Ефтина работна сила, деградирање на трудот и феноменот "познат работодавач"

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Како да не. Јас сум практикант и одам на пракса и научив премногу и сум презадоволна, запознав луѓе, научив одредени работи кои не сум ги знаела претходно.
Слугување... молим ти се...o_O Кај нас сакате да завршат сите факултет и после на уште недобиена диплома да добијат понуда за фотеља, без ден пракса или искуство.
Волонтирање и пракса се нормални појави насекаде во светот, не може некој прцул вчера дипломирал одма да добие стаж, работа, промоција, плати... Треба да си оди по ред, а прво на линијата е праксата, за да научи како одат работите. Од прво ниво, па погоре до повисоко, а не директно во фотеља.
Не ми е проблем и да волонтирам и да одам на пракса, макар и без пари, затоа што јас тоа го правам за себе, за свое надоградување, учам и запознавам луѓе од кои учам. Не гледам што има “слугување“ овде.:rolleyes: Никој не почнал од директорско место, сите учеле на почетокот.
Тотално се слагам.
Исто е и овде у Штип , во градската болница. Се почува ко волонтер и тоа може да трае и 3-4 години , па и да не добиеш понуда за работа.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Тоа си зависи од местото, може ќе те праќаат по бурек секој ден а може и ќе научиш нешто. А во глобала праксата се плаќа само храна и превоз, тоа е секаде така. Ти можеби и ќе работиш истото што и работникот али пак си на пракса таму.
мене неможе да ме праќаат ама баш никаде
можеби јас би можел некого да испратам:icon_mrgr: - само тоа не е муабетов на темава
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
А ученициве, или еве и по ново студентиве кој нели законски морат да имат обавезна пракса, кога одат учат или изиграват слуги. Се мислам дека си е до личноста. И може некој од практикантиве кој ќе се пријават идат баш со цел да се покажат и да учат за да после тоа останат во фирмата.

Зависи од фирмата и струката.Ако ти е само за потпис во пола фирми и ќе ти дадат само печат не мора ни да идеш.Јас дека сум електраш искрено и даваат и нешто пари ако пак не ти е прва година да си на пракса кај истиот и доста добри пари даваат :) со оглед дека си само на пракса.

Али другар правник кој беше на пракса пак вика идеш само таму и седиш, од време на време ќе ти кажат некоја баналност да направиш или да идеш да купиш нешто и на крајот на денот си идеш.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Crazy in Love и Schmeiser Schmi уживајте- и „обучувајте“ се
ваша одлука:icon_lol:
Оди во било која европска нормална држава или во САД, потоа ќе правиме муабет како стојат работите. ;)
Затоа нема да мрднеме од мртва точка, затоа што на сите устите им се огромни за пари, а никој не сака да учи и да оди по нормалниот пат.
 
Член од
14 мај 2012
Мислења
146
Поени од реакции
50
Браво што си успеал да се снајдеш и сето тоа али не смее со државни пари да се плаќаат луѓе да работат во приватни фирми.

Практично таа газдарката добила од тебе 4 месеци работен труд без да ти даде ни денар зошто те плаќала општината со општински пари.Ова е 100% нелегално и неуставен проект.
Знам намерно ме држеше до крај за да не ме плаќа. Дури и се зеаба јас си барав работа во меѓувреме да ми понудеше одма ќе останев кај неа. Како и да е боље за 5000 да работиш 4 месеци стекнеш искуство и ти понудат работа отколку да седиш дома.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
...потегот е во ред...но има едно големо НО....се додека однапред не им бидат кажани условите при евентуално вработување (плата, работни сати) целиот проект паѓа во вода

....што ако практикантот (невработениот) изгуби 3 месеци....му кажат дека е примен на работа за плата од 8000....со секоја работна сабота....а во меѓувреме имал шанса да се вработи во некоја друга фирма за плата од пример 11000 или пак каде што не се работат саботите?
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Зависи од фирмата и струката.Ако ти е само за потпис во пола фирми и ќе ти дадат само печат не мора ни да идеш.Јас дека сум електраш искрено и даваат и нешто пари ако пак не ти е прва година да си на пракса кај истиот и доста добри пари даваат :) со оглед дека си само на пракса.

Али другар правник кој беше на пракса пак вика идеш само таму и седиш, од време на време ќе ти кажат некоја баналност да направиш или да идеш да купиш нешто и на крајот на денот си идеш.
Тоа и го зборам. Се зависи од личноста. Со која цел идеш на пракса, дали да земеш потпис, или стварно да научиш нешто. Познавам многу луѓе кој иделе на пракса и ништо не правеле, по што бараат да ги сменат од местото и да пробат на друго. Така да пак ке речам се е до сопствениот менталитет,желба и слично.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
Оди во било која европска нормална држава или во САД, потоа ќе правиме муабет како стојат работите. ;)
Затоа нема да мрднеме од мртва точка, затоа што на сите устите им се огромни за пари, а никој не сака да учи и да оди по нормалниот пат.
true story bro (y)

Сакаме у модерна Европа со социјалистички манири..епа нема да може!
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.187
Поени од реакции
14.460
Македонска работа, сите мислат дека со добивањето на дипломата веќе се печени за да работат директно.
Епа мало морген, без пракса од барем 6 месеци каде имате допир со тоа што ве очекува понатека во работата нема да имате поим од тоа што го работите.
Без разлика дали си адвокат, правник, програмер, доктор не е битно сегде ти треба пракса, дипломата не ти вреди ништо у старт.
 
T

Tetro

Гостин
Логиката е дека ти си таму да учиш, а не придонесуваш за да бидеш платен.
Ај не зезај. За тоа време те експлоатира како црнец, за работно место продавач, носач на производите од магацин до продавница, растоварување на шлепер и сл. шо обука ќе беше.

Иначе, "познатиот работодавач" може да го погоди секој кој завршил средно.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Добар потег, се слагам со колегите форумџии кои ја подржуваат идеата, ем практикант ем некој денар. И јас бев волонтер за беспари. Волонтирањето Е корисно, тоа е факт, за разлика од факултетот тука првпат се учат многу работи, пред се елементарни работи кои и не се од стручен карактер, како на пример навика за станвуање порано, однос со колеги, комуникација меѓу луѓе, па и тоа „слугување“ во светот се вика однос и почит кон претпоставениот, а па ако за сето тоа се земаа и малце пари, одлично.

Но се зависи како во пракса ќе се спроведе, оти многу добри идеи кај нас пропаднале од пракични причини, така да ајде да видиме и од ова што ќе испадне, дали стварно ќе вработуваат 50% од практикантите, под кои услови, дали пак партиски врски ќе бидат најважни или пак не.
 

El Bohemio

Silver Gate
Член од
6 јули 2009
Мислења
1.058
Поени од реакции
942
....што ако практикантот (невработениот) изгуби 3 месеци....му кажат дека е примен на работа за плата од 8000....со секоја работна сабота....а во меѓувреме имал шанса да се вработи во некоја друга фирма за плата од пример 11000 или пак каде што не се работат саботите?
Е де, сигурно ако претходно имаш шанса да влезеш на работа на друго место, нема да седиш таму каде што си на пракса за 5000 денари.
-Докколку за време на практиканството, практикантот има прилика за друго работно место, или се запишува на додипломски/посдипломски... има право да го напушти моменталното "работно место" без да биде оштетен и без да чека да му заврши договорот за тие 3 месеци каде што е на пракса.
--- надополнето: 27 јуни 2012 во 17:40 ---
ти така мислиш- или ќе те натераат да мислиш дека учиш или те обучуваат- а уствари ќе им слугуваш таму на вработените
иди -види и после -сподели;)
Никој не те тера со сила да "слугуваш" ти даваат задача, ти сакаш спроведи ја сакаш не. Но, доколку има и некој друг таму како тебе, а тој им "слугува", него ќе му понудат работно место, а не тебе.
Бев-сум-споделувам.
--- надополнето: 27 јуни 2012 во 17:50 ---
Ај не зезај. За тоа време те експлоатира како црнец, за работно место продавач, носач на производите од магацин до продавница, растоварување на шлепер и сл. шо обука ќе беше.
Дали тебе ти е потребна пракса да крениш вреќа на рамо и да ја товариш на камион ?
Кога се пријавуваш за практикант, те запишуваат во онаа насока, за која си завршил со учење. Оној кој те прима за пракса ги имаа тие информации за тебе, доколку постапува кон тебе, недолично, имаш право да го пријавиш. Тој ќе биде опоменат и ако пак продолжува по старо, ја напушташ фабриката.
 
Член од
24 јуни 2012
Мислења
39
Поени од реакции
13
Од утре оглас за практикантство и за обука кај познат работодавач

Агенцијата за вработување утре ќе објави оглас за практиканство како прво работно искуство до вработување и оглас за обука кај познат работодавач.
Двата огласи ќе траат до 17 јули, а заинтересираните ќе може да аплицираат во сите работни клубови во 30-те центри за вработување.
Со Програмата за практиканство ќе бидат опфатени млади невработени лица на возраст до 27 години кои имаат завршено најмалку средно образование, а со обуката кај познат работодавач ќе бидат ангажирани 1.000 невработени лица со образование слично на потребите на компаниите.
Двете обуки ќе траат три месеци за кој период практикантите ќе добиваат по 5.000 денари месечно, а невработените лица кои ќе се обучуваат кај познат работодавач по 4.400 денари. Покрај паричниот надомест, ќе се плаќа и персонален данок и осигурување во случај на повреда.
Во двата случаи компаниите ќе имаат обврска да вработат 50 проценти од вкупно ангажираните лица и да ги задржат на работа во период од една година.
Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски и директорот на Агенцијата за вработување Влатко Попоски денеска на прес-конференција ги повикаа сите заинтересирани да аплицираат и да ги искористат можностите што ги нудат обуките.
Министерот Ристовски нагласи дека моделирањето на мерките е направено во консултација со стопанските комори и согласно интересот на компаниите.
- Периодот во кој ќе се врши обуката и периодот во кој компаниите се обврзани да ангажираат 50 проценти од лицата не се случајно избрани. Самите компании покажаа интерес дека искуствено 50 проценти од лицата кои се обучуваат имаат афинитети кои ги задоволуваат критериумите на соодветната компанија, а исто така тие самите тврдат дека периодот од три месеци за обука е доволен за да се добие сознание дали лицето ги исполнува стандардите и потребите на компаниите, рече Ристовски.
Досегашните искуства покажуваат дека од ангажираните 442 практиканти, моментно се вработени 181 скоро во сите сектори.
- Скоро половина од практикантите сеуште се во работен однос што е добра бројка и тоа не мотивираше да ја измениме оваа мерка со која секој млад човек уште од почеток знае дека има 50 проценти можност да биде вработен во компанијата каде ќе биде ангажиран за практиканство, нагласи директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски.
Во врска со предлогот на СДСМ во Управниот одбор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да има и претставници на пензионерите, министерот Ристовски со став дека се работи за задоцнет предлог затоа што во новиот Предлог-закон за ПИОМ е предвидено учество на Сојузот на пензионери во Управниот одбор на Фондот.
ЗОШТО СЕ ВОВЕДЕ МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 8500 ДЕНАРИ ? ВЛАДАТА ГО КРШИ ЗАКОНОТ ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА И ОД ОВА САКАШ ПРАВНА ДРЖАВА АБЕ НЕ БИВА ДО КОГА ВАКА?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom