Како стигнавме до пропаста кон која цели човештвото?

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Што се инаетиш како магаре на мост?
Навлези малку во телемата (не ја спомнувај напразно ако не), прочитај ако не друго (најмалку што може да направиш е да прочиташ), не вака без искуство да зборуваш.
Од такви без искуство а само што зборуваат, АМАН.
Аман од такви што ќе кажат едно па ќе се премислат ама им е мака да признаат па прават јазични егзибиции дека они друго мислеле па никој не ги разбрал :) . Впрочем чим некој од нормална дискусија почнува со навреди и тврдења ти ништо не знаеш, учи за да знаеш, ние знаеме најдобро, јасно ми е во кој правец ќе оди муабетот :).

Ваши цитати:

Во арсеналот на искуства потребен за духовност, просветлување или повисок стадиум, не се само љубовта, среќата, мирот...итн, итн. Тоа е пат кој има и трнлив дел, подеднакво битен, дел кој не е можно да се заобиколи. Тоа е делот кога мора да ги искусиш и омразата, тагата, гневот.....без тој дел "патот" никогаш нема да биде комплетен и ќе води кон пропаст.
Зарем нереков дека ништо не е потребно со сила да се предизвикува?
Двете тврдења се негираат едно со друго а зборовите МОРА и НЕ Е МОЖНО ДА СЕ ЗАОБИКОЛИ во македонскиот јазик се многу конечни и јасно одредени во значењето исто како и останатиот дел од тврдењето.

Case closed.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.693
Цитираното е точно (со здебелен дел).
И не се „наши“ туку на некој кој што има форумско име Ипсисимус. Разграничи малку што е множина што е еднина...

Твоите примери со богати деца кои не искусиле омраза или беда итн итн се бедни.
Затоа и си се цитирате и си се допишуивате тука... Ама ако, така се создаваат пријателства :)
Не се разбирате за каков пат си правите муабет... А јас не мислам да ја оправдувам телемата пред тебе.

Никој не рекол ние знаеме најдобро, но секако велиме учи и имај искуство по патот ако сакаш духовен развој :)
Што се тегавиш не знам...
Ако мислиш дека по патеките нема омраза, љубомора, отсутсво од љубов итн итн, мисли си така... ете Ипсисимус вели има, ти велиш нема... јас велам МАРШ ПО ПАТОТ да видите како е :)

И што сега?

Ќе има крај? Или ќе нема? :)
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Цитираното е точно (со здебелен дел).
И не се „наши“ туку на некој кој што има форумско име Ипсисимус. Разграничи малку што е множина што е еднина...
Ваши затоа што е тоа и твој став, и доста со ниски удари завиткани во обланда на финоќа, смешно е ;) .

Твоите примери со богати деца кои не искусиле омраза или беда итн итн се бедни.
Таков цитат никаде не сум спомнал а немање финансиски проблеми не значи автоматски дека е некој богат, тоа си го измисли. Богати деца исто не сум спомнал така да не може да е нешто бедно што не постои :) .
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.693
Но јас не сум фин... ниту покажувам „финоќа“ :)
Од каде сега тоа... Јас жив би те изел бре :mad:

Сум згрешил за „богатите деца“, моја грешка, или пак не...
Но на ова мислев што го кажа ти: „Дете со најнормален живот кое е здраво, има исправни родители, растено е со љубов и доволно финансии и кое немало тешки непријатности во животот воопшто не мора да доживее ниту тешка тага (банална од некупена играчка нема да сметаме) а уште помалку омраза. “

Дефинирај најнормален живот. Дефинирај исправни родители, дефинирај љубов, дефинирај финансии, дефинирај непријатности... нормално ќе си дефинираш според своето искуство (а не тренинг и талент како што ти зборуваш цело време). Тага може да се доживее иамјќи го сето ова и омраза исто... но, добро.
Секој нели со својот пат. За духовен развој, мора да ја знаеш паричката од сите страни. Ако не мислиш така, ок.

И да, дефинирај „тренинг“ и дефинирај „искуство“.
Исто ти е тебе вежбање карате во сала и користење на наученото во самоодбрана на улица, во пракса да се види извежбаното? ИСТО ТИ Е ТОА ТЕБЕ?
Ма ајде прибери се со размислите смешно ми е веќе како се „ценкаш за 10 денари“.

П.С. Уште ќе одиме офтопик и ќе се тегавиме...? Сеуште ќе ми докажуваш како „ќе си тренираш ти у живот“ и се ќе биде на подобро? :)
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Но јас не сум фин... ниту покажувам „финоќа“ :)
Од каде сега тоа... Јас жив би те изел бре
Можеш да пробаш да ја однесеш дискусијата во нешто десето ама ништо нема да ја поништи изјавата дека за духовен развој и просветлување е неизбежно да се почуствуваат тагата, омразата и гневот. Погрешно тврдење кое не важи за секого како и да го врткаш :).
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.693
Но нели велиме дека секој по својот пат. Ти ако мислиш дека ти треба тренинг а не пракса, оди го патот, што :)
Јас реков и пак ќе повторам, исто зборувате, а не се разбирате со Ипсисимус. Јас само пробав да објаснам, и сега ете ти и јас во вашиот вртлог и ќе се допишуваме надвор од темата.

За да не забегуваме бескорисно и да се муабетиме иако не се разбираме, еве:
Секое свесно суштество. оттука мора да се разликува од секое друго поради својата положба во универзумот, но не изразена во должина и ширина, ниту пак во време и простор, туку повеќе преку степенот или состојбата на свесност, или точката на гледање. Неговиот идентитет, исто така, нужно мора да биде чиста негација. Вредноста на секое суштество се одредува преку квантитетот и квалитетот на оние делови од универзумот, кои ги има откриено и кои оттука ја сочинуваат неговата сфера на искуство. Таа расте преку проширувањето на ова искуство, по пат на зголемување на оваа сфера. Во случајот на две суштества кои поседуваат мало или никакво заедничко искуство, взаемното разбирање очигледно е невозможно.
 
Член од
4 јули 2012
Мислења
87
Поени од реакции
69
Интересна дискусија. Не се сложувам дека човештвото оди во пропаст, туку напротив човештвото никогаш не било во подобра ситуација од денес.
Примерите се многубројни, од смртност на деца, до едукација, материјална позиција, слобода на дејствување, слобода на избор, слобода за љубов. Не гледам во ниедно од посочените работи на отварачот на темата доказ дека одиме сите во провалија. На пример, напредокот во медицината, ботаниката, днк менување итн. не може да се гледа поинаку освен како одење напред и откривање на нови научни и хумани хоризонти. Може да постои загриженост бидејќи секогаш има страв од непознатото, но тоа не може да биде спречено и не треба да биде. Затоа што во самата основа на човекот е креативноста, љубопитноста и желбата за знаење. И затоа има секогаш потенцијал за нови откритија и промени.
И не треба да се гледа желбата за материјани добра, за прогрес, за профит, за повеќе како некој дефект, како нешто неморално и лошо. Треба да се разбере дека тие работи за повеќето луѓе се она кое им дава волја за живеење и креирање. Ако некој сака да живее скромно и во дух со природата, може да оди да живее на село и да не бара субвенции.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Двете тврдења се негираат едно со друго а зборовите МОРА и НЕ Е МОЖНО ДА СЕ ЗАОБИКОЛИ во македонскиот јазик се многу конечни и јасно одредени во значењето исто како и останатиот дел од тврдењето.

Case closed.
Се негираат само кога ги гледаш низ призмата на твојата тврдоглавост и инает.
Мојот став е јасен - Доховен развој значи проширување на сверата од искуства, асимилација на дуалностите. На тој духовен пат, не е потребно ништо со сила да предизвикуваш, самиот пат ќе ти донесе и љубов и омраза, и трпение и гнев! И да, не е можно да се заобиколи ниедно од тие искуства, непостои човек што во својот живот непочуствувал омраза, гнев, тага и слично.
Ти слугувајќи и на твојата суета, се тегавиш да докажеш контрадикторност која непостои.

Имав поинакво мислење за тебе, штета...очигледно сум грешел.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Лични препукувања на пм...
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Се негираат само кога ги гледаш низ призмата на твојата тврдоглавост и инает.
Мојот став е јасен - Доховен развој значи проширување на сверата од искуства, асимилација на дуалностите. На тој духовен пат, не е потребно ништо со сила да предизвикуваш, самиот пат ќе ти донесе и љубов и омраза, и трпение и гнев! И да, не е можно да се заобиколи ниедно од тие искуства, непостои човек што во својот живот непочуствувал омраза, гнев, тага и слично.
Ти слугувајќи и на твојата суета, се тегавиш да докажеш контрадикторност која непостои.

Имав поинакво мислење за тебе, штета...очигледно сум грешел.
Гледање низ сопствена призма е во ред се додека своето искуство не се наметнува како единствено можно и валидно а баш тоа го правиш веќе не знам по кој пат :) .

Има духовни дисциплини каде патот нема да ти ги донесе сите тие искуства (не се ни бараат да ги донесе) и тоа би требало да е кристално јасно. Некој што главно поминува време во медитација или живее во манастир ќе губи време со гнев и омраза и не знам ти што, ќе треба да бара богомолки да мрази или да е гневен што фидето му плива на левата а не десната страна на чинијата ;).

Има луѓе што немаат некое од чувствата што си ги навел (лично знам неколку такви) зашто не секој се раѓа со иста психа а и да сакаш не можеш да провериш какви чувства имаат седум милијарди луѓе на планетава. Има луѓе кои немаат чувство на сомилост кон никого и ќе те згази без око да му трепне, има луѓе кои немаат совест, има родители кои немаат трошка родителска љубов туку напротив свесно си ги оштетуваат децата и им причинуваат болка, има луѓе кои никогаш не биле заљубени ниту осетиле некој да ги сака, има луѓе кои не можат да мразат никого, тепај го уништувај го може ќе почне да плаче и ќе те гледа како овчичка ама нема да те мрази зашто го нема чувството во себе. Така да не е точно дека сите горе наведени чувства секој ги има.

Кинезите имаат една поговорка (во буквален превод):

Малку си видел, многу ти е чудно :).

Пс. Со Хепта треба да научите да дебатирате и слушнете туѓи спротивни на вас мислења без да почнете да лепите етикети и навреди зашто вас никој не ви залепи етикета. Не знам дали така сте научени одма да зафрчат навреди па јас треба да вратам со иста мера па ќеифски да се распукаме ама утре кога ќе се сретнеме ќе се правиме ко ништо да не било. I don't play such game ;).
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Гледање низ сопствена призма е во ред се додека своето искуство не се наметнува како единствено можно и валидно а баш тоа го правиш веќе не знам по кој пат :) .
Убаво кажа Хептаграм, ти критикуваш, се тегавиш и се инаетиш, а не се обидуваш ни да го разбереш соговорникот, ниту темата за која зборува. Јас тука никому ништо не наметнувам, ова е форум и на него ги искажувам моите ставови. Во нив многу јасно кажав дека секој си има различни начини, различни патишта, што автоматски го побива твоето тврдење дека сум наметнувал мои "искуства" како единствено можни и валидни! Еве го тој момент:
....... Инаку начините за секого се различни, но безразлика каков е нечив животен пат, ако тој сака да постигне повисока духовност, секогаш ќе мора во себе да ги вклучи и искушенијата....
Мојот став е дека искушенијата се неизбежен дел од патот кон духовноста, ти можеш да се согласуваш или не, твој проблем! Но неможеш поради тоа несогласување, да ми вадиш од контескт зборови, да ми наоѓаш непостоечки контрадикторности во зборовите на останатите и да си лечиш фрустрации со тоа!

навредите избришани од Апокалипто, следен твој испад ќе биде максимална казна.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Јас реков нешто погоре... само што продолжувањето на расправиите јас нема да го сметам за провокација по која вие би се расправале туку провокација кон мене како модератор.
 

Пратеник

Ала Мадрид
Член од
28 ноември 2011
Мислења
995
Поени од реакции
617
Како стигнавме до ова што се случува околу нас?
Цела растителна храна што ја конзумираме не е веќе
иста го нема веќе ни мирисот, ни вкусот се е како пластика,
благодарение на генетскиот инжинеринг со кој се зголемува
производсвото драстично.
Истото се случи и со животните кои се дел од прехранбената
индустрија нивната днк е изменета со цел повеќе профит.
Од ова има огромни последици врз целата планета а се разбира и врз здравјето на луѓето, затоа што секој втор човек на планетата
има некакви здраствени проблеми.
Целата флора и фауна претрпе огромни последици, огромен
број на видови растителни и животински изумреа, планктоните во океаните се намалија за повеќе од 50%.
Потоа загадувањето од секаков тип, од илијадниците нуклеарни и атомски проби кои се направени на отворено
во последните 65 години.
Потоа ако се погледне начинот на живот пред 50 или повеќе години ќе се забележи иако луѓето имале многу малку на материјален и технолошки план, живееле многу подобар живот незнаеле што е тоа стрес имале многу повеќе желба за живот.
За разлика од она
што го имаме ние денес. Имаме навистина многу, но и оние
што се богати и оние што не се сепак некако не се среќни, немаат желба за ништо посебно, и се заситени од речиси од се.
Станавме тешки матријалисти, ги изгазивме сопствените квалитети и вредности како луѓе, не размислуваме сами со нашиот ум и разум тоа го прават медиумите се разбира, а кој има храброст да се издвои од средината во која е, и да
покаже сопствен став кој не кореспондира со околината.
Човештвото се повеќе пропаѓа секојдневно, на духовен
план остана без квалитетите кои не прават да бидеме она
што сме луѓе кои во себе носат многу Љубов и Светлина, развојот во таа сфера се сведе во регрес.
На физички план истото се случува како врз целата планета така и врз луѓето.
Се појавија стотици болести од светски размери и сл.
Која е причината за оваа пропаст кон која целиме?
Кажете го вашето мислење.
Да ги прашаш американците...
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.864
Исклучиво по кривица на нашата свест. Ако се подигне и вистински усмери свеста ке испадне човештвото од хипнозата која се наметнува на сите преку се и ке се спаси светот. Лично јас мислам дека целиот свест поготово нашиот народ е премногу хипнотизиран па му нема лек. Дури кога ке испадне човек од хипнозата му станува јасно што значи живот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom