Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.616
Поени од реакции
6.044
Хај кеј,

толку бевте инволвирани во приказната со босанката што мислам дека морам да ви споделам како заврши (пред неколку месеци, уште во Дојчланд ко бев), реално не би било фер да не ви дадам упдејт. И не @agda, не ја изневерив со другар (I think). Имам една колешка од Романија (таа од Комо, мажена за италијанец). Има скрос завземено улога на Матримониум за мене овде, заштитник. Ми вели, ај да одиме заедно на вечера со девојчево да ја запознаам и јас. Океј и велам. Одиме во еден ресторан и забележувам чудна молња од негативен електрицитет меѓу двете. This must be fun, си велам. Седнуваме, порачуваме за јадење. Јас и романката месо како и секогаш. Босанката салата со морски плодови, а романката ме стрела со поглед. Директна жена е, па не чекаше ни 2 секунди. Не јадиш месо, и вели. Свинско исто не?
- Не, јас сум всушност многу религиозна, врати. (на ова едвај се воздржав од chuckle)
- Ахам, а што си по религија?
- Татко ми е хрват католик, мајка ми муслиманка и јас сум муслиманка.
-А. тоа е многу полошо од мојата и неговата религија (покажува романката со лицев гест кон мене).
-....
-А зашто си муслиманка? Русокоса си и повеќе личиш на европјанка од нас двајцата заедно.
- Па ние, сме многу блиски со турците.
-So so, турците ја сакаа и Валахија за нив (старо име на Романија). Ама Влад Цепеш ги набоди на колој.
Всушност ние не го нарековме дра-кул (на-кол), тоа име му го дадоја турците, од ко сватија дека нема да ни владеат во домот.

Одеднаш ручекот стана час по историја. Иронично, не бев јас тој што ја држеше лекцијата.
Мене едно незгодно, пикам прст во јаките од кошулата, проследено со едно, КХМ.

-Види, јас не сум воопшто религиозна (како тебе), и врати уште еднаш. Можеби по разговоров звучам така, но Византиецот ме познава добро и го знае мојот став за црквата подобро од тебе. Можеш да ме критикуваш на религиозна основа и јас нема да се навредам. Се надевам не си ни ти навредена, што вака отворено го кажав мојот став за твојата религија.
-Не сум.

Und mehr oder weniger, das war's.

И сега знам дека јас и романката звучиме ко христијански фанатици против кутрото девојче, ама не е се така како што личи. Пример, ко победи Швајцарија против Србија на светско, босанката славеше - и ми вели, обожувам кога Србија губи (ова беше персонал). Исто има антагонизам кон Израел, а јас на пример в лето ќе летам од Базел во Тел Авив. На инста често покажуваше орлијна со палците (не свесна што означува симболот, ама тој час по историја ќе го зачуваме во нашиот џеб).
Толку, секој по свој пат. Се надевам, сите со својот тип на луѓе.

Инаку колку стареам, толку по безгрижен сум за се. Реално, ми моча на страна. За се.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.736
Поени од реакции
82.818
Како бе само кај мене ми излагаат вакви реклами на ФБ...

IMG_20230203_093342.jpg


Ќе се кршат јајца со Дракула, ако имаат среќа може и да наденат некој муслиман на кол. Носење лук кај домаќинот е строго забрането...
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Квалитетно и максимално наполнети батерии, полни 16 дена уживање. Од понеделник работно, со зголемена продуктивност, до нови успеси.
Бидете ми живи и здрави браќа и сестри Македонци, каде и да сте на светот! Не ја заборавајте нашата историја, никој на светов не може да ни ја одзеде.

Синоќа доцна слетав во Берлин, не стигнав да прочитам МК медиуми, но сабајлево солидно надокнадив навраќајки се хронолошки наназад. Ми се крена и онаа кратката коса која ја имам на главата, во однос на случувањата во мајка Македонија, или како некои што успеаа тоа наше мало парче земја да го претворат во една благо кажано Северна дивоградба.
Начинот на утрешното честување на роденденот на МАКЕДОНСКИОТ великан Гоце Делчев посебно ме загрижи.

Затворени улици низ Скопје, полициско обезбедување како никогаш досега, полициски обезбеден конвој од Бугарска граница до Скопје за бугарските ВИП гости, итн, итн. Стравот бил навистина голем!
Чувај ги чувај ги тие ВИП гости, но затоа удри со пендракот врз Македонскиот народ. Па во најмала рака власта зошто дополнително да не ги почести и со по некој гратис сендвич за добредојде кога "гостите" ќе стапнат на Македонска територија поточно како што се алчни мераклии на нашата скара може и по една дупла десетка со кромид малку да ги поднаполнат широките и дупнати лакоми стомаци.

Гоце Делчев: "Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот"
 

Kajgana Shop

На врв Bottom