Драг иден јас/Драга идна јас...

Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.683
Драга идна јас

Се надевам дека додека го читаш ова писмо се наоѓаш некаде далеку од сите личности кои порано те гледаа како изрод и те осудуваа поради начинот на кој живееш.
Уште повеќе се надевам дека не си им дозволила да те променат и да ти го наметнат своето влијание.
Подобро за тебе да си го завршила факултетот до сега и да си магистрирала некаде во Виена, како што сонуваше отсекогаш или ако не тоа, барем запиши втор факултет некаде далеку од дома, за инат на тие што тогаш ти се смееја во лице поради твоите соништа.
А уште поќеф ќе ми биде ако знам дека ова писмо го читаш некаде во некоја библиотека и дека никогаш не си се откажала од книгите, твојата единствена вистинска љубов.
Подобро за тебе да не си почнала да пиеш кафе, знаеш колку го мразам, ми горчи.
И немој пак да си се осудувала да одиш да ти ја предвидуваат иднината на тарот карти, знаеш дека се глупости тоа.
Можам да се кладам дека уште мрчиш за тоа како тебе никој не те сфаќа на овој свет, па затоа и се сомневам дека до сега си го пронашла оној вистинскиот.... Се надевам дека грешам.
Ако не си го посетила Таџ Махал до сега, под итно да го направиш тоа, па макар и последните пари да си ги дадеш.
И така... Остани си секогаш убава како што си беше и во младоста, не јади многу благо - не е здраво и продолжи да си трчаш. Во здраво тело здрав дух нели?

Viele Grüße aus Mazedonien ^^
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Омекна пичко. Сам си крив. Одиш со филозофија биди добар за другите, а со тоа и за себе, и треба да те боли таквото за тоа дали ти го почитуваат истото, стореното, направеното за нив. Повторно повторува внатрешниот глас, БИДИ ДОБАР ЗА СЕБЕ! И така бидуваш и бидуваш, и повторно бидуваш, и покрај сето непочитување, неценење, чисто гледање на работите во кои не си доволно кул и глуп на нивниот вообичаен, досаден начин.Ти си добар, го јавна коњот кој со својата брзинина го претица и заузда твоето егото. Но некако самарчето на кое седиш ти клапа, се мрда, тешко издржува. Коњот постанува уморен, му попушта снагата, се двоуми да запри. И нека запри. И нека падни во најдлабоката провалија, и нека сиби мајката таму некаде во неповрат. И да се вратиме на старите патишта каде поставувањето бариери и оттргнувањето на дистанца беше секојдневна работа, нема повеќе да ме мачи, да ги глода веќе глоданите мисли на кои се наѕира коска. И коската нека биди тврда, некршлива, а јас, нешто кое не сакам, а че бидам, ако ваквото опкружување на ретардирани дегени се шири како квасец во вода, шеќер и така натака.
Ти си комплицирано суштество кое се обиде да се автоцензурира, да влези во кожа на замислено, добро, младо во цутот студентче, но обидот ти пропаѓа. Барем се обиде.....во иднина пробај му се пак, и пак и пак, ако можиш да се самоконтролираш.
 

SinisteR.

Is this your homework Larry?
Член од
10 јуни 2011
Мислења
2.823
Поени од реакции
7.032
Yo future G
Денес баш славиме четврт век постоење,уствари јас славам а тебе само ти останва сеќавање на едни времиња ко си бил млад и личен :свиркам:.Ајде ајде cheer up,кој беше шо рече дека родените губат смисла после двајспрвата,а и онака се се средва на едно банало честитање на фб.Е да,постој бе уште то срање? искрено се надевам не,ма да не глеам како би го снемало.
Дури го пишам ова на VH1 си пеј Боуви кој после години пак снимил нешо - Where are we now,where are we now? му е рефрено,побарај си ја таму на твојот супербрз интернет од иднината. Епа where are we now? Со годините си иди мудроста или ние исклучок сме? Ти се мотат дечина околу нозе или барем менваш пелени? Општеството вели дека време ти е. Ако ја слушаме баба и мене време ми било ама јас не ни можам да се замислам во таква улога,а ми се чини подалеку од таква одговорност и никогаш не сум бил.
Шо да те советувам бе другарче? Си знам јас колку мразам промени па сигурен сум и ти си истиот ама изгледа не треба. Си лета времето,то да знајш,ама знајш чим јас знам. Глеј да не забораваш. Јас заборавам многу работи.
Се сеќаваш на А? Ако не,не ти кажвам на која мислам,нека си седи изгубена во сеќавањата. Ако не,ти блазесвам пошто сега не поминува час а да не помислам на неа.
И ајде сеа станвај од пред компјутер,треба поќе време да врвиш со децата,викат убо било за развојо нивни,ама шо се разбирам јас
 

Goxyto

#FinoAllaFine
Член од
31 јануари 2010
Мислења
2.589
Поени од реакции
2.534
Интересно ова. Ептен. Сега ќе си напишам писмо до иднот јас, дваесет и две годишниот јас. Барем до тогаш би требало многу работи да се сменат.

Ќе го оставам утре на едно место за кое никој не знае кај е, ниту пак е бил.

Доколку сум сеуште член на Кајгана тогаш, би го споделил писменцето и импресиите. Event created за 1ви април 2017та. Се надевам нема да го променам мејлот до тогаш. :)
 
Л

Лигеја

Гостин
Драга идна јас,превземи ги работите во свои раце,направи ги своите родители горди и престани да читаш беспотребни филозофски книги и да го трошиш времето залудно пишувајќи поезии или учејќи како да бидеш се и секого наместо една и единствена фокусирајќи се на својата професија која е благородна и со која можеш да помогнеш многу.Залагај се и биди прогресивна,доста ти беа боемски искуства.
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.610
Da se iselish od drzavava, zaso nemas idnina tuka...
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Да најдеш повеќе време за луѓето во твојот живот. Да сфатиш дека е *добро* да ги видиш и посетиш од време на време.
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Драга идна јас...

Се осмелив да ти пишам кратко писмо за да побарам од тебе неколку работи кои би те направиле подобра личност во иднината иако знам дека ке игнорираш како и се досега.

Еднаш еден човек ти рече:Попрво ке се спогодам со магаре отколку со тебе па затоа ке те замолам да го намалиш инаетот и да не глумиш лудило.
Исполни го твојот сон,помрдни ги работите од мртва точка...Паметна си ти ке успееш.
Биди трпелива и смирена за да не страдаш на крај...Изброј до 5 ако не можеш до 10.
Барем еднаш послушај го разумот а не сцето и не ги искажувај емоциите кога ти сакаш туку кога ке е правиот момент за тоа.
Биди отворена личност,не се затварај како досега и употреби ги советите кои ги даваш на останатите.И продолжи да шириш позитива како и досега онаму кај што ја нема....
На идното твое семејство подари им ја сета твоја љубов и грижа...Ке им ги исполниш срцата...Ем ти срекна ем останатите срекни.
Ризикувај,ако мислиш дека ке ти донесе тоа добивка,но претходно посоветувај се ако не сакаш да погрешиш.
Биди искрена,како секогаш...И погази ја гордоста кога е потребно.
На крај,една желба...Отиди на еден концерт на Колд Плеј и извикај се ко магарица на Paradise.

П.С. Намали малку со Prodigy.Почнува да ти штети.
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Драга идна јас,
Ако во моментов го читаш ова и се уште си на истото место каде било искуцано, тебе очигледно амбициите поплава ти ги однела.
Продолжи да се бориш за своето место во овој изопачен свет и потоа уживај во заслуженото.Италија ваљда не ти киднала, а ако ти киднала инстантно пакувај куферите и напуштај земјава да не се дигаш после сама на клоци.
Се надевам прекина да си зимаш се и секого при срце, станувајќи уште посебична и ставајќи се себе на прво место.Ако не ти се исчистени до сега непријателите и термитите, продолжи да ги чистиш, но не оставај траги позади себе.Особено не оставај можност да се вратат и да ти сјебат некој сегмент од животот.
До сега би требало да си ојачана и ти да бидеш на местото на бирачот, а не на избраниот.Од инатот никад да не си се откажала, тој е оној кој те дотурка до овде, кој ќе те турка цело време кога нема никој друг позади тебе да те поттурне.
Нешто корисно што го научив на овие 22 години е дека пријателите постојано ќе ти се менуваат или ќе се вртат во круг- ќе ги снемува па ќе се избацуваат кога најмалку ќе ги очекуваш.Немој да бидеш толку строга према нив, имај малку повеќе разбирање но и поголема претпазливост.Знаеш и самата низ што све помина жртвувајќи се за пријателствата на конец.Разликувај мамичето твое кога те бараат ради некоја потреба а кога ради тебе и твојата отсутност.
Кога го пишував ова бев во одлична форма, немој да ме усрамиш и да се најдеш читајќи го текстов во лежечка позиција оптегната ко крава со спојлеришта.Ако не дај Боже е така, мавни си две заушки и станувај да трчаш, веднаш!
Друго, немој случајно да ти текнало да го предадеш/дадеш срцето туку така на некој.Ти веќе ги научи туѓите игри и стратегии со кои пробале да допрат до тебе и да си поиграат со твоите емоции.Не ме разочарувај и не биди глупата и наивна девојка од порано.Мудра си ти кога сакаш да бидеш, кога не си дозволуваш да полеташ пред да одброи семафорот и да светне зелено светло.Стрпи се за она кое го заслужуваш, ќе дојде и тек тогаш ќе можеш да се отвориш без да биде присутен стравот дека ќе бидеш осудувана и казнета за своите грешки од минатото.
Коа сме кај грешките, ги праиш уште? Ако ,прај ги, бар почна да се учиш од нив шуќур. Ама немој да ги праиш по неколку пати истите, знаеш и самата како тоа би влијаело на тебе.
Е, и како за последно, или си прекинала да преминуваш пешачки така нагло како што знаеш или си со некоја скршеница/шипка у тебе.Се надевам дека е првово, тоа е грешка што не смееш да си дозволиш да ја напраиш.
+ Tip: Ако случајно се наоѓаш во тежок период, потсети на тоа што се сеќавам јас во моментов а го кажа професорката по симултано преведување : "Не не не, не застанувај, продолжи да идеш напред.Тоа што си го испуштила батали го, ако ти текне на него у меѓувреме поправи го ако не терај понатака".
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Somewhere in the near future.

Passed down to you.... yeah, you little piece of.... something.
Ако го читаш писмово гарант сеуште дишеш на бели дробови а не си некаде насред бутел испод 3 стопи земја. Ваљда го читаш ова и се газиш од смеење поради твојата неинвентивност. Таков е периодот сега, на 27 години. Зракот е блуткав, имаш бучава во ушите и ваљда сеуште ги слушаш Грин деј. Глуп си пошо не делуваш планирано, одиш со некакви си хедонистички сфаќања, малку по малку запаѓаш понекад у летаргични моменти. Егзистенционализам? Да, тоа беше пред две години. Можда и тогаш требаше да си пишеш за сегашниот „јас“. Овој де од 27 години. И сфаќаш и се чувствуваш ко да ти тече „Time" од Пинк Флојд. Сфаќаш но не превземаш ништо. Затоа што сега си таков, безидеен ропак кој мисли дека со ова го фаќа бога а богами и времето за муда.
Ако идниот ти (тој што сеа го чита ова) досеа не си имал некоја посериозна врска, сигурно е затоа што сеуште ги имаш оние мали јадови што сам си ги имаш поставено уште во минатото. Значи и тука не си постигнал погзнае што. А и што треба да се постигнува тука? Чувства се у прашање. Ај ваљда си смувал досеа понеколку лесни и една со интелект ти го има пак здрвено... паметот. Знаеш барем шо сакаш.
Ако немаш нешто професионално фатено тоа се` повеќе се должи од ситуацијата. Економската, да бидам покоректен. Осим ако не живееш у друга земја каде вечито ринташ од јутра до сутра за некоја подобра плата. Ама знам дека нема да ринташ. Пошо сеуште си у таа ебана глупа летаргична состојба. Во секој случај биди си коректен со себе. А не да поставуваш некои цели изнад 7 неба и планини. Барем имаш начукано години и реалноста ја согледуваш повеќе. у случај да се гледаш како некој успешен археолог некаде у Италија, под итно да си ги смениш апчињата.
За фамилија не те чачкам, ваљда ќе дигаш слушалка или некој смс до твоите дома. Ако не, тоа е сигурно или затоа што ти си некаде или затоа што тие се. А може и двете. Брат ти ваљда сеуште ти кажуе дека си препаметен но премногу мрзлив. Е па истово сценарио ти е познато и пред да почнеш да студираш, м? Е така...
Е па тоа за сеа ти го пишувам, ваљда писмово нема да може да го дешифрираш ако у иднината струјата се вреднува како луксуз, затоа ќе го испечатам сеа и две свеќи ќе ставам настрана.
So says your counterpart.

Me.
 
C

Celsius

Гостин
Еј другар,

Секоја чест што си го оствари сонот, спакува се што ти требаше, она малкуто но со голема љубов, си ги пронајде јајцата под кревет и го фати првиот воз каде што те водеше срцето. Се надевам сеуште си емоционално копиле кое знае да сака неизмерно, се надевам дека уште си љубопитен за се околу тебе и дека конечно научи дека секој во твојот живот немора да остане во истиот по секоја цена.
Знам дека сеште си тврдоглав но дај олабави млце, ако некогаш го прочиташ ова се надевам дека си го средил тоа. Сигурно си некаде подалеку - малку на север со единственото нешто што ми значи моментално и ми го сврти животот, доколку не си - срам да ти е! Знаеш дека одсекогаш наоѓаше да пат да те пронајде.
Памти го 15ти декември 2012 и никогаш немој да го заборавиш!
Имај повеќе разбирање за несватените, ебате и ти се чуствуваше така.
Не се замарај со давање на шанси по милиони пати на луѓе кои не вредат пет пари и сто пати експлицитно ти го кажале тоа.
Со ноќи ти објаснував како сам дојде на овој свет и дека не си приморан да исполнуваш желби на трети лица од втор ранг. Се знае љубовта на прво место како што секогаш беше.
Ако не си појден во ЊуЈорк појди оти сакам фотка од тајмсквер, ама прво појди до пирамидине и остајсе еден ден во александриската библиотека си го должиш тоа човек.
Не штеди толку, знам дека не пушиш веќе со години и напрај еден банџи џамп чисто да престанеш да се плашиш од висина.
Инсектите посебно пајаците, пчелите и осите не се најлошото на светот. Се надевам се испраксира да мочаш во ВЦ школката а не околу неа - во случај да не побарај стручна помош - озбилен сум!
Не се замарај со тетки, баби, стрини ни тие не се замараат со тебе.
Сакај си го срцкото исто како кога го пишувам ова, светот си го смени за тебе, ама знам дека го сакаш.
Не биди нервозен и секоја критика не сваќаја лично, така пишуваше во Петата Спогодба нели?
Остај ги работите што не си ги направил и не се врајќај наназад. Имаш цел живот пред тебе!

Те оставам во добро здравје. И бакни го од мене :)
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Пер, не го глуши до толку. А и фати се за работа, тибам мрзата.
 
Член од
21 март 2013
Мислења
379
Поени од реакции
1.080
Драга идна јас...

Се надевам дека кога ќе го читаш писмово, ќе го нема повеќе стравот во тебе. И ќе биде решено проблемчето, кое ти ги создава сите други проблеми.
Гледам си го прифатила предизвикот. Секоја чест за одлучноста.
Сега барем си исполнета и го правиш тоа што го сакаш.
Големи одлуки донесуваш, превземаш ризици...не си се променила. Ама, само така ќе го задржиш успехот.
Продолжи така. Биди горда и задоволна од себе. И, ете тие што летаа високо и те повредуваа...сега ги нема никаде. Барем мирна ти е главата од лицемерни личности, мрчатори, кои шират негативна енегија. Си заминаа...
Сега уживај и со памет во глава...гледај пак да не ти се закачат некои такви пијавици.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom