RealGirL напиша:
Жал ми е што бев на кратко,мило ми беше што се видов со луѓе кои одамна ги немав видено,али ја немав честа да се запознаам со новите членови!
И мене ми беше жал што не те видов, а уште повеќе кога ми кажаа дека си била тука (дека мислев не си дошла) ... мамата.
Туку собиранката си помина многу убаво ... првата најсмешна работа беше нашата прошетка низ центарот додека го најдовме кафичот со две табли испишани јајца ... немаше човек што не не' гледаше како да сме од лудница излезени!:pos2:
Потоа, половина вечер си ја преседав на маса и уживав во глетката од полн кафич кајганџии од кои многу не познавам, а и не ги запознав ... после тоа, кога се подиспразни малку гужвата, падна добра ретро журка со многу играње ...
Морам да признаам дека Бушав многу пријатно ме изненади со музиката ... незнам зошто ама мислев ќе забегува со некоја транс музика и ќе биде тапа, ама ете, прекрасно, прекрасно!
После таква журка, сите разочарани си заминавме дека немаше каде да продолжиме до сабајле!:uvo:
Туку, си надокнадивме другиот ден со кафиња и се' на се' минатиот викенд поминат со Кајганџии морам да го оценам со 10-ка!
:helou: