Навлегуваш во филм. Или не сакаш да признаеш дека ЈНА беше „ништо“, кадрово. Особено нејзините последни години. Ете... јас ти го раскажав моето искуство. Ако не ти се верува, тоа нема да ја измени вистината. Сите мои колеги ги префрлија во телефонисти (со моталица на грб), оти не знаеа телеграфија, односно, не ги обучија. Смеј се ти, ама тоа е вистината.
Да, за војска (ЈНА) ич не ме бива. Ниту имав мерак да одам, ниту некогаш би имал мерак да бидам војник. ИЧ. Ниту ме интересира оружја, ниту војска, ниту авиони, тенкови, топови... За мене е сето тоа глупава работа. Ама, служење на воен рок беше задолжително, па сосема коректно го сторив тоа. И тоа бев примерен и ценет војник, со добри карактеристики. Кога се вратив од обука во матичната единица, само јас се вратив со положен „курс“ и беше тоа ценето од претпоставените (и во водот, и во батеријата). Ако мене не ме бива за ЈНА, тогаш цела ЈНА не ја бивало. Ако се присетам какви „личности“ беа воените лица... смеа да те фати од нивните „капацитети“. Трупови, влезени во (партизански) филмови. Луѓе кои да не беше војската, кој знае што би работеле... веројатно најпросто што се може. А колкави плати земаа во ЈНА... смешно. Лекари, специјалисти... беа ништо према нив. И колку имаа моќ... боже боже.... Траги-комедија.