за тоа што работи не е плата,кога не можи да ги задоволи најосновните животни потреби.А од друга страна ако лежи дома ке зема 3000 социјално и сл.
Е сеа вреди тој за 1000 денари разлика да се бламира да му го чисти на некого изметот,за да на крај и вака и така нема да можи да ги доплати сметките???
Има плата и плата...има работник и работник...јас ќе се умешам се извинувам.
Ова е едно од тие размислувања кои ме вадат од кожа...ок нека седи дома ама нека не кука на сите страни дека нема работа и дека нема со што да си ги плати сметките,јеби га можеби 5000 не е плата но е нешто,а социјално кај нас знаеме како се зима тоа е друг муабет и колку често се зима...
Кога си млад можеш да бираш што ќе работиш,но подоцна ако треба ќе чистам само за да имам за парче леб,нели секако доколку она дипломана не ми заврши никаква работа...
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.503
Поени од реакции
14.678
Мислиш дека со тие пари ке имаат ТОПОЛ ДОМ и ЛЕБ?Истовремено?

Мислам.
Знам дека кретенски делува ама вака,кога двајца родители би земале еве грубо кажано по 8000 денари(што е возможно) тогаш децата повеќе не ама верувам дека за топол дом и леб би имале.
Не можеме млад г-дине да глумиме лудило ,да се маваме во гради ,а да имаме малолетно дете/деца дома кои чекаат ако не повеќе ,само леб од нас нели?
Ти можеш да седнеш да ручаш гордост?
Дете од 1 година може гордост да пие?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom