Дадилка - Монструм во Македонија

Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
прибавената снимка е прибавена на законит начин, и истата е извадена од мемориска картичка која претходна била дадена на МВР од страна на таткото на оштетеното малолетно дете, за што е составена и потврда за привремено одземени предмети.

poleka, site so drobea ova go kazuvaa..
Не баш сите. Некои тврдеа дека има простор за повикување на незаконитост на снимката.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.915
Поени од реакции
1.425
монструм во македонија... мнонструм од македонија. Дадилката не е виновна, виновни се родителите и општеството во кое дадилтака се претворила у монструм од македонија. Што мислите дека ова општество може да роди? нормални луѓе? И кој е сега крив? Ја викам родителите, зашто не се свесни во какво општество родилее бебе, неспремни да го заштитат од многуте монструми. Истото бебе, малтретирано од монструм покасно биднува монструм. И него ке го обвиниме.
Еве на пример имаш убиец.
Но тој убил поради тоа што грабежот кој што се обидел да го изврши тргнал наопаку.
Но тој се обидел да изврши грабеж затоа што му требале пари.
Но му требале пари затоа што е нарко-зависник.
Но е нарко зависник затоа што не можел да се соочи со животот.
Но не можел да се соочи со животот затоа што немал храброст и самодоверба.
Но немал храброст и самодоверба затоа што живеел копиле со мајка му, без татко.
Но неговите се оставиле затоа што татко му бил пијаница, а мајка му се однесувала промискуитетно.
Но татко му бил пијаница затоа што не можел да се соочи со животот, а мајка му се однесувала промискуитетно затоа што била од богато семејство и така натаму...

Универзумот е причинско последичен. Секоја последица има причина, а потоа таа последица станува причина за повеќе последици, разгрането.

Ние во случајов, како „семоќни“ набљудувачи го гледаме сето ова и сме свесни за состојбата, знаеме зошто се е онака како што е, имаме разбирање за се, нo тоа не го менува фактот дека нашиот неименуван човек е убиец, нарко-зависник и кукавица, татко му е пијаница и кукавица, а мајка му ороспија, нивното семејсвто е растурено и кукавичко и така натаму...

Безразлика:
- секој човек сноси индивидуална одговорност
- секоја општествена група сноси групна одговорност
- секоја општествена групна хиерархија сноси групно-хиерархиска одговорност
- човештвото како организам сноси човечка одговорност
Во даден временско-просторен интервал.

Мора да се пресече и така се пресекува, врз база на нивоа на свест - индивидуална, групна, групно-хиерархиска и глобална.

Значи, во случајов, конкретно дадилката е изрод, сноси индивидуална одговорност и треба да оди апсаана сургун гемиџиски ортоми да прави.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.508
Поени од реакции
11.572

Па фала Богу.

Сигурно Адолф Хитлер не бил единствениот Австриец кој служел во германската војска за време на Првата Светска Војна, а истовремено бил неуспешен и непознат сликар кој два пати бил одбиен за запишување на виенската Академија за ликовни уметности, во која добар дел од професорите биле Евреи.

И сигурно не бил единствениот неуспешен и непознат австриски сликар кој после поразот на Германија во Првата Светска Војна бил ангажиран од страна на германската војска за да ги шпионира активностите на новоформираните германски политички партии.

Но сепак Хитлер бил единствениот неуспешен и непознат австриски сликар кој служел во германската војска за време на Првата Светска Војна, а по поразот на Германија во војната бил ангажиран од страна на германската војска за да ги шпионира активностите на малата новоформирана Германска Работничка Партија, која подоцна била преименувана во Национал-Социјалистичка Германска Работничка Партија или Нацистичка Партија, а во која набрзо власта ја превзеле Хитлер и неговите следбеници.

Останатото е веќе позната историја.

Не секој неуспешен и непознат австриски сликар е Хитлер, но еден неуспешен и непознат австриски сликар бил Адолф Хитлер и до денешен ден важи за еден од најголемите злосторници на сите времиња, а за неговите злосторства не постои ама баш никакво оправдание.

Ниту па може да биде ослободен од неговата одговорност и вина за нацистичките злосторства за време на Втората Светска Војна само затоа што не бил лично присутен во Аушвиц, Собибор, Мајданек, Белжец, Треблинка и другите нацистички логори на смртта каде што се имплементирало Конечното решение за истребување на Евреите кое не било ниту организирано, ниту испланирано од страна на Хитлер, но сепак било одобрено од страна на Хитлер, што го прави директно одговорен и виновен за ваквите злосторства, иако нема видео снимки кои ја докажуваат неговата вина и одговорност за истите овие злосторства.

Секако дека има индивидуална одговорност за се и сешто и никој не може да избега од таквата одговорност, може само да се обиде да ја избегне, но не и да и' избега.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Казна затвор од 14 месеци за дадилката- монструм која малтретираше бебе во Скопје
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.710
Поени од реакции
6.855
Да е паметна, не треба да се жали. Може и поише да и учукаат
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Ќе ја пуштат на пола издржување само за да гласа за партијата #ЗбогумЖ
не го тупете сеа со политики,тоа крупни зверки како Ален и сличните,обичните смртници се никој и ништо.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.736
фали уште да си најде адвокат што ќе и помогне да добие на Стразбур грдни пари од државата, поради пресуда врз база на снимки
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.161
Поени од реакции
25.661
фали уште да си најде адвокат што ќе и помогне да добие на Стразбур грдни пари од државата, поради пресуда врз база на снимки
Ептен грдни пари дава Стразбур. На Трендафил му дадоа 5000 евра, на Виолета Дума и дадоа 4000. Притоа ниту им поништија пресуди, ниту наложија државата да направи нешто.

Уште адвокат за во Стразбур и фали...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom