Не си барал...во ова овде можиш доста да прочиташ а имаш и дополнителни ликови до клинички студии докази медицински истражувања...
Клик
Еве ти ги предавањата и од семинарот во Скопје шо беше
Клик
Го отворив првиот линк, прво видов дека цитира научни истражувања за употребата на канабисот и кога видов дека документот е 200 страници се изненадив најискрено, си реков колку научни истражувања за кои никогаш не сум слушнал би содржеле тие 200 страници.
Ама по кратко разгледување се вратив во реалноста, всушност само во првите десетина страници се зборува за научните истражувања, а останатите 200 страници се најразлични слики и сведоштва собрани од по интернет.
Како што знаеш секој може да напише се на интернет, многу од тие работи не можат на никој начин да се потврдат, ама во ред, многу од случаите и самите спомнуваат дека во текот на лечењето ги завршиле сите предвидени медицински третмани, имале операција и слично, од каде да знаеме дека навистина се излечиле од канабисот.
Многу од нив се во тек на терапијата со канабис и само се надеваат дека исходот ќе биде позитивен. А има и приказни кои не воопшто чудни, на пример една слика ми привлече внимание, имало каснат прст од куче и потоа слика како прстот се излечил со канабис, па прстот исто така целосно ќе заздравел и без канабис, тоа секој нормален човек го знае.
И којзнае колку од приказните се вака незначајни, ама тоа е помалку очигледно, и навистина немам намера да ја разгледувам секоја приказна и сведоштво кога и воопшто тие податоци се нерелевантни.
Што се однесува до научните истражувања кои се цитирани, за нив може да се дискутира како за релевантни докази. Затоа што немам пристап до целосните текстови на истражувањата, нема да можам да дадам оригинални коментари за истражувањата, туку само ќе можам наратко да пренесам што искоментирале други кои повеќе знаат.
Скоро сите од тие истражувања се за испитувања ин витро, на клеточни линии. Тоа значи дека на чисти клетки на рак им ставале канабиноиди за да се види како клетките ќе се однесуваат. На овој начин може да убиеме рак и со солна киселина на пример, во епрувета со клетки на рак ќе ставиме солна киселина и таа ќе ги убие клетките, ама тоа не значи дека солната киселина веднаш ќе ја прогласиме како лек за ракот затоа што знаеме дека не може да се пие солна киселина затоа што прво ќе направи непоправлива штета на организмот, а и воопшто нема да стигне до ракот во телото.
Исто и со канабиноидите, тие дури и не го убивале ракот или дури и не го стопирале, туку само во некои граници го забавиле понатамошниот раст, ама во екстремно високи и прочистени дози, што значи дека во тие дози нема шанси да се примат канабиноиди во нашето тело преку пиење на масло или преку пушење. А имало дури и канабиноиди и кои воопшто не се дел од канабисот како растение, туку синтетички добиени.
И дури и ако се изготват медицински препарати кои ќе содржат прочистени канабиноиди во такви екстремно високи дози и ако би се изнашло начин тие лекови да се примаат во телото и во така високи дози да пристигнат до ракот, (што е екстремно тешко) овие канабиноди ќе бидат дури и потоксични и поштетни за здравите ткива дури и од хемотерапиите кои се денес познати и се употребуваат затоа што не се селективни како некои од хемотерапиите кои ни се достапни денес.
Затоа и покрај големата пропагада на интернет не гледаме фармацевтските фирми да трчаат за да прават испитувања на овие канабиноиди затоа што овие првични испитувања не ветуваат ништо спектакуларно како што се опишува. И затоа јас велам дека не е оправдано да се лажат луѓето и да прекршуваат закони за совети кои се рамни на чаевите на Баба Рада.
А и за оние болести за кои ќе се открие дека може да се менаџираат некако со канабиноиди, тие нема да се добиваат со пушење или со екстракција од растението канабис, туку ќе се синтетизираат и ќе бидат достапни во стандардизирани дози во вид на капсули, таблети или инфузии. Како што има и денес достапни таблети со канабиноиди за симптомите кои навистина се менаџиираат со нив како гадење, повраќање, губење на апетит и слично.