Каков бизнис би започнале со 80 - 90 000 евра!?

Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.909
Поени од реакции
1.762
Другаров е од Струга и се жали, кажуваше и за некој друг негов роднина исто имал многу дома останато од претходни години.
Ако немаш пласман некој сиот да ти го купи наеднаш џабе ти е, по 5-10 кила продавање не е тоа за сериозен бизнис, да се молиш секоја вечер нареден ден да продадеш нешто.
Е богами не е лесно да најдиш купувачи ,требит трчање малку повеќе дури си најдиш муштерии ,јас купувам од Завој (повеќе немат),Лескоец и Скребатно,само костенов .
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.651
Поени од реакции
34.937
Kaко бе не заработуваат од мед ,од 300 до 500 ден тегла ја продаваат зависно шо мед ,јас купив костенов мед 10 кг.Семкарот во Охрид продаваше од Шипковица мислам беше мед со фстаци по 550 ден...лом напрај.Во Охрид никој не се пожалил од медот а сигурен сум дека имат повеќе пчелари отколку било кој град во Македонија.Сите што ги знам велат најмалку 4000 еврејчиња годишно(само пред две год им беше лоша годината зошто?)
Пари нема народот за 500денари тегла мед, треба да имаш убав круг на луѓе и добра позиција за да шиткаш по тие цени. Јас чував пчели и мед вадев еднаш во 5 години, пред се местоположбата каде што ги чував беше лоша, слабо врнежи иако беше планина, далеку од дома и секое одење ми бегаа 500 денари за гориво, 2 години ме отепаа болести и ми се преполовија пчелите, на почетокот додека ги чував немаше ни субвенции и одев само во загуба.
Слабиот стандард му ги прекрива очите на народот, во маркетите имаш мед мешан со глукоза кој го шиткаат по 220 денари од тегла, џабе и природен и се, ретко кој ќе ти го плати 350.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.950
Поени од реакции
1.923
..ова е занимливо, но проблем гледам во платежната моќ на муштериите. Би било добро, кога законски би се поедноставило.., ако не се плати наемнина 3 месеца , содржината да се продава на аукција.
Може да се склопи таков договор, ако се сложи клиентот да потпише нема да има проблем.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
Надвор од тема
Го видов огласот за мини склад, за почеток е ок, но не е тоа што треба. Прво 9 квадрати за некого е премногу, за некого премалку. За некој и 2 квадрати се доволни. Второ овој од огласот е со мрежа односно вашите кутии се видливи за сите клиенти, нема приватност.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.909
Поени од реакции
1.762
Пари нема народот за 500денари тегла мед, треба да имаш убав круг на луѓе и добра позиција за да шиткаш по тие цени. Јас чував пчели и мед вадев еднаш во 5 години, пред се местоположбата каде што ги чував беше лоша, слабо врнежи иако беше планина, далеку од дома и секое одење ми бегаа 500 денари за гориво, 2 години ме отепаа болести и ми се преполовија пчелите, на почетокот додека ги чував немаше ни субвенции и одев само во загуба.
Слабиот стандард му ги прекрива очите на народот, во маркетите имаш мед мешан со глукоза кој го шиткаат по 220 денари од тегла, џабе и природен и се, ретко кој ќе ти го плати 350.
Види вака,пчеларството треба да ти е хоби,кај нас мислат дека од пчеларството ке живееш на висока нога,не е така ,уживаш во природа па шта доџе- доџе.
Како се издупија сите што почнаа со черешни ПАТУЉАЦИ-ГРЧКИ.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.651
Поени од реакции
34.937
Види вака,пчеларството треба да ти е хоби,кај нас мислат дека од пчеларството ке живееш на висока нога,не е така ,уживаш во природа па шта доџе- доџе.
Како се издупија сите што почнаа со черешни ПАТУЉАЦИ-ГРЧКИ.
Никој не рече дека сум ги чувал за да спечалам, напротив татко ми започна со 4 кошерки, па ги префрлив во сандаци, па ги намножував 3 години со ред да отидам над 30 и после дури ги удрив на медење, али џабе.
Може и за бизнис, али ако ги чуваш на убаво место и да си блиску до нив, додатно да си слободен да ги гледаш, а не на работа како што сум јас.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Од пчеларство не може да се живее нормално ! Пошто спаѓа во категоријата заедно со земјоделството и сточарството , Ви оставам сами да си извлечете заклучок.Тоа е висење на гранка , една година нова болест или неквалитетен лек и толку , плус со медењето е коцка и тоа голема , сума сумарум за хоби е ОК ама за примарна дејност јок !
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
vo makedonija so postena rabota vo nitu eden biznis nema da specalis mnogu pari, ili da zivees od toj biznis,ne e bitno dali pcelarstvo zemjodelie ovostarstvo dukan itn....
moras da rabotis dve raboti za da mozis da se zakrpis nekako do krajot na mesecot
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.808
Поени од реакции
15.732

производство на кошули како оваа на Ел Чапо..Иновација би било ако може, нека каже технолог, матерјалот за кошулата да се праи со додаток на индиски коноп , а ионака конопот ќе се легализира од 1 март...[DOUBLEPOST=1452886118][/DOUBLEPOST]
Пари нема народот за 500денари тегла мед, треба да имаш убав круг на луѓе и добра позиција за да шиткаш по тие цени. Јас чував пчели и мед вадев еднаш во 5 години, пред се местоположбата каде што ги чував беше лоша, слабо врнежи иако беше планина, далеку од дома и секое одење ми бегаа 500 денари за гориво, 2 години ме отепаа болести и ми се преполовија пчелите, на почетокот додека ги чував немаше ни субвенции и одев само во загуба.
Слабиот стандард му ги прекрива очите на народот, во маркетите имаш мед мешан со глукоза кој го шиткаат по 220 денари од тегла, џабе и природен и се, ретко кој ќе ти го плати 350.
jas kupuvav mariovski po 250mkd, a sega imam čovek tuka vo Skopje što prodava super med 300mkd...
 
Последно уредено:
Член од
18 октомври 2014
Мислења
124
Поени од реакции
288
Кај оди по 400-500 денари медот жити се. Дај ќе ти шитнам јас едно 200 кила по 350 денари па ти препродавај го по 400-500 ако можеш :D
Исто и за цената на лешникот малце претерувате (иако не викам дека не е профитабилен) еве тука прочитајте повеќе за одгледување на лешник ако сакате http://lesnik-sase.mk/
Vo Tetovo, 400 den po tegla, najverojatno ne e ni kg. toa
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.651
Поени од реакции
34.937
Vo Tetovo, 400 den po tegla, najverojatno ne e ni kg. toa
А можеби и повеќе од кило :D
Зависи од медот, ако е црн мед има поголема количина на минерали и е потежок, знае и до 1.2кг да излезе една тегла доколку е наполнета до врв.
 
Член од
18 октомври 2014
Мислења
124
Поени од реакции
288
А можеби и повеќе од кило :D
Зависи од медот, ако е црн мед има поголема количина на минерали и е потежок, знае и до 1.2кг да излезе една тегла доколку е наполнета до врв.
Ne sum obrnala vnimanie na ova koga kupuvam. Mislev deka vo edna standardna tegla ne moze da sobere 1 kg. Ama ete, si tezel medov. Fala za info. :)
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
На медот му треба, ако ги исклучиме пчелите и поднебјето..како обавезителни ..
-прво: квалитет со сите нишани и без далавери,
-второ: амбалажа и
-трето и најважно : ГАЧКА.
Смислена и добро, без д'ткање кажана...Исто како и за виното , туризмот..., исто како и за се друго.
Имајќи во вид дека веќе неколку генерации само јадеме трици околу тоа без некакво задвижување кон подобро, јасно е што се случува. Кај нас поимите образование,знаење, вештини, упорност, посветеност се само флоскули или пак производ кој се очекува да биде купен за некоја пара...:):):)
 

SF

Член од
4 октомври 2010
Мислења
290
Поени од реакции
142
Најсигурен бизнис е здравство и социјални услуги 90% од фирмите успеваат. Угостителство и трговија се хаос најлошо 3 годишно преживување на фирмите има. Земјоделие значи живот и работа надвор од град но, не е лошо ако имаш земјиште.
 
Член од
28 август 2013
Мислења
3.983
Поени од реакции
11.882
Погребално претпријатие, таму секогаш има работа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom