Ефтина работна сила, деградирање на трудот и феноменот "познат работодавач"

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување
T

Tetro

Гостин
Од утре оглас за практикантство и за обука кај познат работодавач

Агенцијата за вработување утре ќе објави оглас за практиканство како прво работно искуство до вработување и оглас за обука кај познат работодавач.
Двата огласи ќе траат до 17 јули, а заинтересираните ќе може да аплицираат во сите работни клубови во 30-те центри за вработување.
Со Програмата за практиканство ќе бидат опфатени млади невработени лица на возраст до 27 години кои имаат завршено најмалку средно образование, а со обуката кај познат работодавач ќе бидат ангажирани 1.000 невработени лица со образование слично на потребите на компаниите.
Двете обуки ќе траат три месеци за кој период практикантите ќе добиваат по 5.000 денари месечно, а невработените лица кои ќе се обучуваат кај познат работодавач по 4.400 денари. Покрај паричниот надомест, ќе се плаќа и персонален данок и осигурување во случај на повреда.
Во двата случаи компаниите ќе имаат обврска да вработат 50 проценти од вкупно ангажираните лица и да ги задржат на работа во период од една година.
Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски и директорот на Агенцијата за вработување Влатко Попоски денеска на прес-конференција ги повикаа сите заинтересирани да аплицираат и да ги искористат можностите што ги нудат обуките.
Министерот Ристовски нагласи дека моделирањето на мерките е направено во консултација со стопанските комори и согласно интересот на компаниите.
- Периодот во кој ќе се врши обуката и периодот во кој компаниите се обврзани да ангажираат 50 проценти од лицата не се случајно избрани. Самите компании покажаа интерес дека искуствено 50 проценти од лицата кои се обучуваат имаат афинитети кои ги задоволуваат критериумите на соодветната компанија, а исто така тие самите тврдат дека периодот од три месеци за обука е доволен за да се добие сознание дали лицето ги исполнува стандардите и потребите на компаниите, рече Ристовски.
Досегашните искуства покажуваат дека од ангажираните 442 практиканти, моментно се вработени 181 скоро во сите сектори.
- Скоро половина од практикантите сеуште се во работен однос што е добра бројка и тоа не мотивираше да ја измениме оваа мерка со која секој млад човек уште од почеток знае дека има 50 проценти можност да биде вработен во компанијата каде ќе биде ангажиран за практиканство, нагласи директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски.
Во врска со предлогот на СДСМ во Управниот одбор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да има и претставници на пензионерите, министерот Ристовски со став дека се работи за задоцнет предлог затоа што во новиот Предлог-закон за ПИОМ е предвидено учество на Сојузот на пензионери во Управниот одбор на Фондот.
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
што поздравуваш leandra- тоа што ќе добиваат колку за „хранарина„ ?:eek:
--- надополнето: 27 јуни 2012 во 16:19 ---

не е деградирање на трудот- туку деградирање на личноста
Некои ни тоа не го добиваат. Just sayin'.;)
Затоа се вика практикантство, а не работа.
Учиш и се обучуваш, не си вработен. :)
Само според мене треба да се работи и на тоа и волонтерството до некаде да биде признато како работно искуство. Зашо нема логика да ти бара некој на пример 3 години работно искуство, а да не ти важи волонтирање. Ти може три години да волонтираш некаде и на крај кога аплицираш за работа да ти каже: Е па не се важи. Лошо е тоа. (n)
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Некои ни тоа не го добиваат. Just sayin'.;)
Затоа се вика практикантство, а не работа.
Учиш и се обучуваш. :)
Само според мене треба да се работи и на тоа и волонтерството до некаде да биде признато како работно искуство. Зашо нема логика да ти бара некој на пример 3 години работно искуство, а да не ти важи волонтирање.
-

„некои не добиваат ни толку„ .....
дај бе молим те не ме зезај
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
-

„некои не добиваат ни толку„ .....
дај бе молим те не ме зезај
Хм, не те зезам, 90 посто од практиканти во Македонија, не земаат ни ДЕНАР. Логиката е дека ти си таму да учиш, а не придонесуваш за да бидеш платен.
Практикантството е за учење и надоградување, не е за работа. Тебе ти одвојува некој време за да те научи и плус добиваш за тоа некој денар. Тоа е сосема ок. Друго е ако станува збор за вработен човек, овде тоа не е случајот.
Така и треба, прво пракса, па после работа. Не гледам зашто пракса треба да биде платена повеќе од основниот минимум. Ти одиш таму и УЧИШ како стојат работите. Кога ќе почнеш да придонесуваш како индивидуа нека те вработат и нека ти плаќаат колку треба.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Чекајте дали разбрав добро или државата плаќа 3 месеци на лица да работат во приватни фирми ?

ако е така како што сум го разбрал каде е пријавувањето за оваа бесплатна работна сила.
 
ти така мислиш- или ќе те натераат да мислиш дека учиш или те обучуваат- а уствари ќе им слугуваш таму на вработените
иди -види и после -сподели;)
 
Член од
14 мај 2012
Мислења
146
Поени од реакции
50
Чекајте дали разбрав добро или државата плаќа 3 месеци на лица да работат во приватни фирми ?

ако е така како што сум го разбрал каде е пријавувањето за оваа бесплатна работна сила.
Имаше ваква акција општина Карпош пред 6-7 години работев на едно место за 4-5000 4 месеци и ОК беше. Дури и газдарицата ми понуди редовна работа после тоа ама ја одбив бидејќи имав подобра понуда. Во секој случај ОК беше колку толку малку искуство и кеш не е лошо.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Имаше ваква акција општина Карпош пред 6-7 години работев на едно место за 4-5000 4 месеци и ОК беше. Дури и газдарицата ми понуди редовна работа после тоа ама ја одбив бидејќи имав подобра понуда. Во секој случај ОК беше колку толку малку искуство и кеш не е лошо.
Браво што си успеал да се снајдеш и сето тоа али не смее со државни пари да се плаќаат луѓе да работат во приватни фирми.

Практично таа газдарката добила од тебе 4 месеци работен труд без да ти даде ни денар зошто те плаќала општината со општински пари.Ова е 100% нелегално и неуставен проект.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
ти така мислиш- или ќе те натераат да мислиш дека учиш или те обучуваат- а уствари ќе им слугуваш таму на вработените
иди -види и после -сподели;)
Како да не. Јас сум практикант и одам на пракса и научив премногу и сум презадоволна, запознав луѓе, научив одредени работи кои не сум ги знаела претходно.
Слугување... молим ти се...o_O Кај нас сакате да завршат сите факултет и после на уште недобиена диплома да добијат понуда за фотеља, без ден пракса или искуство.
Волонтирање и пракса се нормални појави насекаде во светот, не може некој прцул вчера дипломирал одма да добие стаж, работа, промоција, плати... Треба да си оди по ред, а прво на линијата е праксата, за да научи како одат работите. Од прво ниво, па погоре до повисоко, а не директно во фотеља.
Не ми е проблем и да волонтирам и да одам на пракса, макар и без пари, затоа што јас тоа го правам за себе, за свое надоградување, учам и запознавам луѓе од кои учам. Не гледам што има “слугување“ овде.:rolleyes: Никој не почнал од директорско место, сите учеле на почетокот.
 
Член од
14 мај 2012
Мислења
146
Поени од реакции
50
ти така мислиш- или ќе те натераат да мислиш дека учиш или те обучуваат- а уствари ќе им слугуваш таму на вработените
иди -види и после -сподели;)
Сум работел вака на соодветно работно место со соодветни работни задачи како секој вработен. Ако нешто не ти јасно ќе ти објаснат за да ја завршиш работата. За човек без искуство е во ред.
 
bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
ти така мислиш- или ќе те натераат да мислиш дека учиш или те обучуваат- а уствари ќе им слугуваш таму на вработените
иди -види и после -сподели;)
Тоа си зависи од местото, може ќе те праќаат по бурек секој ден а може и ќе научиш нешто. А во глобала праксата се плаќа само храна и превоз, тоа е секаде така. Ти можеби и ќе работиш истото што и работникот али пак си на пракса таму.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
ти така мислиш- или ќе те натераат да мислиш дека учиш или те обучуваат- а уствари ќе им слугуваш таму на вработените
иди -види и после -сподели;)
А ученициве, или еве и по ново студентиве кој нели законски морат да имат обавезна пракса, кога одат учат или изиграват слуги. Се мислам дека си е до личноста. И може некој од практикантиве кој ќе се пријават идат баш со цел да се покажат и да учат за да после тоа останат во фирмата.
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Crazy in Love и Schmeiser Schmi уживајте- и „обучувајте“ се
ваша одлука:icon_lol:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom