Дежурна Ординација! #2

Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
едни капки за нос на Н, мислам Наздал, не ми текнува точно името сестра ми ги има, вчера ми стави од нив и носов сув за 2 мин. Но ептен се силни еднаш на 10 саата се ставаат. Ако ви треба нешто екстремно ова е лекот.
Назан? За мали деца ќе ги биде ли?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Не знаев кај да прашам зошто не најдов тема за Електронските здравствени легитимации, па затоа овде.
И син ми нема здравствена легитимација, без разлика што е од Скопје.Едниот има, другиот нема. Нешто друго изгледа не им е средено.

Дали некој знае од она обично оригано за пици, како се прави чај за пиење (пошто дивото е многу поскапо) Наводно одлично делувало на настинки и микроби, а веќе 2 недели како сме дома за нигде од вирусиве со кашлици, синузити, ларингити...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Назан? За мали деца ќе ги биде ли?
Nozetal :) еве сеа видов ама на нив пишува 12+ за возраст :( сеа еве го прашувам братучед ми зашто овие се силни и пишува еднаш на десет часа и мисли дека имаат опојни супстанци во нив. Не е чудно аптекарката и рекла на сестра ми ако претера со нив дека вртоглавици и халуцинации се јавуваат.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Дали некој знае од она обично оригано за пици, како се прави чај за пиење (пошто дивото е многу поскапо) Наводно одлично делувало на настинки и микроби, а веќе 2 недели како сме дома за нигде од вирусиве со кашлици, синузити, ларингити...
Не знам колку обично оригано ќе ти помогне. Знам дека дивото оригано средува баајги брзо. Од лично искуство ми беа воспалени синусите минатата недела, земав спреј од диво оригано за неполн ден како нова дишев и помина и главоболката. Спрејот е околу 200 денари во Зегин.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Nozetal :) еве сеа видов ама на нив пишува 12+ за возраст :( сеа еве го прашувам братучед ми зашто овие се силни и пишува еднаш на десет часа и мисли дека имаат опојни супстанци во нив. .
Пазете да не ја пресушите слузницата,чувството е исто многу лошо. Да не пишува на нив случајно нафазолин.
Не знам колку обично оригано ќе ти помогне. Знам дека дивото оригано средува баајги брзо. Од лично искуство ми беа воспалени синусите минатата недела, земав спреј од диво оригано за неполн ден како нова дишев и помина и главоболката. Спрејот е околу 200 денари во Зегин.
Токму тоа го барам. Гледав вода од диво оригано ама спрејот повеќе одговара пошто се синусите кои се слеваат надолу и прават проблеми.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Пазете да не ја пресушите слузницата,чувството е исто многу лошо. Да не пишува на нив случајно нафазолин.
Токму тоа го барам. Гледав вода од диво оригано ама спрејот повеќе одговара пошто се синусите кои се слеваат надолу и прават проблеми.
Не, уште денес ги користам и толку, се среди носот :)
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
Осигуран сум преку колективно осигурување на факултет. Треба да правам артроскопија на колено, но во државна болница треба да чекам до декември за тоа, па размислувам да одам на приватно. Ме интересира дали осигурувањето секако ќе ми исплати средства за здобиената повреда доколку одам на државно, дали ќе ми исплати доколку појдам и на приватно и колкава би била отштетата, односно дали сите болнички трошоци ќе се покријат пошто по приватниве болници цената е околу 600 евра за артроскопија.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Сакав да се надоврзам за мислењето за антибиотиците пред некој ден ама немав време да пишам. Проблемот не е само во пациентите што идат да си купат антибиотик, туку и во докторите, и во фармацевтите.

Еве вака накратко, најчести грешки на некои доктори при издавање антибиотици:

- Амоксиклав за трудници (клавулонска киселина е контраиндицирана при бременост).

- Приватни лекари кои му даваат на пациент одделно да купува на приватно тобрамицин и дексаметазон капки (на секои 4 саати ќе треба да става две различни капки со размак 10тина минути) наместо Tobradex/Dextobrin (кои идат на фонд и се комбинација и од тобрамицин и дексаметазон). Ова е честа пракса кај приватните лекари, да препорачуваат лекови кои ги има само на приватно, а кои во некои случаи не се ништо по cost-effective од лекови кои се на рецепт.

- Пишување на заштитно име наместо на генерика. На пример, пречесто пишуваат Citeral (заштитно име) наместо ciprofloxacin (генерика), и со тоа пациентот купува двојно поскап лек (Цитерал) наместо Ципринол (иста генерика се и двата).

- Кога се препорачува некој лек, за кој има ист таков со поретко дозирање (зошто е со модифицирано ослободување), треба да му се даде до знаење на пациентот дека (најчесто на приватно) може да си купи и со модифицирано ослободување (ако му одговара да плати повеќе за да се дозира поретко). На пример Fromilid uno се зема на 24 саати, а Fromilid на 12 саати (ист состав). Ова е истовремена грешка и на лекарите, и на фармацевтите, ама фармацевтите дури и да го препорачаат Fromilid uno, не можат да го издадат без докторска белешка, за да не бидат казнети.

- Грешки во пишувањето на дозирањето прават и лекарите и фармацевтите. На пример, Сумамед не секогаш се дозира 3 дена x 500 mg, на пример за хламидија, доволна е една доза од 1000 mg. Или фармацевтите ги пакуваат doxycicline по 5 во ќесички, а вообиченатата терапија е 10 дена (антибиотиците не треба да се прекинуваат порано од што треба, тоа е причина за стварање отпорност на бактериите кон антибиотици). Исто, фармацевтите пишуваат на доксициклин да се земаат на 24 часа, а при некои инфекции, дозирањето е на 12 часа.

- Негрижа за тоа дали на пациентот му одговара да се придржува. На пример, цефуроксим vs цефахлор, како и цефалексин vs цефадроксил. Цефадроксил се зима на 12 саати, има исти индикации и иста подгрупа е со цефалексин, а сепак цефалексин почесто се пропишува. Истото важи и за другиот пример.

- Пропишување на антибиотици несоодветни за конкретните инфекции. На пример, ципрофлоксацин не се препорачува за синузитис и отитис.

- Фармацевтите веќе не издаваат антибиотици без рецепт. И тоа е некој вид на грешка, со оглед на државава во која сме. Пошо за прегед (да не зборам за брис) се чека предолго и заради горе-наведените причини (грешки со дозирања, избор на лек и индикации). Треба да е дозволено слободно да се купи антибиотик ама ако дојде пациент кој докаже дека знае што прави со себе и ако фармацевтот поседува доволно знаење за да процени (и секако да не му залепат казна за тоа).

Ако функционира здравството како што тврдат на телевизија, ќе функционираа горе-наведените ситници (реално ситници се, секој може да ги има тие информации, не се тешко достапни или тешки за памтење). И нека го охрабрат пациентот уште при првите симптоми да земе крв, потоа ако треба и брис (без да чека 5 часа или следни денови), и да пие штом осети симптоми 1000 mg (по 2 таблети) парацетамол (битно е на почеток така да се "претерува" со парацетамол).
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Натурал, постот (y)

да споделам уште еден ефективен remedy :sneaky: ако ве утепува грлото од болка, пола лажиче мед, пола пипер лут црвен. Thank me later :D

за кашлање освен сируп некој да советува? уште тоа ми остана на агендата :ROFLMAO:
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Натурал, постот (y)

да споделам уште еден ефективен remedy :sneaky: ако ве утепува грлото од болка, пола лажиче мед, пола пипер лут црвен. Thank me later :D

за кашлање освен сируп некој да советува? уште тоа ми остана на агендата :ROFLMAO:
За кашлање знам неколку испробани народни лекови, види кој најмногу ти одговара:
1. Во сад мешаш еднаков број лажици, мед, ракија и маслинов зејтин, ја мешаш и
протресуваш смесата добро, и пиеш од тоа неколку пати во денот (3-5 пати јас пиев)
2. Чај од бел слез
3. Чај од растение што ние во Штип го викаме иглички (ако го знае некој вистинското име нека ме
дополни, за жал јас не го знам)
4. Чај од риген
5. Прополис капки

Едит:
Ха, сега најдов дека иглички е всушност јаглика :D
http://www.moezdravje.com/jaglikata-iglichkata-bilka-za-otklonuvane-na-strav-i-histerija/
.........
Јагликата (игличката) е повеќегодишно растение со кус корен и повеќе разграноци.
........
Јагликата од најстари времиња се користи како многу добар лек за лекување на дишните патишта при белодробни заболувања.
 
Последно уредено:
Член од
4 ноември 2013
Мислења
113
Поени од реакции
20
Ке може ли некој да ми каже колку пари чини стакло со диоптер? И дали цената има врска од големината на диоптерот:?
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.173
Поени од реакции
1.372
Ке може ли некој да ми каже колку пари чини стакло со диоптер? И дали цената има врска од големината на диоптерот:?
Конкретно во Гостивар се од околку 1600 денари до 2300 денари.
Тие 2300 денари имаат секакви заштити, од ув, светлината на компјутер и слично.
Скопје може да е некој денар поевтино.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Ке може ли некој да ми каже колку пари чини стакло со диоптер? И дали цената има врска од големината на диоптерот:?
Цената на обично стакло е 300 денари, што значи дека за двете ќе те кошта 600 денари. Доколку земаш стакло со заштита, цената е 600 денари, што значи дека за двете ќе те кошта 1200 денари.
Ти ја препорачувам оптика Ицо, добри се:)


Сега и јас да прашам нешто за мене...:)

Уште пред два дена почна да ме боли глава, ми се гади, ми се повраќа, стомак ме боли, ми кркори, имам мачнини во стомакот, столицата камен (да не речам едвај одам во ВеЦе).

Се решив да јадам лесна храна, да пијам чај од нане, ама ништо. Апетитот го изгубив, ми се гади од храна.
Почнав да земам Пролајф и Витамин Ц.


Што може да е? Чаре?:)
 
Член од
21 јануари 2013
Мислења
231
Поени од реакции
144
Јас стаклата, без заштита, ги земав 500, не знам дали едно беше 500 или е двете (колку што се сеќавам и двете, ама кога ве читам тука не ми се верува затоа што знам дека моите беа малку поскапи затоа што беа со цилиндар). Пластичните "стакла" ги земав 800 (сега веќе се посигурна станувам дека зборувам и за двете затоа што убаво се сеќавам дека тие наочари беа без рамка одоздола и башка што беа едни од најскапите што ги имаа, татко ми главата ќе ми ја скршеше ако мораше 1600 денари само за стаклата да даде.
Заклучок, скапи ви се стаклата :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom