Каков бизнис би започнале со 80 - 90 000 евра!?

G

Goldie

Гостин
Џабе ти е се ако не го сакаш бизнисот. Можеш и 200 камиони да купиш и 100 берберници да отвориш, ако немаш емоција некоја ти затвараш за кратко. Конкретно за угостителски бизнис примери имате миљон во скопјево кога газдата изиграва маркер или доаѓа да испие кафе само. Си бара посветеност си бара приказна си бара пасија. Ние сакаме еве кеш дај пасивен приход, нема тоа роџаци. Ако више имате 80-90 кркушки за фрлање напрајте пат околу светот барем тоа ќе ви остане у спротивно или цироза не ви бега или синот у Сенатор ќе ги списка за година две.
Колку само има вистина во ова (y)
Чист пример ти е Мечкуевска куќа кај нас во Свети Николе. Газдата на кафаната не е класичен газда да земе да седи цел ден и да ужива туку кога има работа нон-стоп е на нозе заедно со келнерите. Услужува он, ги ангажира и децата да помагаат затоа кафаната е цело време полна и гости доаѓаат од цела Македонија. Плус фер, коректни цени и не летаат во облаци како некои други
 
S

silmarillion

Прв пат кога бевме таму, ни дојде еден од келнерите и вика - ве гледам прв пат доаѓате, денес ќе јадете што ќе ви кажам јас. Еј викам види го ербап овој, ај да видиме. И се што донесе беше пун погодок прсти да излижеш. И завршуваме со јадење се и викаме друг келнер за сметка пошто овој го немаше нашиов. И вика тој другиот, а кај газдата сте он ве води. Сметката беше повеќе до фер и коректна и од ќејф 30-40% бакшиш остаивме. Секогаш кога не носи патот натака застануваме.
 
Така се прави успешна бизнис приказна.
Сте отишле. кога ќе можете пак ќе отидете а не како некои газди што сакаат да се збогатат преку ноќ па наплаќаат смути од 1 портокал и јаболко 150 денари :D за друг пат да не ти текне да седнеш
 
Член од
10 август 2013
Мислења
541
Поени од реакции
928
Шубав муабет си правиме, од шоферлук на берберлук, ма да берберлукот слабо некако ми оди, пошто по професија сум месар, а иден шофер се надевам,само напред, и мило ми беше што направивте муабети околу мојата спомната тема со "Камионите".
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.909
Поени од реакции
1.762
Шубав муабет си правиме, од шоферлук на берберлук, ма да берберлукот слабо некако ми оди, пошто по професија сум месар, а иден шофер се надевам,само напред, и мило ми беше што направивте муабети околу мојата спомната тема со "Камионите".
Напишавме нешто точно за камионџиите или ?
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.653
Поени од реакции
34.939
Кој е гаранцијата дека берберите се попоштени од шоферите?Без фискална партал ке те напрает и берберите-ЏАНДАР ЗБИРА,а ниеден добар бербер не работит за други ,само почетници и после сам ке си отворит .Пола саат шишање тоа е војничко шишање .
Најдобар бербер во охридско-струшки регион тие во Струга кај Усеин -уска во центарот све друго се аматери.
Не мора сите одеднаш да ги отвориш почни со една.
Ако гледаш од тој аспект нема ниеден поштен, а гаранцијата за да ти остане подолго се прави со договори, во последно време ретко сериозна фирма обучува човек без да го ограничи со договор на подолг период, доколку излезе порано си има обврски кои треба да ги покрие и одреден период кога треба да ти најави.
Во секој бизнис една од работите која е најтешка за одржување е обука и одржување на вработените, е сега нашите работодавци имаат една мана, сакаат да се направат милионери преку ноќ, ако ти му дадеш доволно добри услови на вработениот и одиш со 20тина % заработка на него тешко дека ќе ти избега, или уште подобра работа е мотивација со процент за него.
..една кокошка едно јајце дневно , десет кокошки десет јајца, 320 дена =3200 јајца...1000 кокошки 1000 јајца Х 3 години......итн.итн. тоа се вика сметка дома. Во спротивно светов би бил пун бербери... Но идеата држи вода , забележав ми затворил берберот кај Апче..и овој нажалост , но ми рекоа затоа дека отворил нов некој одма на рампата накај Кисела Вода.... :) :)
Кокошката во Македонија дава по 3 јајца дневно, Македонија е библиска земја, мала Швајцарија...со ваков ментален склоп нема никогаш да почнеш бизнис.
Јас не се плашам од вработениот, со него лесно ќе ја наредиме, или го бива или не го бива, еден жолт, втор жолт, црвен картон, ама шо прајме со „легалниот рекет“?

Берберлук ви е даден како пример за луѓе кои немаат школо, а имаат пари да почнат бизнис, не е квантна физика за учење.
Големи пари денес се прават со апликативни работи, програмирање, иновации со продавање на магла, колку што ќе земе бербер во цела година може да се извади во еден ден доколку имаш пласман и добар продукт во тие дејности.
И на крај на приказната, пазете шо прајте, во Македонија сте, може да сте најака фирма денес, утре да ве нема, само да не му падне во очи на „легалните рекетари“, ништо не може да ти заебе бизнис како што можат тие.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Ако гледаш од тој аспект нема ниеден поштен, а гаранцијата за да ти остане подолго се прави со договори, во последно време ретко сериозна фирма обучува човек без да го ограничи со договор на подолг период, доколку излезе порано си има обврски кои треба да ги покрие и одреден период кога треба да ти најави.
Во секој бизнис една од работите која е најтешка за одржување е обука и одржување на вработените, е сега нашите работодавци имаат една мана, сакаат да се направат милионери преку ноќ, ако ти му дадеш доволно добри услови на вработениот и одиш со 20тина % заработка на него тешко дека ќе ти избега, или уште подобра работа е мотивација со процент за него.

Кокошката во Македонија дава по 3 јајца дневно, Македонија е библиска земја, мала Швајцарија...со ваков ментален склоп нема никогаш да почнеш бизнис.
Јас не се плашам од вработениот, со него лесно ќе ја наредиме, или го бива или не го бива, еден жолт, втор жолт, црвен картон, ама шо прајме со „легалниот рекет“?

Берберлук ви е даден како пример за луѓе кои немаат школо, а имаат пари да почнат бизнис, не е квантна физика за учење.
Големи пари денес се прават со апликативни работи, програмирање, иновации со продавање на магла, колку што ќе земе бербер во цела година може да се извади во еден ден доколку имаш пласман и добар продукт во тие дејности.
И на крај на приказната, пазете шо прајте, во Македонија сте, може да сте најака фирма денес, утре да ве нема, само да не му падне во очи на „легалните рекетари“, ништо не може да ти заебе бизнис како што можат тие.
...сегде е така...фирма ја има док ја има и после ја снемуе. Само мал дел практично промил ги преживува фазите на развој и станува компанија која опстојува повеќе од 10 години, Во нормален свет и сите тие претприемачки активности, старт апови и мали иновативни или незнам какви се компании се осниваат само со една цел..да иницираат интерес и да бидат продадени со ќар. Обично.., ако се интересни вообичаено за износ на 7 годишен предвиден обрт.. Нормално оние надуени егзибиции во ИТ индустијата не се рачунаат.Тие таму суми обично кога ќе се пресметаат сите одбитоци , даноци, опшнси , акции и такви трици и ич не се така големи , какви се разгласуваат помпезно... :) Фамилијарни фирми стануваат реткост, секаде...Франшизи се множат ко пацови но и тука треба дообра анализа пред да се каже оп...преваранти , перфектно маскирани..врие.
Ние овде кога збориме за сумичкиве спомнати , повеќе збориме за самовработување. Ако е успешно ќе требаат и вработени , но за да бизнисот функционира мазно обавезно ..после периодот на прилагодување и проценка го бива не го бива...газдата МОРА да ја дели заработката со вработените ..по некој фер критериум. Тогаш и тие го чувствуваат и како нивни бизнис и се трудат и лојални се потполно, што е мнооогу битно за мал бизнис. Сите други пристапи се такви какви се.., а какви се ги гледаме наоколу... :) :)
 
Член од
10 август 2013
Мислења
541
Поени од реакции
928
Напишавме нешто точно за камионџиите или ?
Добри сте, гледам неколкумина од вас многу добро го познавате бизнисов,( што ме радува) па затоа сакав само да се заблагодарам. :)
 
Dar_Mak

ексцентрик
Член од
22 октомври 2010
Мислења
336
Поени од реакции
323
Мое искуство за шлепер бизнисот. МК фирма: и да добиеш Цемт, прашање е дали ќе најдеш тури веднаш, доброто е што често се враќаш дома и возиш по исти рути.
БГ фирма: камионот ќе ти кружи по ЕУ, не се исплаќа да го враќаш назад (освен за сервис). Ако те сопре БГ полиција таму стави си десетче заедно со документите за да немаш проблем. Треба ЕУ пасош, а има луѓе кои возат со МК пасош 2 пати по 3 месеци во годината (не знам дали е тоа законски). Лошиот дел е дека шоферите не се замараат многу, секако се платени дневница, а и често бараат покачување (околу 60€ на ден е моментално). Се вози по 2-3 месеци, па се враќаат на одмор (често газдата плаќа превоз).
Просечен профит после сите трошоци: 2.200€, ако возиш сам 4.000€. Ова е без одржување и амортизација!
Може изгледа примамливо, но ова е бизнис со многу главоболки, особено ако имаш шофер/и и фаличен камион. Пример, на другар му го оставија камионот на бензинска среде Германија, зашто не сакаше да зголеми дневница, шоферот си продолжи во друга фирма без око да му трепне, па овој мораше да крши глава што и како. А ако возиш сам тогаш многу работи зависат од тебе и од твојот труд, па можеш за брзо време да направиш пари. Сепак, за мене тоа е отскочен бизнис за 5-6 години, не повеќе, а ако некој сака да живее во тенекија цел живот, тогаш ова е правата зделка.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom