Не знаев кај да прашам зошто не најдов тема за Електронските здравствени легитимации, па затоа овде.
Мојата фирма поднесе групно барање уште пред една година за картички. За сите се изготвени и си ги земаа, само тие што сме од други градови, не од Скопје, само за нив нема.
Прашавме во фондот за здравство во секој град посебно (зависно од кај сме) и ни кажаа дека никој за нас нема поднесено барање се уште. Прво изводот со кој е платено е пред мене, второ откако ги поднесоа барањата ни пратија бројче на барање под кое се водиме, но овие глупаците од фондот не попуштаат и ни викат дека не фигурираме никаде во системот зошто немало барање. Требало сега приватно пак да си поднесеме ние поединечно барање.
Дали некој го имал истиот проблем, ако го имал, како излегол на крај со неспособните од фондот.
п.с.
@AlternativeF , премести го мислењето во некоја по соодветна тема, ако не му е тука местото.
Ти благодарам