Карцином/Канцер/Рак

S

Samurai_Sk

Гостин
А кои од прилика се најголеми причини за појава на карцином? има ли такви што ние можеме да ги избегнуваме ако се чуваме ако имаме контрола, и такви што без разлика што многу внимаваш за твето здравје и здравиот начин на живот пак се појавува?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489

1. Генетика
2. Нездрава околина
3. Начин на живот

по редослед :) живееме во предел што е бомбардиран, зрачен, загаден, со дискутабилен квалитет на храна. Чернобил не беше толку далеку иако ветрот не појде навака... што е најтрагично, карциномите кои се резултат на нездрав живот се полесни и поголем е процентот на нивно лекување.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Масло со 75% THC се продава во Холандија, 10мл = 600 евра. Дали може да се донесе во земји во кои е забранета неговата употреба?

Не е проблем за парите ама и не верувам во вакви работи, затоа што ако ова беше лекот сите ќе беа живи. Повеќето што го купуваат маслото се надеваат дека целосно ќе се излечат, но тоа само ја намалува болката и го продолжува животот за одреден период. А тоа зависи и од организмот дали ќе живее уште три месеци или десет години.

На интернет има секакви коментари во врска со ова масло. Се излекувал некој ама од каде знаеме ние, може бил во рана фаза и претходно направил операција.

А причината за појавата е тоа што клетките на карциномот живеат во кисела средина, а храна која го закиселува организмот е онаа што ја јадеме денес.

Постарите генерации што живеат над 80 години порано не јаделе месо од сомнително потекло, индустриски обработени производи и конзервирана храна што содржи конзерванси, вештачки бои, ароми, стабилизатори.
Имале поголема физичка активност, дишеле чист воздух, пиеле чиста вода и јаделе храна што сами си ја произведувале.
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
460
Поени од реакции
461

Лекување со канабис масло благо речено е неоснована глупост. Ајде што се фрлаат грдни пари по тоа ѓубре, па уште си ставаш проблеми со закон.
Едноставно нема теорија да лекува рак. Еве поподробно моето мислење во друга тема:

http://forum.kajgana.com/threads/Како-влијае-марихуаната-на-здравјето.1187/page-187#post-7055348
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.739
Поени од реакции
7.552
@Дињата на Анчо Не можеш легално да увезеш. Забранета супстанца е.

Не се залажувај, ТХЦ не лечи рак. Може да помогне кај проблемите со апетитот/повраќањето после терапија. Има и благо аналгетско дејство. Ова може да го подобри квалитетот на живот, ама нема да го продолжи истиот. Да бидеме реални, да лечеше тревата рак, како што тврди "интернетот", не ќе требаше да има болни воопшто, бар во местово кај што јас живеам.
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.621
Поени од реакции
10.882
Масло со 75% THC се продава во Холандија, 10мл = 600 евра. Дали може да се донесе во земји во кои е забранета неговата употреба?

Не е проблем за парите ама и не верувам во вакви работи, затоа што ако ова беше лекот сите ќе беа живи. Повеќето што го купуваат маслото се надеваат дека целосно ќе се излечат, но тоа само ја намалува болката и го продолжува животот за одреден период. А тоа зависи и од организмот дали ќе живее уште три месеци или десет години.

На интернет има секакви коментари во врска со ова масло. Се излекувал некој ама од каде знаеме ние, може
бил во рана фаза и претходно направил операција.
А причината за појавата е тоа што клетките на карциномот живеат во кисела средина, а храна која го закиселува организмот е онаа што ја јадеме денес.
Постарите генерации што живеат над 80 години порано не јаделе месо од сомнително потекло, индустриски обработени производи и конзервирана храна што содржи конзерванси, вештачки бои, ароми, стабилизатори.
Имале поголема физичка активност, дишеле чист воздух, пиеле чиста вода и јаделе храна што сами си ја произведувале.
Има овде со истиот процент на тхц и тоа за поевтини пари (450-500е) само се чека многу а и знаеме во каква држава живееме, така што е огромен ризик неговата набавка поради фактот што ќе лежиш ко за дилер. Збориме за а класа не за заебанција со 30 кусур посто што ни џанак не го лупа, а не па болен од рак. Нејсе, знам и примери на луѓе кои се излечени од ова масло, со додатни терапии на органска храна, чага, sanguinaria итн. И да во право си, ракот расте во кисела средина. Затоа постојат режими и диети за алкална состојба на организмот. Се е до човекот, неговата воља и мотив за борба. Татко ми третираше жена во Црна Гора со веќе напреднат стадиум на града, само што женава имаше воља да продолжи. Не викам дека финансиите не играа голема улога, затоа што некои билки кои придонесуваат за лечење ги нема во овој регион и мораша да се набават макар и на црно. Еве после неколку сесии, ракот се повлекува рапидно брзо, жената може повторно да ја движи раката, канцерогената течност полека се губи и се враќа во живот. Значи, уљето лекува, посебно во комбинација со органска храна. Ни господ не може да ме разубеди во спротивното, бидејќи сум бил сведок на она што за многумина е чудо. Работата е до мозокот и како тоа тој ќе се справи со сиот хаос од кој мора да излезе. Им посакувам силен дух и воља на сите оние кои се засегнати со овој проблем. Не е ништо изгубено, додека се има верба во себе.
 
Значи татко ти лекува и се бави со ова, веднаш имаш предрасуди кон прифаќање на овие глупости, значи и без да сакаш, ти сосема ненамерно имаш пристрасност кон ова.
Маслото или други канабис производи нема теоретска шанса да лекуваат рак, тоа го објаснив во другата тема: http://forum.kajgana.com/threads/Како-влијае-марихуаната-на-здравјето.1187/page-187#post-7055348

Она што си го видел е непотребно мачење на болни од рак. Канцерогената течност?!!! Значи на жената и течело гној од раната, дошла до таа фаза и продолжиле со глупави терапии? Се губела канцерогената течност? Тоа е само зголемена некроза на ткивото и веќе нема ни гној од раната. Греота.
Исто луѓе живеат со рак на градата со години, како си сигурен дека е излечен ракот? Правени се тестови и испитувања или само од тоа што можела да ја мрда раката?
 
Прво, многу си исфрустриран.
Второ, луѓето кои ги излекувал татко ми.
Трето, нема што тебе да ти се објаснувам кога личиш на обичен платеник.
Четврто, кога ќе имаш мака (не дај боже да ја имаш) обрати се, ќе ја решиме.
Биди поздравен.
 
Сфативме кој е платеник, татко ти се бави со надрилекарство.
Нема што да ми одговараш мене, туку на моите аргументи, ако немаш желба или противаргумент тогаш твојот одговор треба да се смета за промоција и соодветно да се санкционира.

Моето семејство било жртва на ловци како татко ти и прерано сме изгубиле човек заради такви нечесни игри.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Има овде со истиот процент на тхц и тоа за поевтини пари (450-500е) само се чека многу а и знаеме во каква држава живееме, така што е огромен ризик неговата набавка поради фактот што ќе лежиш ко за дилер. Збориме за а класа не за заебанција со 30 кусур посто што ни џанак не го лупа, а не па болен од рак. Нејсе, знам и примери на луѓе кои се излечени од ова масло, со додатни терапии на органска храна, чага, sanguinaria итн. И да во право си, ракот расте во кисела средина. Затоа постојат режими и диети за алкална состојба на организмот. Се е до човекот, неговата воља и мотив за борба. Татко ми третираше жена во Црна Гора со веќе напреднат стадиум на града, само што женава имаше воља да продолжи. Не викам дека финансиите не играа голема улога, затоа што некои билки кои придонесуваат за лечење ги нема во овој регион и мораша да се набават макар и на црно. Еве после неколку сесии, ракот се повлекува рапидно брзо, жената може повторно да ја движи раката, канцерогената течност полека се губи и се враќа во живот. Значи, уљето лекува, посебно во комбинација со органска храна. Ни господ не може да ме разубеди во спротивното, бидејќи сум бил сведок на она што за многумина е чудо. Работата е до мозокот и како тоа тој ќе се справи со сиот хаос од кој мора да излезе. Им посакувам силен дух и воља на сите оние кои се засегнати со овој проблем. Не е ништо изгубено, додека се има верба во себе.
Точно дека не може Господ да те разубеди во спротивното ама науката може и тоа како...Со тие органски храни, билки, масла и што ли уште не прочитав може само привидно да се подобри општата состојба на организмот и да се пролонгира кобниот крај...Тие wanna be доктори како Слаѓана Велков што ги лажат луѓето и им ги полнат главите со секакви глупости, треба да им се случи нешто вака во најблиско семејство па нека одат да го лечат карциномот со билки и органски храни да видам дали ќе го излечат...Кога има висок степен на малигнитет ништо живо тука не помага, канцерогените клетки преку циркулаторниот систем се пренесуваат до сите ткива и органи и прашање на време е кога ќе се јави рецидив...Зборам и за оперативно отстранет тумор и хемотерапија после тоа...Само од пуста мака луѓето подпаѓаат под секакви влијанија и веруваат на кого стигнат, а најчесто тие заработуваат од нивната мака...
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Тоа што сте го пишале дека клетките од карциномот (малигните) живеат во кисела средина и телото треба да се обазнува, т.е. да се избегнува храна со кисела средина е фактор, ама не секогаш. Тетин ми си замина за 6 месеци од дијагнозата канцер на бели дробови, непушач, алкохол ништо, здрав како дрен, цело време се хранеше со зеленчук и овошје. И што? Можда да водеше нездрав живот ќе починеше на 60 наместо на 64.

Така да прочитајте го пак постот од погоре. Ако ти е судено да добиеш, ќе го добиеш гнасново. Оние карциноми што се генетски/нездрава околина како нашава, што сакаш јади нема шанси да ги излечиш или спречиш.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.057
Поени од реакции
6.668
а каква терапија прима Кили во Еквадор и на каква алтернативна медицина е подложен ?? имало некои методи во Еквадор,Боливија,Мексико и др јужноамерикански држави лечеле рак без хемотерапија,ако е запознаен некој нека претстави
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
а каква терапија прима Кили во Еквадор и на каква алтернативна медицина е подложен ?? имало некои методи во Еквадор,Боливија,Мексико и др јужноамерикански држави лечеле рак без хемотерапија,ако е запознаен некој нека претстави
Ништо посебно не прима забегитисот, само фама прави.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
А наукава до каде е со лек против рак? Толку години се убија од истражување милијарди евра заминаа на истражување, најголемите умови на денешницата се обидуваат да стигнат до коренот на проблемот и пак едно големо ништо. Неверојатно колку само брзо се шири ова и неверојатно колку луѓе се болни од рак. Немој да мислите дека само ние на Балкан сме озрачени. Секаде е исто. И овде луѓето мака мачат со рак, млади по 30тина години, деца...

Многу подмукла болест, додека сфатиш дека си болен те закопале. И се враќа после година две исто како да не си ја победил.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.057
Поени од реакции
6.668
зависно од клетките и зависно од стадиумот,денес многу луѓе со денешното медицинско лекување го победуваат/излекуваат целосно или го продолжуваат животот за многу години........навремено одење на лекар значи избавување или продолжување на векот на човекот........многу луѓе сами се виновни со тоа - ништо немам,неодење на контроли,како и непрепознавање на симптомите,ракот во ран стадиум е излекуван во голем процент на случаеви
 
Kajgana Shop

На врв Bottom