G
Goldie
Гостин
Па да добробит е за власта оти ќе праќаат некое евро, ќе се намали невработеноста и овие ќе се фалат како сега ама не е добробит за иднината на Македонија. Како што реков само од пријатели што знам цели фамилии замина во странство и не планираат да се вратат, од постарите генерации дел инвестирале тука купувале станови/куќи итн сега новите гледаат дека нема ќар од тоа (само чалам) бидејки си го умртвуваат капиталот. Сега наместо куќи и станови тука купуваат во странство каде што цената на недвижноста (пример Австралија) расте а кај нас може само да оди надолупраќаат и те како, во првите 4 месеци 2014 стигнале 386 милиони евра од нашите за свои овде или во просек скоро 100 милиони евра месечно, рачунај тука не се евидентирани пари кои печалбарите ги носат овде кога идат на одмори и ги даваат на рака и кои не поминуваат низ банкарски канали, такви можи да ги има уште повеќе, така да горе долу по 2 милијарди евра годишно идат од печалбарите, државата тоа го знае и единствен начин да се дочепа до нив е да измислува нови давачки и да удира нови глоби, зато и имаме често менување на документи кои треба да се вадат па уверенија папиири легализации елаборати приватизации казни за ајвар големи казни за точаци УЈП трудова, саниарна.... па ќе запиштат по скајп и вајбер од овде таткото или братот “Амен помагај мора да платам 500 или 1000 евра оти ќе ни остане дворо, или ќе ми затворат дуќан или ќе ми пленат се од дома“
Имаме уште луфта во такво финансирање и секој шо замина од овде млад здрав и прав за да работи во странство е добробит за власта поарно од колку да се мисли овде да му субвенционира работно место со 20.000 евра и никаква корист државата нема од негови 200 евра плата.