Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
1 октомври 2022
Мислења
302
Поени од реакции
584
ДГ
Во целост ти ја пренесувам изјавата на татарскиот европратеник Александар Јорданов Александров и неговите впечатоци за Македонија и Македонскиот народ,македонската полиција,власта и опозицијата после празникот посветен на раѓањето на нашиот револуционер Гоце Делчев...

77.png

ГНЕВ! ЕУ БЕЗ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА!

Денешното скандалозно однесување на македонската гранична полиција на границата меѓу Бугарија и Северна Македонија, како и уште поодвратното однесување на македонската политичка елита и македонските граѓани во Скопје во врска со прославата на годишнината од раѓањето на националниот херој од Бугарија Гоце Делчев, испраќа јасна порака: Република Северна Македонија нема место во Европската Унија.
Уште еднаш стана јасно дека национален револуционер како Бугаринот Георги Делчев нема ништо заедничко со денешните Македонци кои се копи пејст на најодвратните комунисти од југословенската ера.
Нивната непријателска десетгодишна политика кон Бугарија мора да заврши. Го слушнав и лидерот на опозицијата во оваа земја Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ, кој активно работи против својата држава во интерес на соседна Србија. А најверојатно и Русија. Денеска не повика нас, Бугарите, да гледаме кон иднината, кон 21 и 22 век. Веднаш да му одговарам: зошто сакајќи да погледнеме во иднината, центарот на Скопје го изградивте со антички градби? Зошто го лажиравте дури и урбаниот архитектонски простор? Нема иднина за такви комунистички фосили како вас - титоисти, црвено ѓубре, југословенски гикови. Ќе висите пред портите на Европа многу долго.

Ќе клечете пред нив додека не ви скапат тиквите за историската вистина дека сте срамни наследници на достојните македонски бугари. Дека сте се преродиле од вашиот бугарски народ. Долго ќе чекате за европско членство бидејќи вашето однесување е на Србите. И затоа што не сте достојни да го носите името Македонци, што е име на македонските Бугари. А тоа какви само Бугари: Перличев, браќата Миладинови, Пејчинович, Делчев, Груев, Сандански, Александров, Михаилов.


Навистина ми е преку глава. И затоа, како европратеник, ги повикувам сите бугарски политичари, млади и стари, десни и леви, либерали и зелени, зрели и незрели, да заземат цврста и непоколеблива позиција во одбрана на бугарската историја, култура и националност во Македонија. - минатото и сегашноста. Затоа што во оваа географска област, чиј дел денес ја окупира независната држава Северна Македонија, живеел и живее бугарскиот народ.

Само не ми е јасно што требаше да направи граничната полиција на тие провокации и погрдни зборови од бугарските граѓани упатени кон полицијата да не требаше со понада да им излезат
 
Последно уредено:

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.345
Драга Кајгана,

what a week ...

Изминатава работна недела ми ја исцица енергијава не можам да се вратам во живите овие два дена.
АМА добив преубави вести и одма си ја враќам енергијата со помислата дека годинава пак ќе станам тетка и едвај чекам :love: Ко вчера да се роди внука ми а еве ја има 2 години и наскоро ќе стане ''голема'' дада :D

Плус запишав дигитален маркетинг. Можда и не сум нормална стварно...јер периодов иам други работи и не знам како све тоа ќе искомбинирам али предобра сум во менаџирање на време и успечу!
Си викам се додека имам време филмови да гледам немам право да се жалам!

Поздрав со сликава
download.jpg
 
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.459
Здраво идеален доручеку!
На Мода и Убавина на темата “Цицки за десетка“ закачив една слика, ај да видам ќе ме сетат ли форумџиите дека

Хихихи, хихихи
таа слика ја склепа
chatGPT!
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.409
Поени од реакции
29.842
Листајќи ја темата "Плата пред и после дипломирање", ме доведе да размислам малку во однос на Македонија и да донесам едно свое сопствено мислење. Можеби целосно погрешно, можеби делумно точно, не знам, времето ќе покаже.

Во Македонија коефициентот на плата кај вработени со високо образование се зголемува претежно само во јавна администрација, тоест во државни институции. Додека многу, многу ретко во приватен сектор. Тоа е факт, познат на секого.

Познавајќи ја ситуацијата со масовното иселување од Македонија, каде секој втор полнолетен граѓанин на Македонија според последните спроведени анкети би ја напуштил трајно својата татковина за подобар живот, што и практично се случува, може да доведе во иднина дури и до позитивна промена за Македонија, како и во односот работодавач-работник, се подразбира и во вреднувањето на трудот на работникот.

Ќе започнам пластично и едноставно, под услов Македонија да не се распарчи/подели, туку сеуште да успее да опстане како држава за некои 5-6-10 години и што тогаш со луѓето кои сеуште ќе останат да живеат таму.
Хипотетички согласно проста математика, доколку во тоа не многу идно време Македонија би броела реално вкупно полнолетно население од ~700.000 жители работите би можеле да бидат поинакви.

Македонските газди тогаш веќе нема да имаат работна сила на претек, врз која ќе можат да се изживуваат, да не ги вреднуваат и да ги третираат како стока, итн, како што е ситуацијата сега. Тогаш ќе молат за работна сила, бидејќи бројот на работници ќе биде премногу мал.

Би имале само и само две алтернативи.
Првата би била да започнат да го вреднуваат трудот на работникот (да го плаќаат соодветно) со што ќе опстанат и понатаму на пазарот, додека втората би била да продолжат да не го вреднуваат трудот на работниците и за кратко да пропаднат. За втората категорија на работодавачи епилогот би бил кристално јасен, за кратко ставаат клуч на врата и чао пријатно. Значи остануваат во игра само оние кои се одлучиле да не пропаднат, со што ќе мораат правилно да го ценат и вреднуваат работникот.

Едноставно, оние кои ќе се одлучат да опстанат на пазарот ќе бидат принудени да ги плаќаат вистински соодветно вработените според нивните работни позиции, +бонус, +саатница од прекувремено, плата според степен на образование итн.
Оваа група на работодавачи во тој случај би морала да си ги скрати сопствените апетити и да намали со трошење на профитот само и само за себе, туку да го одврзе малку или малку повеќе ќесето и за оние кои што работат за нив и им придонесуваат да го остварат тој профит.
Тогаш еден продавач, пример во Интерспорт нема да има плата од мизерни 18.000 денари, дополнително истовремено сем што продава да изиграва и магационер и растоварач на камион, поточно да биде "дечко за се" туку ќе си ја работи строго својата работа за која ќе биде и соодветно платен.
Мислам дека ми ја разбирате поентата. Единствен момент каде во масовното иселување од Македонија, наоѓам и нешто можеби позитивно.

Којзнае, можеби нема врска ова мое сегашно моментално размислување, додека пак можеби држи вода. Ќе видиме.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.774
Поени од реакции
24.531
До вчера зјапаше немо и изгубено во просторот, денес зборува на три јазици и има свои мислења и ставови. Мочко!

Ниеден родител не е спремен за оваква огромна транзиција преку ноќ. :(
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.923
Поени од реакции
35.377
IMG_20230207_201542.jpg

Кајг, ма
упорно не' крадат овие од Салакис, полнето во битолска млекара, наместо седум реда, пак шест реда сирење, отиде плаќање во тежина на солило, наместо во тежина на сирење. :(
 
Последно уредено:

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.381
Поени од реакции
7.514
Кајгана бе, никад не ми се јасни овие што живеат во Македонија а купуваат Салакис фалш сирење бе?

Ај дијаспората ја разбирам дека мора да го купи тој фалсификат грчки шлајм со вештачко палмитиново масло пошто немаат избор.

Ама овие што се у МК, умираат ко магаре на зелена трева!
 

Лаик

Калдераш
Член од
4 август 2018
Мислења
1.442
Поени од реакции
3.155
Поразителен е фактот кога ве читам колку не се поднасате едни со други и можам да констатирам дека непријателот одлично си ја завршил работата..:kafence:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom