Пари нема народот за 500денари тегла мед, треба да имаш убав круг на луѓе и добра позиција за да шиткаш по тие цени. Јас чував пчели и мед вадев еднаш во 5 години, пред се местоположбата каде што ги чував беше лоша, слабо врнежи иако беше планина, далеку од дома и секое одење ми бегаа 500 денари за гориво, 2 години ме отепаа болести и ми се преполовија пчелите, на почетокот додека ги чував немаше ни субвенции и одев само во загуба.
Слабиот стандард му ги прекрива очите на народот, во маркетите имаш мед мешан со глукоза кој го шиткаат по 220 денари од тегла, џабе и природен и се, ретко кој ќе ти го плати 350.