Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.702
Поени од реакции
27.645
Никогаш доста од овие егоцентрични психијатриски случаи.

Возам накај паркингот кај Лептокарија, од страната на Карев, кола пред мене, си се паркира прописно. Ја се паркирам непрописно и го затворам. Пошо нели, шансите некој друг да затворам и он да дојде во меѓувреме се поголеми отколку тазе паркираниов. Плус секако ако му е нешто ептен итно и одма се враќа, ќе ми кажеше уште кога ме виде дека го затворив. А и онака се враќам за 1 минута.

Искачам од кола, искача од кола.
Го гледам, ме гледа. Одиме, он накај Ана Кристи, јас накај Мартини.
Се врти и ме прашува „брзо се враќаш, така?“ Викам: да, одма.

За неупатените, Ана Кристи е 25 метри оддалечена од Мартини.

Влагам во Мартини, плаќам, зиам вафлата, одам накај кола.
Ете го во неговата. Нема теорија да ме „чекал“ повеќе од една минута.
Пред да влезам во кола, нервозно ми довикува „што направи бе брат, 150 години те чекам!!!“. Влагам во кола, го ставам клучот, ми свири.

Луѓето со вакви фејк на сила нервози, само на клада.
 
Член од
17 јуни 2022
Мислења
98
Поени од реакции
319
ДК,

Како што гледам од изборната еуфорија сите го заборавивме овој ден како и загинатите херои, а тоа не би требало да се случува.

Вечна им слава на хероите кои ги оставија своите животи бранејќи на нашата Македонија.

11243641_1443497855944668_7816385450903690247_n.jpg
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.893
Поени од реакции
35.345
Кајг,
ем прописно градска со 50 км/ч, ем свиркаат нервозно позади псуејќи „ајде побрзо“, види богати одозгора и крива, а врне ли врне непогодни услови на патот, а сообраќајците никаде ги нема, а имаат бенифициран стаж, за каде, за кафана ли, па потоа брзо се вози, е па ќе се вози јас да се расправам со тркачките несовесни шофери?

10ec9f11a81d5c25f7a91046f086ef21.gif
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.085
Поени од реакции
18.248
Фала Богу па кај нас го нема сеуште оној тренд со подкасти од Србија каде лопови од транзиција глумат бизнисмени и продаваат магла на децата и внуците на оние што ги испокрадоа повеќе од османлискиот башибозук.
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.621
Поени од реакции
6.057
ти ми велиш дека треба да одиме во некоја далечна земја, како би втасале таму со начинот на кој живееме денес? Ти зборуваш многу за Бог и како слободата идела со/од неговиот повик. Тоа не e она што сакам јас, не е воопошто. Јас сакам пари, моќ и слава. Алелуја, јас сакам да тѐ искористам со сè она што го имаш. АЛЕЛУЈА, јас ќе ги искористам со сè она што имаат!
Само е комплетно човечки.
Само, само еден Македонец во Базел. Сонцето изгрева и над оние кој го пропуштиле неговиот повик.
ПАРИ МОЌ И СЛАВА *Инсерт црно срце емоџи #УЛТРАНАСИЛСТВО



Животот се состои од порази, пропасти и... победи. Така и мојов. СЕТА ТВОЈА СЛАВА.
#БелПрслук<3 #Ланчич
 
Последно уредено:

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.621
Поени од реакции
6.057
Базелскиот Базилиск е змејче, кое кога згазнува, зад себе остава отровна трага, од која умираат цвеќенцата од европската вегетација. Своите јајца ги полага во гнездата од други врсти змејови. Јајцата се отровни, па така ги убиваат тие на другиот змеј, а другиот змеј? тој без да е свесен ги одгледува јајцата на Базилискот и натаму како да се негови.
Европа. Среден Век. Мит. Базел. ЕВРЕИ. ЦрвениотШтитНаРотШилд
#ДерРоте



БАЗЕЛ, ХЕЛВЕТИКА

 
Последно уредено:

Johnny B

Психопат
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.219
Поени од реакции
10.235
^ Ова ти доаѓа нешто како post nut clarity ама алкохолната верзија, откако ќе се здробиш од пиење се разбира. :pivo2::pijanco:
Не можиш да гледаш надолу , нозе и раце веќе не функционираат, јазикот ти е врзан, вилицата здрвена, легнуваш и ти се врти цела ноќ и секако му се молиш на горниот да те спаси и куртули, а за возврат ветуваш дека веќе нема да пиеш (y) :popce:

Се разбира, тоа трае до наредната прилика каде пак истиот процес се повторува, само сега ветуваш дека навистина го мислиш тоа, а не како претходниот пат :rolleyes:

Времиња......
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.010
Поени од реакции
36.063
Произведувачите на селотејп треба да знаат дека има луѓе што одржуваат хигиена и редовно сечат нокти, не чуваме сите нокт на малиот прст за чешање уво како Миленко Неделковски.

Се убив гребајки по тоа срањето, напрај таму некоја лепенка барем од почетокот да го одлепам како човек. :kuracc:
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.867
Поени од реакции
9.629
Го слушам овој мојов еднаш како тантори со еден комшија - Еееххх едно крцкалче да имам сега!!!!!
Па јас душичка крцкам на секое станување и легнување, дури и заби кога мијам ми крцка зглобот на раката:(

:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom