Дадилка - Монструм во Македонија

Член од
12 декември 2010
Мислења
9.927
Поени од реакции
10.555
Така нешто, фино размислуваш. Доказот е нелегано стекнат, но докажува многу поголемо кривично дело. Целта на судот е да ја задоволи социјалната правда, и таа ќе биде задоволена. Инаку во овој случај, поарно е да ја стаи судијата у затвор, услуга ќе и напраи затоа што цела Македонија ја знае веќе, некој друг ќе и пресуди ако остане на слобода.
баш ме интересира кој е тој друг што ке и пресуди? ги тргам на страна родителите и членовите на поблиското семејство бидеејќи ако сакаа веќе можеа ама они по судски пат ке се пресметуваат
и така ти викам
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Зашто мешаш баби и жаби.
Нешто што нема налогодавач неможе да биде законско и веродостојно
За да поставам камера во МОЈОТ ДОМ, не ми треба налогодавач. Не смеам тоа да го правам неовластено во јавни објекти или на јавни површини без предупредување или овластување, ама во мојот дом кој има уставна неповредливост, можам што сакам да поставам и правам доколку тоа не загрозува нечија безбедност или не го нарушува мирот на тие кои се во близина.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.816
Поени од реакции
15.739
Знам каде има и каде нема камери и известување ама ти не ми одговори на прашањето.
А по твоја логика односно по логика на законот ќе влезам во маркет и украдам нешто па кога ќе ме фатат по камерата ќе се вадам дека приватноста ми била загорозена оти без мое одобрување ме снимале.
снимка не е никогаш доказ за суд, без обзир како е стекната, таа само помага на истрагата да најде вистински докази ( форензички и матерјални и сведоци)... патем имаше случај во Штип каде двајца киднапирале едно невино лице и го тераале да признае кражба на основа снимка.. тие си одговараа кривично...
што се однесува до дадилката имаше и многу потежок случај, мислам дека убијците на детето се правосилно осудени на високи казни
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.711
Поени од реакции
6.868

Така е, со мала исправка: Снимката е доказ доколку е обезбедена со Судска наредба иако, повторно ќе се барат материјални докази
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.816
Поени од реакции
15.739
Така е, со мала исправка: Снимката е доказ доколку е обезбедена со Судска наредба иако, повторно ќе се барат материјални докази
снимка не може а биде доказ на суд сама по себе, има многу случаи на слични лица а и големи погрешки ... па и препознавањето на виновникот од страна на жртвата не е сигурно, имаше многу случаи невин човек да се затвори, не само во УСА туку и кај нас, ете и случајот од Битола ... а дури и форензички докази може да се наместат...
.. друго, зошто бргу се заборави случајот со на смрт претепаното ( со кабел) 3 годишно девојче, дали дадилката е поинтересна поради снимка и фејсбук , медиумите си праат тиражи?
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
За да поставам камера во МОЈОТ ДОМ, не ми треба налогодавач. Не смеам тоа да го правам неовластено во јавни објекти или на јавни површини без предупредување или овластување, ама во мојот дом кој има уставна неповредливост, можам што сакам да поставам и правам доколку тоа не загрозува нечија безбедност или не го нарушува мирот на тие кои се во близина.
Од контекст си ми го извадил прашањето.
Не се однесуваше за тоа дома да ставиш камера туку беше компарација за случките со зајко
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.711
Поени од реакции
6.868
снимка не може а биде доказ на суд сама по себе, има многу случаи на слични лица а и големи погрешки ... па и препознавањето на виновникот од страна на жртвата не е сигурно, имаше многу случаи невин човек да се затвори, не само во УСА туку и кај нас, ете и случајот од Битола ... а дури и форензички докази може да се наместат...
.. друго, зошто бргу се заборави случајот со на смрт претепаното ( со кабел) 3 годишно девојче, дали дадилката е поинтересна поради снимка и фејсбук , медиумите си праат тиражи?
Мислам дека истото го збориме. Ако е снимката без судски налог, не е доказ, туку само сомнение кое треба да се потврди со материјални докази. Доколку е со налог, се третира како доказ, но не единствен, туку треба да се обезбедат и материјални докази. Во САД снимката може да биде и единствен доказ доколку се работи за лице кое веќе сторило кривично дело
 
Silvio

Strength And Honor
Член од
21 јануари 2009
Мислења
311
Поени од реакции
166
Интересното е што од кога се крена фамата со незаконските прислушкувања во Македонија сите фрапантно почнаа да го разбираат па дури и практично да го применуваат правото. Јасно е дека сите знаат да читаат и да разбираат што сака да се каже во една реченица, да бидам поконретен - знаат да прочитаат закон и да го сфатат, у принцип законите се правени да може да ги прочита и разбере обичниот граѓанин.

Но, не би постоела потреба од адвокати, судии и општо голем број на правници ако беше работата така јасна, ако беше правото само „10 Божји заповеди“ што секој треба да ги почитува а во спротивно му се сече рака, нога и слично.

Гледам сте си го прочитале сите Законот за кривична постапка, сте го чуле и Латас како на вести држи ток шоу и проповеда вовед во право и вовед во кривична постапка како вистински доктор на науки.

Како вистински доктор на науки кој се бави со вистинско проповедање на кривичното право кој има обработено дел баш од оваа проблематика, топло ви го препорачувам проф.Никола Тупанчески, трудот изработен во соработка со м-р Драгана Кипријановска - „„’Употребната вредност’ на незaконски прибавените докази – осврт врз стандардите и решенијата инкорпорирани во стразбуршкото и во компаративното право“.

За доволно да ве заинтригирам еве ви еден цитат од трудот: „Во согласност со меѓународните стандарди, добро би било одредбата од чл.12 од ЗКП (Законитост на доказите) да се релативизира така што да се остави можност во зависност од општествениот (јавниот) интерес, под одредени услови да се земат предвид и некои од доказите кои се однесуваат за тешки облици на казнени дела за кои се води редовна постапка; кога повредата на правата, со оглед на нивниот интензитет и природа, била битно помала од тежината на казненото дело“.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862

Тоа јас цело време го зборам дека треба да се направи
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.816
Поени од реакции
15.739
Мислам дека истото го збориме. Ако е снимката без судски налог, не е доказ, туку само сомнение кое треба да се потврди со материјални докази. Доколку е со налог, се третира како доказ, но не единствен, туку треба да се обезбедат и материјални докази. Во САД снимката може да биде и единствен доказ доколку се работи за лице кое веќе сторило кривично дело
може да биде болдираното ако се работи за црнец, го убива полицијата и вади доказ дека имал пиштол... А кај нас полицајците одговараа затоа што пукале во возила на дрски дрвокрадци што сакале да ги прегазат со возила
 
Последно уредено:
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Од контекст си ми го извадил прашањето.
Не се однесуваше за тоа дома да ставиш камера туку беше компарација за случките со зајко
Зајко е минорен во споредба со тепање 9 месечно дете! А ако родителите обезбедиле и уверение од лекар за модриците на детето (доволно е само да бидат констатирани дека постоеле), пак е доволна снимката за да покаже дека модриците потекнуваат од тепањето. Ако нема лекарско уверение, тешко ќе оди доказната постапка.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.514
Поени од реакции
11.585
Судот си го кажа своето, видео снимката е легален доказ и ќе останува дел од судската постапка.

http://www.24vesti.com.mk/snimkata-na-dadilkata-koja-tepa-bebe-kje-bide-dokaz-na-sud

Снимката на дадилката која тепа бебе ќе биде доказ на Суд

25.09.2015 | 19:54

Судот не го прифати барањето на адвокатот на дадилката за издвојување на снимката од камерата како доказ во судската постапка.

Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје постапувајќи по барање на адвокатот на Т.С., осомничена за кривичното дело – Запуштање и малтретирање на малолетно дете од чл. 201 од КЗ, за издвојување на докзи од предмет поднесено на 10.09.2015 година, донесе решение со кое барањето се одбива како неосновано.

Бранителот во барањето навел дека снимката приложена во доказниот материјал претставува доказ кој е прибавен на незаконски начин, бидејќи не е добиена како резултат на Посебни Истражни Мерки во согласност со ЗКП и потврдата за привремено одземени предмети и наредбата за вештчње се доказ кои произлегуваат од незаконски направена снимка, па затоа во согласност со законските одредби по чл. 12 ст.2 од ЗКП и чл, 93 од ЗКП побара цитираните докази да се издвојат и истите да не претставуаат доказ во понатамошниот тек на постапката.
Но, по добивање на барањето судијата на претходна постапка прибави увид во предметот со кој на осомничената и беше определан мерка притвор, побара мислење од ОЈО – Скопје и изврши увид по истите по што одлучи дека прибавената снимка е прибавена на законит начин, и истата е извадена од мемориска картичка која претходна била дадена на МВР од страна на таткото на оштетеното малолетно дете, за што е составена и потврда за привремено одземени предмети.

Имено судијата на претходна постапка цени дека прибавената снимка, која што ја оспорува бранителот, согласно чл 250 ст.1 од ЗКП, може да служи како доказ во кривична постапка, иако за конкретниот кривично правен настан не е издадена посебна истражна мерка од страна на судот, бидејќи, видео материјалот е снимен во приватен имот, односно станот кој е во сопственост на таткото на оштетеното малолетно дете, а видео камерата била поставена пред се за заштита на приватноста на станот и безбедноста на сега оштетеното дете.
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Е па, наздравје кадрото на дадилката! Сите што дробеа дека не е легално и не можело да биде прифатено, им паѓа во вода муабетот зашто
1. Снимано е во приватен простор кој му припаѓа на тој што ја направил снимката.
2. Снимката директно го прикажува и потврдува делото.
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.665
Е па, наздравје кадрото на дадилката! Сите што дробеа дека не е легално и не можело да биде прифатено, им паѓа во вода муабетот зашто
1. Снимано е во приватен простор кој му припаѓа на тој што ја направил снимката.
2. Снимката директно го прикажува и потврдува делото.
прибавената снимка е прибавена на законит начин, и истата е извадена од мемориска картичка која претходна била дадена на МВР од страна на таткото на оштетеното малолетно дете, за што е составена и потврда за привремено одземени предмети.

poleka, site so drobea ova go kazuvaa..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom