Факт е дека љубовта кон книгата се стекнува на час по македонски јазик уште во прво-второ одделение со помош на задолжителните лектири и книги за обработка.
Мислите ли дека сегашниве лектири се добро усогласени со возраста на учениците?
Најбанален пример е „Малиот принц“ која беше ставена за 3то или 4то одделение не се сеќавам, ништо не разбрав од книгата тогаш и се чудев зошто ја спомнуваат како добра книга возрасните, мене ми беше максимално глупава...
Хм... Да, значи како знаат да стават лектира во погрешно време, тоа е чудо едно...
Многу е добар примеров со „Малиот Принц“. Мислав дека бев 4то кога ни беше за лектира и ми беше изузетно одвратна и одбивна.
Не знам кај им бил на паметот кога ја правеле програмата за лектири.
Или можеби само прочитале наслов Малиот Принц, па си викаат - Ај изгледа нешто во книгава се спомињаат принцови, па уште и мали...таман за деца од 4то одделение.
Се напнав еј!:nerv:
Кои лектири досега ви оставиле најголем впечаток и со задоволство сте ги читале и раскажувале, а кои ви биле досадни
Дефинитвно во основно најомилени ми беа: “Улави Години“ и “Марта“ (а имаше и други интересни, ама не ми текнува, одамна беше
) А во средно добар впечаток ми оставија: “Хамлет“,“Клетници“,“Сид“,“Кандид“...хм... не ми текнува сега...ќе направам едит подоцна.
А најомразени дефинитвно ми беа: “Дон Кихот“,“Шагринска кожа“.
Ја препишувате ли раскажаната фабула од постари другари или пак самите си ја раскажувате книгата?
.По каков метод се обработуваат лектирите на часови кај вас?
Кај нас е класично, станува ученик и раскажува се што читал, некаде го читаат само раскажаниот текст од тетратка, некаде прават критички осврт на книгата. Што е најефикасно според вас?
Кај нас на час ги обработувавме, јас преферирав да ги читам самата, освен ако не ми беа премногу одбивни и досадни за читање.
Според мене најубаво е кога се прави критички осврт или можеби кога се дискутира за некоја тема од книгата. Највеќе тоа ми оставило впечаток. Дискусиите.
Сте ги купувале ли книгите, скапи се или прилагодени на денешниве стандарди?
Речиси сите сум ги купила. Едноставно сметам дека со тоа си ја збогатувам колекцијата книги дома т.е домашната библиотека, иако се малку солени, не ми пречи...