Инвестициски БУМ во Македонија

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.181
Поени од реакции
17.990
Мерките кои ги предлага Гошев,во интервјуто кое го постираше тука,не само што нема да го донесат посакуваниот ефект,туку ќе го направат спротивното.Тоа се класични левичарски мерки,кои можат да бидат функционални во Шведска,Норвешка,Данска,Швајцарија и слични земји,кај нас може само уште полошо да се направи со тие мерки.

Мислам дека веќе на сите треба да им биде јасно,дека нас ни треба помалку а не повеќе држава,помал а не поголем буџет,помалку а не повеќе бирократија и администрација,олабавување а не зголемување на стегите/контролата врз економијата и општеството.
Го потпишувам сето ова со двете раце, ама искрено ова е утопија кај нас да се спроведи.

Би се зачудил човек, но Владата спроведува економски мерки во стилот на СИРИЗА. Дури и преку прикриени мерки, деновиве сме сведоци дека реално го зголемуваат данокот.

Но, разбирам дека немаат друго чаре за да останат на власт, сепак ништо не ги спречува да започнат со сериозна поддршка на домашниве фирми.
Можи е банален пример, ама Полска, Турција, а за Кина и да не прајме муабет, целосно им ги плаќаат сите трошоци на фирмите за изложување на големиве саеми низ Европа.
Не треба јас да му набројувам мерки, нека ги земат примерите од успешните држави.

Дури можи и некој герила економски мерки, иако е ова научна фантастика за нив, во случај да дозволи Пејпал да се примаат пари во Македонија, целосно да ги ослободат парите за тоа од данок, како што го имаше направено Џорџ Буш за да се развива екомерцот. Дури и Обама со новиот закон од 2011, не ги оданочува парите од Пејпал ако заработуваш до 20.000$ годишно.

Само ние најверојатно ќе го следиме примерот на Србите, кај нив дозволи Пејпал да се примаат пари, ама Народна банка на Србија одма го стопира дури не била во состојба да има увид во тоа.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Некој седнал и анализирал влијание на сди врз невработеноста и бдп (ако го занемариме се поголемиот раст на раслојување).
Главниот заклучок од емпириската анализа е дека врската помеѓу стапката на раст на СДИ и стапката на реален раст на БДП е статистички незначајна, односно не постои каузална поврзаност помеѓу овие променливи. Истиот заклучок го донесовме и за врската помеѓу стапката на раст на СДИ и невработеноста.
Единствено позитивна и значајна врска во овој модел постои помеѓу стапката на раст на извозот и стапката на реален раст на БДП, односно 1% раст на извозот во просек доведува до 0,16% раст на БДП. Ваквиот резултат за незначајноста на стапката на раст на СДИ за стапката на реален раст на БДП може да се должи на:

............
Друг (ЦЕА) седнал и напишал студија, исто во 2012, за значењето на приватните трансфери од Ирак и Авганистан:
Спротивно на очекуваањата дека за време на светската економска криза ќе дојде до намалување на приватните трансфери во Македонија, поради зголемената нвработеност во развиените земји, приватните трансфери растеа за целиот периодот на светската економска криза, достигнувајќи рекорден износ од околу 1.5 милијарди евра.
Споредено со странските директни инвестиции, приватните трансфери се околу 5 пати поголеми и претставуваат еден од најзначајните извори на средства за голем дел од македонските
домаќинства.




И еве за "намалување" на невработеноста, една т.н. инвестиција од Израел
Израелска компанија ќе отвори кол центар во Македонија

која за 3 години ќе апсорбира работна сила двојно повеќе од некогашна Газела. Што ли ќе произведуваат...
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089

Rokko

SiFU 師父
Член од
30 мај 2014
Мислења
714
Поени од реакции
299
Ејјј значи отров си, па затоа кога ги објавуваат огласите ги објавуваат и платите да видиш за колку ќе работиш.
За сите како тебе што викате дека Македонија е мизерија, имате пасоши и видете ги убавините на светот и заработете милиони, нас бедните остајтене да живееме во мизеријава која ја има. Или пак ако сте паметни помогнете држава да излезе од мизеријава :). Ама сигурно знаете како да и помогнете на Македонија, ама не сакате да не ви ги украдат идеите.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Ова нешто ми е многу познато:
Први по роуд шоуа, последни по странски инвестиции
И покрај сите владини напори и заложби, Македонија е последна во регионот по привлекувањето на странски директни инвестиции. http://www.makdenes.org/content/article/26737191.html
....и како Deja vu или како проклетство ни се повторува од година во година... како и лани, како и преклани како и пред три години, како и пред четири..... ПОСЛЕДНИ! ФЕНЕРЏИИ!
сето останато да не кажам е само јадење го**.... ќе кажам митови и легенди или приказни за мали деца.... или недоквакани! Само такви можат да поверуваат во успешни роуд шоуа... дека се роуд тешко, ама дека се шоу и тоа голем и несреќа за македонија неспорно! Но сепак сеуште има и такви што веруваат во чуда на владините роуд шоуа: Во 5 рудници во ест Мацедониа, во турски инвестиции со 10-15,000 вработени, Германски фабрики во автомобилската индустрија, во Субрати и остала багра... Чудесно!?
Чудесна е оваа земја што би рекол оној Трендафил оној на Зумбула зетот! Ептен чудесна!
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
755
Поени од реакции
356

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Е па пријателе исто не е во ред во држава со 2 милиони жители секоја година да искачаат илјада дипломирани правници и уште 2000 економисти ама тоа е, после некој мора да биде келнер. Кој стигна заврши факултет. Квалитет невиден ама стварно НЕ-ВИДЕН.
Со најголем број факултети по глава на жител, нормално дека ќе имаш милион дипломирани.И невработени.А во квантитет имаш и квалитет, само ако снегот е малку извалкан од земјата го сметаме за нечист, за разлика од остатокот.
И уште нови факултети никнаа ко печурки.
Ама ајде, ете ја Германија и Шведска, медицинари недостаток колку сакаш.Другите...па ќе одат на магистратура, докторат.Пари - од 8-те илјадарки.

Факултетот никој овде не го видел како идна инвестиција.Колкав дел од дипломираните после вработување ги повратиле средствата вложени за школување и за колкав рок?Па после тој период да сметаме дека нешто ‘заработиле‘.
 
Последно уредено:
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
?[DOUBLEPOST=1418568890][/DOUBLEPOST]
Со најголем број факултети по глава на жител, нормално дека ќе имаш милион дипломирани.И невработени.А во квантитет имаш и квалитет, само ако снегот е малку извалкан од земјата го сметаме за нечист, за разлика од остатокот.
И уште нови факултети никнаа ко печурки.
Ама ајде, ете ја Германија и Шведска, медицинари недостаток колку сакаш.Другите...па ќе одат на магистратура, докторат.Пари - од 8-те илјадарки.

Факултетот никој овде не го видел како идна инвестиција.Колкав дел од дипломираните после вработување ги повратиле средствата вложени за школување и за колкав рок?Па после тој период да сметаме дека нешто ‘заработиле‘.
Не знам во кој контекст бил муабетот, не знам за што сме зборувале :) Претпостувам дека поентата ми била дека има грешка во системот и во менталитетот.
 
Член од
14 февруари 2014
Мислења
181
Поени од реакции
155
Од секое дрво не бива факултетлија.Се што е премногу не чини па истото важи и за факултетскиот кадар.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Глопко логистик ги отвори вратите на првиот индустриски објект во Ќојлија
декември 14, 2014
Логистички центар со површина од 3.500 метри квадратни на компанијата „Глопко логистик“, која се занимава со поштенски услуги, денеска беше пуштен во употреба во индустриската зона Ќојлија во општина Петровец.
Со најголем број факултети по глава на жител, нормално дека ќе имаш милион дипломирани.И невработени.А во квантитет имаш и квалитет, само ако снегот е малку извалкан од земјата го сметаме за нечист, за разлика од остатокот.
И уште нови факултети никнаа ко печурки.
Ама ајде, ете ја Германија и Шведска, медицинари недостаток колку сакаш.Другите...па ќе одат на магистратура, докторат.Пари - од 8-те илјадарки.

Факултетот никој овде не го видел како идна инвестиција.Колкав дел од дипломираните после вработување ги повратиле средствата вложени за школување и за колкав рок?Па после тој период да сметаме дека нешто ‘заработиле‘.
да не испадне зборам напамет за нешто што слушнав кога се отвораа дисперзирани студии, еве најдов каде се вели за белези пример број на студенти, број на дипломирани жени се дел од некои цели на членките на ЕУ (нормално државите во транзиција секоја нивна цел/одлука сувопарно ја копираат), во овој текст и овде.
Можеби е ради тоа па не тураф у листу на најписмени и најреформатори :jeeee:
 
Последно уредено:

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
ГРУЕВСКИ: НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО ПРИЛЕП, МОЖНОСТ ЗА 1.000 ВРАБОТУВАЊА



Американската компанија „Гентерм“ ќе инвестира во капацитет за индустриски производи во Прилеп каде најавува можност за вработување на 1.000 лица. Инвестицијата ја најави денеска премиерот Никола Груевски на својот „Фејсбук“ профил.

„Убава вест за Прилепчани. Нова американска инвестиција и можност за вработување на 1.000 лица. Нашата работа и упорност дадоа резултати“, напиша Груевски. Од компанијата „Гентерм“ најавуваат дека во првата фаза од инвестицијата ќе биде изграден производен капацитет на површина од над 6.000 метри квадратни, а планираат да почнат со работа на крајот на следната година. „Во новите простории ќе се произведуваат индустриски производи, а се очекува да се отворат работни места за 1.000 лица“, се вели во соопштението од компанијата. (Ек.Р.)
http://www.utrinski.mk/?ItemID=A0767356425258499478E61017157533
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Сите инвестиции во 2014 година, 14.000 нови вработувања

17.12.2014 | 14:23
Извор: Нетпрес
Прочитано: 74 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот


На инвестициски план 2014 година е една од најполодните досега. Повеќе од 20 компании објавија дека ќе инвестираат во земјава или веќе почнале со активностите за почеток со производство.


Во новите фабрики ќе се вработат над 14.000 лица, а ќе бидат вложени над 800 милиони евра. Најважно од се е дека фабрики ќе се градат низ сите региони во земјава што е многу важно за рамномерен регионален развој, анализира Економски.

Економски.мк потсетува на најголемите инвестиции кои дојдоа во земјава годинава:

- ОДВ електрик , Германија– 1.000 вработувања, 15 милиони евра, во Охрид;
- КСС, САД – 1000 вработувања, 20 милиони евра, во Кичево;
- Маркарт, Германија – 600 вработувања, 35 милиони евра, во Велес;
- Диатек, Италија – 200 вработувања,10 милиони евра, во Скопје;
- Техникл текстајл, Германија – 600 вработувања, 12 милиони евра, во Штип;
- Антура, Холандија – 200 вработувања, во Кочани;
- Етанол Јуроп Рињуабл, Ирска ДуПонт, САД – 1000 вработувања, 250 милиони евра, во Прилеп;
- Монтанте, Италија, 100 вработувања, 10 милиони евра, во Скопје;
- “ENERGIA” Ltd, Украина, 150 вработувања, 18 милиони евра, во Скопје;
- ИТЕК, Италија – 120 вработувања, 3,8 милиони евра, во Тетово;
- „Филкаб“ Бугарија, 100 вработувања, 3,5 милиони евра во Скопје;
- Амфенол САД – 500 вработувања, 6 милиони евра во Кочани;
- Менсан, Турција – 100 вработувања, 5 милиони евра во Скопје;
- ВЕИБО. Турција – 5600 вработувања 400 милиони долари, во Ранковце;
- Гришко, Русија, 200 вработувања, милион евра, во Демир Хисар;
- Еуро БПО, Велика Британија- 350 вработувања, Скопје;
- „Про лајн“ Турција – 50 вработувања 3 милиони евра;
- Истем медикал Турција 250 луѓе, 10 милиони;
- Мач груп Турција Илинден вредна три милиони евра;
- Демпо груп, Турција ќе гради две фабрики. Едната 3 милиони евра во која ќе работат 150 лица, а втората за мермер со иста вредност и со околу 400 нови вработувања;
- Гентерм – 1000 вработувања, во Прилеп.

Одлуки донеле уште неколку компании – се чека официјално објавување

За во наредниот период се очекува објавување на имињата на уште неколку компании кои веќе имаат донесено одлуки за инвестирање, но се уште официјално не ги потврдиле.

Нова американска компанија која ќе отвори 400 работни места и ќе инвестира околу 18 милиони евра треба да ја објави одлуката за вложување во земјава до крајот на годината.

Израелска компанија најавува влез на македонскиот пазар во повеќе сектори. Планира инвестиции во бањски туризам, кол центри, но планираат преземање и на една од макеоднските банки за што веќе разговарале со претставници на НБРМ.

Нова инвестиција чие име се уште не се објавува е најавена и за охридско-струшкиот регион, се работи за компанија од автомобилскиот сектор.

Премиерот Груевски вети дека годинава ќе има 20 нови инвестиции

Во своето новогодишно обраќање лани, премиерот Никола Грувески најави дека во 2014 година во земјава ќе влезат нови 20 компании.

– Во подготовка на моето новогодишно обраќање направив разговор со поголем дел од луѓето кои во Владата и во владините институции се задолжени за инвестирањето и она што го детектирав е дека имаме повеќе од дваесет инвеститори кои веќе неформално имаат донесено одлука да инвестираат во Македонија, односно да ја почнат својата инвестиција во текот на оваа година, значи од сега до крајот на оваа година, рече тогаш Груевски.

Ветувањето е исполнето, со бројка од над 20 нови инвестиции, 2014 е една од најуспешните на инвестициски план.

Очекувањата се дека наредната година ќе биде уште подобра со оглед на тоа дека кризата веќе заврши, а Македонија станува се поинтересна бизнис дестинација, препознатлива по поволниот инвестициски пакет кој го нуди на странските компании.
http://tocka.com.mk/1/145703/site-investicii-vo-2014-godina-14-000-novi-vrabotuvanja
 

Kajgana Shop

На врв Bottom