smihajlo
Superposition, Relentless
- Член од
- 11 август 2010
- Мислења
- 3.672
- Поени од реакции
- 4.405
Најдобро е некој бизнис да почнеш ама 5000 евра реално и не се којзнае колкави пари за бизнис.imam 5000 evra zastedeno kako bi bilo najdobro da gi investiram nekoj mal biznis sto bi se isplatel
Секој бизнис се исплати горе доле ама ако и само ако знаеш да го работиш. Прво не секој има акал менаџер да биде следно треба да имаш познавање од бизнисот каде што планираш да вложиш пари. На пример ако си завршил на факултет информатика сигурно нема туристичка агенција да отвориш или пак обратно ако си бил на факултет за туризам нешто сосем неповрзано.
Втори треба да знаеш што сакаш да работиш. После идеш да работиш некое време година две.(Еве на пример ако сакаш да отвориш ресторан ќе работиш две години во некој ресторан, ако отвораш ИТ фирма ќе работиш две години во ИТ фирма итн)
После тоа во зависност од бизнисот ти треба почетна клиентела, добавувачи(по потреба зависи од бизнисот), познавање на законот поврзан со тој бизнис, бизнис план, маркетинг план итн.
П.С Многу работи набројав ама од се ова треба да имаш барем основни познавања.
П.С2 Немој да отвараш бизнис ако не знаеш што да правиш со парите некогаш подобро е да почекаш да не избрзуваш додека не стекнеш доволно информации за бизнисот, но од друга страна и премногу двоумење не е на добро ова мора сам да одлучип кога е вистинскиот момент.