Заштедени пари - предлог за бизнис?

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Еј многу се добри овие од Економски лидер
http://lider.mk/2014/07/26/pocnete-bizis-so-pomalku-od-5000-evra/
Почнете бизнис со помалку од 5.000 евра
За покренување на мали бизниси не постои строго правило за висината на почетниот капитал. Има дејности кои може да се извршуваат во стан, па не бараат почетни вложувања, додека за други потребен е простор. Еве за кои бизниси долната граница е 5.000 евра.
Кројачка работилница (од 1.500 до 3.000 евра)

Шиењето е една од оние дејности кое може да се врши во стан, и за тоа да не мора да се плаќа изнајмување на простор. Ако станува збор за мала кројачка работилница, тогаш за неа се потребни барем две машини за шиење. Подобра машина чини од 700 до 1.000 евра. Изнајмувањето на простор од 30 квадрати, што е доволно за една таква работилница е од 300 до 500 евра месечно. За конци, игли и материјал се потребни уште 200 евра. Тука е надомест барем за еден работник ако му се исплати плата од 250 евра.
Одгледување блитва (од 1.300 до 2.000 евра)
Без пластеници за оваа работа се потребни околу 1.000 евра за систем за наводнување капка по капка. Тука е и трошок за ѓубриво и заштитни средства од околу 800 евра, но за цела година. Кесичка семе од блитва чини 10-15 денари. Ако има 10 семки во кесичката, потребни се околу 100, односно од 1.000 до 1.500 денари. На 10 акри, а тоа е 100 по 10 метри, може да се посее блитва или слично растение во 17 редови на растојание од 20 сантиметри. Садењето може да почне во март и не мора повторно да се сади следната годишна зошто е двегодшно растение.
Фризерски салон (од 4.000 до 4.500 евра)
За помал салон се доволни 30 квадрати, а изнајмувањето од од 200 до 600 евра. Две фризерски столици чинат околу 1.000 евра, шампоњерата исто така околу 1.000 евра, и најмалку две огледала по 170 евра. Масата и фотељите за седење може да се најдат за 300 евра. Два професионални фенови се 160 евра, а за препарати, шампони, фарби… мора да се има барем уште 1.000 евра. Комуналиите се околу 120 евра месечно.
Сметководствена агенција (од 600 до 2.500 евра)
При отворање на оваа фирма трошокот за изнајмување на просторот може да се избегне бидејќи таа работа може да се извршува во стан. Единствена алатка за работа е компјутерот, кој чини околу 500 евра, а потребен е и печатач кој може да се купи од 50 до 100 евра. Кон ова треба да се додадат и уште трошоците за хартија и интернер, што на месечно ниво се околу 50 евра.
............. Просто неможам да им се начудам со која леснотија и кој дилентантизам го пишуваат сево ова! А претендират да станат сериозен портал кој ги анализира и обработува темите од економијата.
Посебно ми се допаѓа она со ‘‘Сметководствена агенција‘‘ па и фризерски салон ми е интересна и многу оригинална! Како бе никој на ова да се сети!?....
:pos:
... па и сам знаеш дека комедијанти овде никогаш не недостасувале... но ги читам и оние подоле од entrepreneur.com... не се ништо поозбилни..
Во принцип се е тоа гола вода, никој не кажува дека за било каков успешен бизнис од најмал до најголем е потребна целосна посветеност и постојана работа 24/365, во престапни години 366 дена. И дека парите не се најголемиот проблем, дури ни регултивата.
Да бидеш претприемач треба да си скроен за тоа , но и да знаеш што сакаш, да знаеш да учиш, постојано...и да ти е задоволство да работиш, а и да си поставуваш реални, остварливи цели..., познато е дека ништо не успева така добро како успехот... ;)
Во спротивно цело време си незадоволен и ти и твоите околу тебе , па најдобро е тогаш да работиш за некого, помирен со тоа дека толку ти дал Господ....:):)
 
Член од
18 јуни 2014
Мислења
60
Поени од реакции
35
Парите се насекаде, само треба да се најде начин како да се дојде до нив. Добра идеја, многу храброст и упорност за да ја оствариш истата.
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Во место каде што нема никаков базен можеш да купиш еден од овие помизерние надземни што се..


Базен 975х488х132


цирка 2000 евра..

го има на http://www.atlantikfm.com.mk/ ..

Најди место некаде.. (или ако имаш твое) понастрана .... бетонирај го .. 1000 евра.. купи лежалки, машина за кафе,фрдидижер напрај шанк 2000 евра..

Можеш и на црно и легално да работиш... Зависно како ти е ќеф и колку ти е страв.. Зависи и каде си..

после само продавај месечни, неделни, годишни, дневни а наплаќај и од сат ако сакаш... Ако е убава годината ќе заработиш 60% од инвестицијата..


Сепак ова е само за места каде што нема никаков базен, или има ама е многу далеку или многу скапо..

Ако си шејтан ќе најдиш да увезиш многу поголем за истите пари од кина .. има на alibaba.com.. ама пази да не те закрпат...


бтв ако има некакви закони за базените .. не бидуват..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom