Инвестициски БУМ во Македонија

Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Реков еднаш сега ќе повторам, дур владее менталитетот дека под пристоен живот се подразбира да се најадеш како стока со три векни леб и пинџур (живеејќи во меѓувреме во семејна заедница со три генерации) а се друго е луксуз и просечен човек не смее и не треба да го има, нема да мрднеме напред.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Не пред да ги споредиме категориите со нашето блиско соседство. Бидејќи нели, тоа беше поентата прееска.
Повели:

Бугарија:
http://www.tradingeconomics.com/bulgaria/unemployment-rate

Албанија:
http://www.tradingeconomics.com/albania/unemployment-rate

Србија:
http://www.tradingeconomics.com/serbia/unemployment-rate

Сите под 20%, ние 28%, и тие 28% можат и треба да се дискутираат...

Ајде сега, погоре што те прашав.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.145
Поени од реакции
25.574

Бугарија 6% 2009та 11% денес, раст за 5 процентни поени или блиску 50%
Албанија 13.5% 2009та 13.3% денес, пад за 0.2 процентни поени или 1.5%
Србија 15.6% 2009та 17.6% денес, раст за 2 процентни поени или 12.8%
Македонија 32.2% 2009та 28.2% денес, пад за 4 процентни поени или 12.4%

Другото кога ќе прекинеш да дискутираш како економски неписмен, бидејќи не си.
 
Друго:
Дај сега да видиме број на студенти 2009:2013
Дај сега да видиме број на вработени администрација 2009:2013
Дај сега да видиме избришани од регистарот: 2009:2013

Али, почни од второто, тоа ми е некако поопипливо...
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Да де пак се враќаме на фактот 3-4 колена во една куќа да се живее , поимот осамостојување кај нас треба да биди категоризиран како научна фантастика.
Нешто што само во филмовите го има. Односно по твојата математика родителите да си продолжат да работат земјоделие и да ги ранат децата а тие со 400 евра плус да одат по одмори. :icon_lol:

Па замисли ако имаат синови и тие се оженат и жените нивни работат таму тоа ти се 800 евра плус. Веќе можи да се сметаат дека се во повисока средна класа :) јас не ни можам да замислам што можи да се направи со толку многу пари особено само 6 луѓе да ги делат. :icon_mrgr:
Па зошто мислиш се фураат реклами 3,4 и повеќе деца, до 15 ти го рани државата, од 15 фабриката
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.145
Поени од реакции
25.574
Друго:
Дај сега да видиме број на студенти 2009:2013
Дај сега да видиме број на вработени администрација 2009:2013
Дај сега да видиме избришани од регистарот: 2009:2013

Али, почни од второто, тоа ми е некако поопипливо...
Бива де, во истиот момент кога ќе ги објават истите бројки за Бугарија, Албанија и Србија. Нели, да има со што да споредиме. Еве за второто. Денес бројката е околу 115-120к. Најди за 2006та, не мора 2009та и ќе споредиме. Јас сум унапред подготвен да се кладам дека во 2006та бројката е околу 110к.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Бива де, во истиот момент кога ќе ги објават истите бројки за Бугарија, Албанија и Србија. Нели, да има со што да споредиме. Еве за второто. Денес бројката е околу 115-120к. Најди за 2006та, не мора 2009та и ќе споредиме. Јас сум унапред подготвен да се кладам дека во 2006та бројката е околу 110к.
Не, 2009та ја земаме за споредбена дека од тогаш почнавме да споредуваме... Не викам дека не е 110к, може 180к да е, само штета што немаме податок. Имаме податок дека вработените во друга освен приватна сопственост компании, се на број од 157к, т.е. 157к илјади граѓани работат во државни органи или државно поседувани компании. Ова за 2013 година.

Јас не можам да најдам официјална бројка, сите излегуваат со различни бројки, патем никако не можев да го најдам извештајов, а баш би сакал да го видам:
"На парламентарната говорница беше покажан извештај за економската програма, што Министерството за финансии го испратило до Европската комисија, а во кој, меѓу другото, стои дека државната администрација брои фрапантни 165.000 службеници. Во 2009 година, пак, таа бројка, како што стои во истиот извештај, изнесувала 115.000."
http://www.utrinski.mk/?ItemID=D5C898447A76F841A86F99647DFAA7A2
 
Е сега може да правиме муабет. Администрацијата е преголема, тоа е факт. Тоа 165-115 и разни чуда се играње со бројки и категоризирање што е администрација формално правно. Вработените во државно поседувани компании не би ги броел како администрација. Тие што цицаат пари од буџет се битни. Таа бројка е околу 115-120к. И е дупло поголема од тоа што на држава како Македонија и треба.

Сега околу бројот на вработени. Ако си играме со бројки, ќе видиме дека е пораснат од 560000 во 2006та до 688000 денес. Ама секако тоа не значи дека се вработиле 128000 луѓе (иако без проблем може така да се спинува) туку дека таа бројка во две третини е зголемена заради кратење на сивата економија. Од таа последната третина (околу 40к луѓе) 10-15 илјади се нова администрација (што не е во ред) и 25-30к се луѓе вработени во компаниите за кои е темава.

Поентата ми е дека нам не ни е проблем што 5-6 компании дошле во Македонија и даваат ниски плати, туку што таа бројка не е 50-60. Тие компании во ниеден случај не можеме да ги гледаме како непријатели на македонската економија. Сем од позиција на некоја антикапиталистичка и антиглобалистичка левица, ама тоа е детска и смешна работа.
 
Епа тука лежи зајакот, кај нас се кажува дека се 50-60... А проблемот е тоа што кога тие 50-60 ќе дојдат, Дрекслер и сличните ќе спакуваат куферите и ќе си заминат....
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.145
Поени од реакции
25.574
Епа тука лежи зајакот, кај нас се кажува дека се 50-60... А проблемот е тоа што кога тие 50-60 ќе дојдат, Дрекслер и сличните ќе спакуваат куферите и ќе си заминат....
Најмногу десет се, и тоа ако броиш погони а не имиња, тоа е лесно проверливо. Не го спорев јас тоа и никогаш го немам спорено. Го спорам ставот на Гошев дека тие компании биле штетни за македонската економија. Затоа што застапува позиции како да сме Кореја или Русија.

Факт е дека Македонија ниту има знаење сама да произведе висока и скапа технологија, ниту има природни ресурси кои може да ги продава, ниту огромно население и територија па да се вади на квантитет.

Инаку, да, овие што дојдоа први се најопортунистичките компании. И ако пазарот на трудот се стабилизира ќе ги снема во нова држава. Ама така се почнува. Нивниот пример може да ги охрабри тие што играат на сигурно.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.374
Поени од реакции
1.948
Не според мене, според споменатите економисти. Да, секоја власт создава предуслови, добри или лоши, како што кај нас се создадоа предуслови за едни да се збогатат енормно, други да осиромашат енормно. Осиромашување почнувајќи од приватизацијата наваму, но раслојување со толкав индекс се случува последните неколку години. Ако македонскиот работник како награда добива мизерна плата и мал % од вкупните приходи во државата, а плаќа од свои пари на тие странски инвеститори, кој е бенефитот од оваа помпа пошто еве веќе над 10-12 години како почнаа интензивно да влегуваат кај нас. Многу едноставно прашувам, очекувам и таков одговор. Моментално су против оти не гледам нешто многу позитивно од сево ова (можеби ако се вложеше во домашните фирми, не знам)
Точно е тоа дека се создадоа услови за "џини индексот" да ни падне на ниво на рано феудално општество,ама тоа нема многу врска со странските компании кои даваат минималец,туку со мешањето,партизацијата и контролата на власта/партијата/фамилијата на сите сфери на општеството и економијата,како по вертикала,така и по хоризонтала.

Монополизацијата на се и сешто,затварањето на професии,стварањето на заштитени категории,контролирани и поврзани со власта,плаќани од буџетот,во кој влегува секој втор денар што се врти во државава и пак им е малку, се основните причини за уништувањето на средната класа и стварањето на владетели,феудалци,поттрчковци и закрепостени селани.

Мерките кои ги предлага Гошев,во интервјуто кое го постираше тука,не само што нема да го донесат посакуваниот ефект,туку ќе го направат спротивното.Тоа се класични левичарски мерки,кои можат да бидат функционални во Шведска,Норвешка,Данска,Швајцарија и слични земји,кај нас може само уште полошо да се направи со тие мерки.

Мислам дека веќе на сите треба да им биде јасно,дека нас ни треба помалку а не повеќе држава,помал а не поголем буџет,помалку а не повеќе бирократија и администрација,олабавување а не зголемување на стегите/контролата врз економијата и општеството.
 
Rokko

SiFU 師父
Член од
30 мај 2014
Мислења
714
Поени од реакции
299
Точно. Возило е луксуз, излегување на вечера е луксуз, викенд вон градот е луксуз...послем зашто ги споредуваат македонците со 2 миљона овци. Оти на овцата и треба само храна и штала за да даде млеко. Се над тоа е луксуз, трули капитализам, и супербогаштво.
Ајде бре луѓе не се зезајте. Измерете колку народ овде оди за викенди на скијање и на плажа, колку излегле последните 6 месеци во кино или на вечера, колкумина купиле книга...ние збориме за гол живот и ете заштеда (продале нива од дедо или куќа) за некоја шкљ еуро стандард кола. За култура, туризам е све е тоа луксуз. Греота
Како не бе, ти ако си против капитализмот ја не сум, а знаеш зошто ? затоа што го ценам индивидуалното ако те бива бе сам успеј, не се вади на општество, држава и све друго, не за џабе е работава плати па клати. Ја незнам што ти смета ако си попаметна по способна и се нај нај, ќе успееш во се. Е сега ти го вртиш муабетов со луксуз, ама ја ти кажувам за напредок. А инаку ја идам по театри и кино сали и не мислам дека е празно, туку има луѓе што наоѓаат време за тоа. Инаку е изговор, кој сака си оди на културни настани безразлика на кое скалило е во државата.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.966
Не според мене, според споменатите економисти. Да, секоја власт создава предуслови, добри или лоши, како што кај нас се создадоа предуслови за едни да се збогатат енормно, други да осиромашат енормно. Осиромашување почнувајќи од приватизацијата наваму, но раслојување со толкав индекс се случува последните неколку години. Ако македонскиот работник како награда добива мизерна плата и мал % од вкупните приходи во државата, а плаќа од свои пари на тие странски инвеститори, кој е бенефитот од оваа помпа пошто еве веќе над 10-12 години како почнаа интензивно да влегуваат кај нас. Многу едноставно прашувам, очекувам и таков одговор. Моментално су против оти не гледам нешто многу позитивно од сево ова (можеби ако се вложеше во домашните фирми, не знам)
Јас не сум против странските инвестиции, ама сум против односот кој го има државата спрема домашните фирми кој е во некоја рака силеџиски. Кон странските инвеститори е како мајка, а спрема домашните маќеа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom