Хај кеј,
толку бевте инволвирани во приказната со босанката што мислам дека морам да ви споделам како заврши (пред неколку месеци, уште во Дојчланд ко бев), реално не би било фер да не ви дадам упдејт. И не @agda, не ја изневерив со другар (I think). Имам една колешка од Романија (таа од Комо, мажена за италијанец). Има скрос завземено улога на Матримониум за мене овде, заштитник. Ми вели, ај да одиме заедно на вечера со девојчево да ја запознаам и јас. Океј и велам. Одиме во еден ресторан и забележувам чудна молња од негативен електрицитет меѓу двете. This must be fun, си велам. Седнуваме, порачуваме за јадење. Јас и романката месо како и секогаш. Босанката салата со морски плодови, а романката ме стрела со поглед. Директна жена е, па не чекаше ни 2 секунди. Не јадиш месо, и вели. Свинско исто не?
- Не, јас сум всушност многу религиозна, врати. (на ова едвај се воздржав од chuckle)
- Ахам, а што си по религија?
- Татко ми е хрват католик, мајка ми муслиманка и јас сум муслиманка.
-А. тоа е многу полошо од мојата и неговата религија (покажува романката со лицев гест кон мене).
-....
-А зашто си муслиманка? Русокоса си и повеќе личиш на европјанка од нас двајцата заедно.
- Па ние, сме многу блиски со турците.
-So so, турците ја сакаа и Валахија за нив (старо име на Романија). Ама Влад Цепеш ги набоди на колој.
Всушност ние не го нарековме дра-кул (на-кол), тоа име му го дадоја турците, од ко сватија дека нема да ни владеат во домот.
Одеднаш ручекот стана час по историја. Иронично, не бев јас тој што ја држеше лекцијата.
Мене едно незгодно, пикам прст во јаките од кошулата, проследено со едно, КХМ.
-Види, јас не сум воопшто религиозна (како тебе), и врати уште еднаш. Можеби по разговоров звучам така, но Византиецот ме познава добро и го знае мојот став за црквата подобро од тебе. Можеш да ме критикуваш на религиозна основа и јас нема да се навредам. Се надевам не си ни ти навредена, што вака отворено го кажав мојот став за твојата религија.
-Не сум.
Und mehr oder weniger, das war's.
И сега знам дека јас и романката звучиме ко христијански фанатици против кутрото девојче, ама не е се така како што личи. Пример, ко победи Швајцарија против Србија на светско, босанката славеше - и ми вели, обожувам кога Србија губи (ова беше персонал). Исто има антагонизам кон Израел, а јас на пример в лето ќе летам од Базел во Тел Авив. На инста често покажуваше орлијна со палците (не свесна што означува симболот, ама тој час по историја ќе го зачуваме во нашиот џеб).
Толку, секој по свој пат. Се надевам, сите со својот тип на луѓе.
Инаку колку стареам, толку по безгрижен сум за се. Реално, ми моча на страна. За се.