Ефтина работна сила, деградирање на трудот и феноменот "познат работодавач"

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.960
Ако не се лажам и пред 5-6 месеци имаше нешто ваква акција како практиканство да одиш 3 месеци во некоја фирма како на пракса да си осигуран да ти течи стаж и да земаш 5000 денари месечно (пари кои ги дава владата ) и после мора од фирмата да задржат на работа 30 % од тие што практикувале т.е на 10 луѓе 3 да вработат вака мислам беше . Е сега да ви кажам што е финтата во ова. Кажуваат дека е за цела македонија а јас отидов во Охрид во тоа Центарот за социјални работи таму требаше да се пријавам и типот ми вика : Имаш најдено некоја фирма за кај да одиш на практиканство ? Јас му викам нели вие треба да имате список на фирми па да ме пратите во некоја . И овој ми одговара Не се има пријавено ни една фирма ако најдиш фирма дојди ќе средиме . Јас да имав фирма најдено ќе одев на работа дирекно не да одам за овај глупав курс . Смешна ни е политикава во државава.
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Разликата меѓу тогашниот оглас и сегашниот е што тогаш фирмите имаа обврска да вработат 50% од практикантите, и затоа се немаа пријавено ич фирми, а сега не мораат да вработуваат така да им одговара на фирмите постојано да си зимаат практиканти да им работат без пари, ем они задоволни ем од агенцијата за вработување ќе им биде успешен проектот.:unsure:
 

El Bohemio

Silver Gate
Член од
6 јули 2009
Мислења
1.058
Поени од реакции
942
Избори се ближат...сите што ќе бидат практиканти вероватно ќе бидат 10 пати понудени си членска карта или пристапница од вемеро.
Абе ајде, навистина ? Не занев дека така било.
Само не ми е јасно, како тоа, лани, мој другар со членска од СДСМ беше практикант ?
И не само тој, најмалку уште десетина кои ми се познати.
Ама ако, со таков мозок, ќе им се отвори место на оние кои навистина сакаат да искусат ...
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Многу ретко некоја добра приватна фирма да бара работници од агенцијата за вработување тоа повеќе го искористуваат газдите на продавниците, фабриките, и др кои што даваат мала плата и ова им е шанса за подолго време да ги задржат и да им работат бесплатно или да им доплатат нешто ситно.

Значи приватните работодавци вака сакаат работници кога владата ќе им дава пари, а инаку на неопределено не примаат.
Додека има работа ќе те користат како вол и ќе работиш и за другите работници, а некој цел ден ќе спие и ќе зима поголема плата, а имате иста диплома. Едниот ќе зима 5000 а другиот 15000 - 25000.

Подобро ќе работам во некој кафич, маркет и ќе зимам дупло повеќе отколку на некој да му бидам слуга и секое утро на службениците да одам да им купувам јадење и да им варам кафе.

Секој ден ги гледам ваквите практиканти низ државните институции џабе е се си мислат дека ќе ги земат на работа. :tapp:
пример ако се смени владата или градоначаникот на една општина кој е од друга партија има сите како партали да летаат.
Ако имаш книшка и без пракса ќе те вработат ова е само замачкување очи пред избори демек владата се интересира за невработените.
И без пракса зимаат да работиш како професор, но треба книшка и дебели врски.
Некои со години работат како практиканти со надеж дека еден ден ќе го работат тоа што го научиле, а некои пак само што завршиле факултет им го зимаат местото е за тие нема ли потреба од пракса или они се родиле учени?

Истото е и со вработувањето на инвалиди во приватни претпријатија.
Газдите зимаат по 4000 ден од владата и по големите маркети гледам жени без една рака и цел ден носат производи, ова е искористување на немоќно лице и работат нон стоп за празници и викенди.

Сега сите огласи се со барање на инвалиди и не сум против нивно вработувње, но вакви луѓе не смеат да бидат злоупотребени и третирани како нормални луѓе кои ќе работат во магацини каде цел ден ќе се мачат да влечат тешки производи и сл.
Наместо државата да им ги дава тие пари како инвалидска пензија и да си седат дома или да им се даде некоја лесна работа, а не ги споредуваат со здрави лица.

Кај нас во Штип една конфекција има 50 вакви работници кои владата ги плаќа, а газдата си ужива не знае што е тоа плата.
Од реномирана фирма стана место каде што се искористуваат работниците, па дали има инспекција да дојде да види какви луѓе има оставени без надомест од владата, а мора да работат за 4000 ден.
Ги собрале и оние со 50% оштетен вид и слух или без рака или искривени, срамота да му работат за 4000 ден.
По итно да се прекине со овие глупости и да им се даде пензија.

И на приватните претпријатија ако им требаат висококвалификувани работници нека бараат со диплома, а таквите обично имаат и пракса од факултет и можат лесно да научат способни се, и нема потреба да им работат без пари. ;)
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.574
Како и да е не е џабе, ке стекнат искуство.
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Замислете бараат практиканти за позиција келнер и продавач. Каде го има тоа. И после нека каже некој дека не е ова искористување. На никој не му треба да стекне искуство како келнер, секој може одма да се вработи и без искуство исто и за обичен продавач. Проектот треба да функционира со фирми каде се бараат квалификации со завршено образование а не келнери и продавачи, за кои што позиции и луѓе со основно работат и за кои што не е потребно искуство и пракса. Жално.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Уште еден проект за злоупотреба на невработеноста од владата и фирмите. Веќе станаа досадни и проѕирни.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Се работеше за истата тема и истиот муабет, така да ги споив темите.
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
не објаснуам ногу оти гледам на ногу не им се работе само ке ги заинтригирам дека во формата кај шо работам дојдоа двајца практиканти (само едниот е партиски) и се надеват на вработување.
 
Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
Бараат практиканти за утовар растовар и за работа во пералана :S
 

ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836
Моја роднина како невработена се пријави за проектот на АВРМ - Обука кај познат работодавач.Роднинава има околу 30 год. , диплома за одделенски наставник и има работено овде-онде ама по струката во некое школо немаше врски ни за да волонтира не ја примаа.Се пријави на обукава мислејки ете и шанса бар 3 месеци во школо нос да пикне.Ја пратија во Мекдоналдс!:confused: И таму на интервјуто ја прашале дали ако почне да работи кај нив ( а таму се се работи и во подготовка на сендвичи, и на каса, и ги чистиш тоалетите,сите вработени се работат се ротираат) ќе продолжела да бара работа и во школо :tapp: бидејќи на нив им треба персонал за подолго. Не им се допаднал одговорот и не ја примија.
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.076
Поени од реакции
16.248
Дали со овај закон за практиканство работодавачот е задолжен да те вработи после тие 3 месеци? И дали во тие 3 месеци доколку ти се понуди работа а си уште практикант смееш да ја прифатиш и да го прекиниш практиканството?
:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom