deXterche
тадаммм
- Член од
- 12 февруари 2006
- Мислења
- 4.920
- Поени од реакции
- 941
Рускиот премиер Димитриј Медведев, не знаејќи дека микрофоните се се уште вклучени, по завршувањето на телевизиската емисија, изјавил дека постојат вонземјани кои живеат на Земјата.
Видеото не било прикажано на телевизија, но истото се појавило на интернет и веќе е вистински хит, пренесува "Reuters".
По емисијата, телевизиската водителка го запрашала дали тој, како поранешен претседател на Русија, знае нешто за вонземјаните.
"Ќе ви кажам прв и последен пат. Во сефот во кој се наоѓаат шифри за нуклеарното оружје, претседателот на земјата има и посебен таен фолдер. Овој фолдер содржи информации за вонземјани кои ја посетиле нашата планета. Покрај тоа, има извештај и од целосно тајна специјална служба која врши контрола над вонземјаните во нашата земја. Овие два документи се добиваат заедно со нуклеарните шифри", изјавил Медведев.
"Кога завршува претседателскиот мандат, овие документи му се предаваат на следниот претседател. Повеќе детални информации за ова можете да добиете во филмот "Men in Black", постојат неколку верзии. Нема да ви кажам колку вонземјани има помеѓу нас затоа што тоа би предизвикало паника", изјавил Медведев.