Инвестициски БУМ во Македонија

Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Сите инвестиции во 2014 година, 14.000 нови вработувања

17.12.2014 | 14:23
Извор: Нетпрес
Прочитано: 74 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот

На инвестициски план 2014 година е една од најполодните досега. Повеќе од 20 компании објавија дека ќе инвестираат во земјава или веќе почнале со активностите за почеток со производство.

Во новите фабрики ќе се вработат над 14.000 лица, а ќе бидат вложени над 800 милиони евра. Најважно од се е дека фабрики ќе се градат низ сите региони во земјава што е многу важно за рамномерен регионален развој, анализира Економски.

Економски.мк потсетува на најголемите инвестиции кои дојдоа во земјава годинава:

- ОДВ електрик , Германија– 1.000 вработувања, 15 милиони евра, во Охрид;
- КСС, САД – 1000 вработувања, 20 милиони евра, во Кичево;
- Маркарт, Германија – 600 вработувања, 35 милиони евра, во Велес;
- Диатек, Италија – 200 вработувања,10 милиони евра, во Скопје;
- Техникл текстајл, Германија – 600 вработувања, 12 милиони евра, во Штип;
- Антура, Холандија – 200 вработувања, во Кочани;
- Етанол Јуроп Рињуабл, Ирска ДуПонт, САД – 1000 вработувања, 250 милиони евра, во Прилеп;
- Монтанте, Италија, 100 вработувања, 10 милиони евра, во Скопје;
- “ENERGIA” Ltd, Украина, 150 вработувања, 18 милиони евра, во Скопје;
- ИТЕК, Италија – 120 вработувања, 3,8 милиони евра, во Тетово;
- „Филкаб“ Бугарија, 100 вработувања, 3,5 милиони евра во Скопје;
- Амфенол САД – 500 вработувања, 6 милиони евра во Кочани;
- Менсан, Турција – 100 вработувања, 5 милиони евра во Скопје;
- ВЕИБО. Турција – 5600 вработувања 400 милиони долари, во Ранковце;
- Гришко, Русија, 200 вработувања, милион евра, во Демир Хисар;
- Еуро БПО, Велика Британија- 350 вработувања, Скопје;
- „Про лајн“ Турција – 50 вработувања 3 милиони евра;
- Истем медикал Турција 250 луѓе, 10 милиони;
- Мач груп Турција Илинден вредна три милиони евра;
- Демпо груп, Турција ќе гради две фабрики. Едната 3 милиони евра во која ќе работат 150 лица, а втората за мермер со иста вредност и со околу 400 нови вработувања;
- Гентерм – 1000 вработувања, во Прилеп.

Одлуки донеле уште неколку компании – се чека официјално објавување

За во наредниот период се очекува објавување на имињата на уште неколку компании кои веќе имаат донесено одлуки за инвестирање, но се уште официјално не ги потврдиле.

Нова американска компанија која ќе отвори 400 работни места и ќе инвестира околу 18 милиони евра треба да ја објави одлуката за вложување во земјава до крајот на годината.

Израелска компанија најавува влез на македонскиот пазар во повеќе сектори. Планира инвестиции во бањски туризам, кол центри, но планираат преземање и на една од макеоднските банки за што веќе разговарале со претставници на НБРМ.

Нова инвестиција чие име се уште не се објавува е најавена и за охридско-струшкиот регион, се работи за компанија од автомобилскиот сектор.

Премиерот Груевски вети дека годинава ќе има 20 нови инвестиции

Во своето новогодишно обраќање лани, премиерот Никола Грувески најави дека во 2014 година во земјава ќе влезат нови 20 компании.

– Во подготовка на моето новогодишно обраќање направив разговор со поголем дел од луѓето кои во Владата и во владините институции се задолжени за инвестирањето и она што го детектирав е дека имаме повеќе од дваесет инвеститори кои веќе неформално имаат донесено одлука да инвестираат во Македонија, односно да ја почнат својата инвестиција во текот на оваа година, значи од сега до крајот на оваа година, рече тогаш Груевски.

Ветувањето е исполнето, со бројка од над 20 нови инвестиции, 2014 е една од најуспешните на инвестициски план.

Очекувањата се дека наредната година ќе биде уште подобра со оглед на тоа дека кризата веќе заврши, а Македонија станува се поинтересна бизнис дестинација, препознатлива по поволниот инвестициски пакет кој го нуди на странските компании.
http://tocka.com.mk/1/145703/site-investicii-vo-2014-godina-14-000-novi-vrabotuvanja
Тебе од партија каде ти ветија вработување?
 
Последно уредено:

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Што напнуваш, тоа е вистината што е направено оваа година. Тебе што ти ветија да негираш се што е добро ???
:pos: Од долунаведените 5600 вработувања до сега има 0 вработувања.

- ВЕИБО. Турција – 5600 вработувања 400 милиони долари, во Ранковце;
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Паметно, да прогледаш за да видиш поубаво дека има напредок.:D
Неможе да има напредок за некој кој чека партиско вработување. За тие луѓе ќе има напредок кога ќе се смени партијата. Затоа колку и да има вработувања и нови инвестиции тие се неинтересни за партиски паразити кои чекат такви какви што се да ги стават на платен список на државата. За да работиш во странска фирма треба троа стручно познавање а тоа очигледно некој луѓе го немат и затоа им е страв да излезат на пазарот на труд. Така да не им останува ништо друго туку да кукат и да чекат промена на власта.
 
Некои пак чекаат државата да им обезбеди студирање.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Наместо да се навредувате користете го копчето ПРИЈАВИ. Модераторите ќе го отстранат навредливото мислење. Инаку се надевам дека 2015 ќе биде година кога ќе дојдат уште повеќе стрнаски инвестиции. Ова е добро но може и подобро!
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031

Кога би инветирал во нешто, макар и друга држава, пред се би го гледал ќарот за себе така?
На ова не гледам никаов бенефит освен некој да се искористува а друг да се богати. Поправи ме ако грешам.
 
Веќе зборувавме на таа тема. Во фабрикиве работат наши луѓе работници претежно без квалификации. Платата е мала но работат за да земат некој денар. Со тек на време ваљда ќе се зголемат платите. Од друга страна тие што се повисоко на скалата зимаат солидни плати и тоа е исто добро. Како и да вртиш подобро е да има нови отварања отколку да нема. Економијата не може да мрдне ако сите седат дома и чекаат фер плата. Јас така гледам на работите.
 
I

izotop

Гостин
На сите загреани и непартиски членои во темава од се срце им пожелувам да успеат да се вработат во инвестицииве. Чим толку ги фалите веројатно ви е и желба да сте таму.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Веќе зборувавме на таа тема. Во фабрикиве работат наши луѓе работници претежно без квалификации. Платата е мала но работат за да земат некој денар. Со тек на време ваљда ќе се зголемат платите. Од друга страна тие што се повисоко на скалата зимаат солидни плати и тоа е исто добро. Како и да вртиш подобро е да има нови отварања отколку да нема. Економијата не може да мрдне ако сите седат дома и чекаат фер плата. Јас така гледам на работите.
Na ova ke ti dadam prost odgovor so latinica.
Ako na nekogo mu nudat plata za 8000 denari, togas vo makedonija e dojdena rabotata do BANDAS. Znaci beter od Kina ili bilo koja zatucana zemja. Investicioniov bum e kako da prezivee nekoe bedno semejstvo od sigurno raspaganje.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh

Kajgana Shop

На врв Bottom