Медведев: Не кажувам колку вонземјани има помеѓу нас за да не кренам паника!

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Господинот трола. И тоа многу добро, со оглед дека не сконтавте.
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.812
Чим постојат сега Николче треба да им даде услови да инвестираат кај нас,и гратис пасоши да им даде....тоа се повечко да се инвестира и развива ко што викаше Ѕинго на времето.


п.с може да инвестираат у некој погон за правење ѕвездени порти(star gate)....ако ништо друго барем касата да ја правиме ние.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Nex
I

Immigration man

Гостин
значи и вистина да е никој нема да поверува цццццц како што е сега и што повеќе да се дискутира
 
Член од
9 ноември 2012
Мислења
31
Поени од реакции
15
70% sum siguren deka e zaebancija:вонзем:
ili amerika ja konrolira rusija 10% sigurnost:facepalm:
ili medvedev zemal od ludite pecurkio_O pred emisija 20% sigurnost
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Имам ја неколку комшии алинеци, Сејнур и Џихад :D :pos:
 
Член од
15 октомври 2012
Мислења
193
Поени од реакции
49
Рускиот премиер Димитриј Медведев, не знаејќи дека микрофоните се се уште вклучени, по завршувањето на телевизиската емисија, изјавил дека постојат вонземјани кои живеат на Земјата.
Видеото не било прикажано на телевизија, но истото се појавило на интернет и веќе е вистински хит, пренесува "Reuters".

По емисијата, телевизиската водителка го запрашала дали тој, како поранешен претседател на Русија, знае нешто за вонземјаните.

"Ќе ви кажам прв и последен пат. Во сефот во кој се наоѓаат шифри за нуклеарното оружје, претседателот на земјата има и посебен таен фолдер. Овој фолдер содржи информации за вонземјани кои ја посетиле нашата планета. Покрај тоа, има извештај и од целосно тајна специјална служба која врши контрола над вонземјаните во нашата земја. Овие два документи се добиваат заедно со нуклеарните шифри", изјавил Медведев.

"Кога завршува претседателскиот мандат, овие документи му се предаваат на следниот претседател. Повеќе детални информации за ова можете да добиете во филмот "Men in Black", постојат неколку верзии. Нема да ви кажам колку вонземјани има помеѓу нас затоа што тоа би предизвикало паника", изјавил Медведев.
Medvedev ne znael za mikrofonot toj znae kolku komarci ima tamu evtina fora etoa
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
55
Поени од реакции
44
А што ако ја тргнете зафрканцијата на шала за последнава негова реченица, за Men in Black. Што ако човеков си сака да каже дека има вонземјани, и тоа во толку голема мера што на the officials треба да им се достават тие податоци на едно посистематско ниво, кои претходно биле куп неферифицирани информации од типот на рекла-кажала. Се собираат луѓе во тоа нивните т.н think-tanks и си прават brainstorming, анализираат, систематизираат, дедуцираат, индуцираат итн. На крај така-рафинираните информации доаѓаат до the officials.

Ова не е нешто ново. Во најголема мера се крие само за да не се создаде масовна паника. Е сега начинот на кој Медведев си игра со зборови е со намера вистината да ја претвори да делува како лага за да ги насмее слушателите. Ако им ја каже во лице како што е ќе му се изначудат, ќе го сметат за луд, и да, пак ќе му се изнасмеат.
 
Член од
11 јуни 2007
Мислења
1.505
Поени од реакции
1.302
А што ако ја тргнете зафрканцијата на шала за последнава негова реченица, за Men in Black...
Збори за документарец а не филмот со Вил Смит :)

Еве го документарецот со Англиски превод


А и сега имал изјава доколку не се согласел Обама заедно да ја објават вистината за вонземјаните тоа ќе го сторел самиот, така што најверојатно не била заебанција неговата изјава.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Медведев: „Ако Обама не ја каже вистината за вонземјаните, ние ќе ја кажеме!“
26.01.2013 | 19:45
Извор: Точка
Прочитано: 14815 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот



После изјавата дека вонземјаните слободно се шетаат по Земјата, премиерот на Русија уште еднаш шокираше со најавата дека наскоро ќе ја обелодени вистината за суштествата од друга планета.

Премиерот на Русија Дмитриј Медведев, наводно го повикал американскиот претседател заеднички да ја објават важната вест, и ако Обама не го испочитува тоа, Медведев е подготвен сам да објави за присутноста на вонземјанскиот живот на планетата Земја.

Блогерите кои се бават со уфологија (наука за проучување на НЛО) и теории на заговор веќе некое време зборуваат за потенцијална голема објава, но изворите и податоците кои ги презентираат често се сомнителни и не е возможно да се проверат.

Тоа е случај и со оваа неочекувана објава, бидејќи се’ започнало од една реченица на премиерот која ја допрела фантазијата на некои луѓе, но веројатно неоправдано.

Имено, еден новинар во разговорот со Медведев го прашал дали постојат доверливи податоци за вонземјани кои ги добиваат високите државни органи. На прашањето одговорил:

„Заедно со шифрите за лансирање на нуклеарни проектили, добиваме уште еден пакет во кој има попис на вонземјани кои се моментално на Земјата. Повеќе информации за тоа погледнете во филмот ’Луѓе во црно’.“

Медиумите ја пренеле неговата изјава како да е во шегувачки тон, но некои блогери сериозно ја сфатиле и тврдат дека Медведев не мислел на американскиот блокбастер, туку на руски документарец за Скриената територија во кој се зборува за „луѓето во црно“.
 
Член од
1 септември 2009
Мислења
166
Поени од реакции
56
А јас па му се изнасмеав на татко ми кој помислил дека стварно постои таков документарен филм :confused:

Sent from my Grand X In using Tapatalk 2
 
Член од
7 август 2010
Мислења
150
Поени од реакции
50
Збори за документарец а не филмот со Вил Смит :)

Еве го документарецот со Англиски превод


А и сега имал изјава доколку не се согласел Обама заедно да ја објават вистината за вонземјаните тоа ќе го сторел самиот, така што најверојатно не била заебанција неговата изјава.
Ова детето на почетокото на видеото што можело да оживува мртви животни можно е да е Иван Исцелител :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom