- Член од
- 8 јули 2015
- Мислења
- 118
- Поени од реакции
- 53
Еееех кога само ке се сетам колку уживав во читањето на лектирите од основно образование. Марта, Бојан, Снеговите на Климентина Евин, Втората смена, Оливер Твист, Хајди (моја омилена), Пат околу светот за 80 дена и редица редица други. Сите сум ги читал за време на летниот распуст, а потоа ги прераскажував во тетратка и кога ке требаше да се обработува некоја лектира, јас само прочитам еднаш што се зборувало и готово. Сите до една беа интересни многу уживав кога ги читав и многу ми фалат. Да можам пак би ги прочитал уште еднаш сите до една. Е кога дојдов до средно образование тука веќе не ми се ни помислуваше да фатам лектира да читам затоа што лектирите беа неверојатно здодевни. Уште од првата страна те заболува глава од толку глупости напишано. Кога требаше да се обработуваат, на интернет ке најдев кратка содржина колку да знам што се зборувало и кои се ликовите и толку. Сега читам исклучиво книги надвор од школска програма, бидејќи можеш да си избереш кој жанр сакаш да читаш и уживаш во читањето.