Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.291
Поени од реакции
78.941
Има и други, ако не директно, индиректно и скриено на многумина им е криво што македонската државност ја донесоа и изборија омразените левичари.
...со пиштол на слепоочница.
Да беше до нив ќе бевме можда сеуште со Србија.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Ова повикување на „народот“ го повторуваат одредени луѓе како папагали, народот одлучил што сакал да биде 41-та и 44-та, никој со декрет не му наредил, со тоа само им даваш легитимитет на негаторите на нашиот народ кој тврдат дека со декрет Тито ја создал нацијата и државата наша, или па можеби ти се согласуваш со тие тези.

Јас знам добро дека и денес има луѓе во Македонија, и тоа на високи позиции кои не можат да го преболат АСНОМ, НОБ и македонската држава од 1944 година, попрво би со царот, Иван Мијалов и компанија ама џабе е, историските факти се непроменливи, враќање назад нема, колку и да сака некој тоа да се смени.
Секој има право да го сака она што го сака. Мнозинството треба да каже како ќе биде. Националното чувство кај Македонците било поразлично порано, отколку сега, но се зависи од приликите. Нацијата сама се создава, некогаш со помош на надворешни или виши фактори, но пред се треба да има држава. Државата е создадена 1944, барем формално, (за среќа) од Македонци, на АСНОМ. Потоа знаеме дека речиси сите од нив „ојдоја курбан“, односно, најверојатно, создавањето на државата и визијата за неа не биле по теркот на „Тито и партија“.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
...со пиштол на слепоочница.
Да беше до нив ќе бевме можда сеуште со Србија.
41-ва никој со пиштол на слепоочница не ги дигна на востание, 44-та никој не ги присили да го одржат собранието на АСНОМ, што се случувало после од 45 па натаму, особено до 53-та е друг муабет.[DOUBLEPOST=1454512132][/DOUBLEPOST]
...со пиштол на слепоочница.
Да беше до нив ќе бевме можда сеуште со Србија.
41-ва никој со пиштол на слепоочница не ги дигна на востание, 44-та никој не ги присили да го одржат собранието на АСНОМ, што се случувало после од 45 па натаму, особено до 53-та е друг муабет.

Секој има право да го сака она што го сака. Мнозинството треба да каже како ќе биде. Националното чувство кај Македонците било поразлично порано, отколку сега, но се зависи од приликите. Нацијата сама се создава, некогаш со помош на надворешни или виши фактори, но пред се треба да има држава. Државата е создадена 1944, барем формално, (за среќа) од Македонци, на АСНОМ. Потоа знаеме дека речиси сите од нив „ојдоја курбан“, односно, најверојатно, создавањето на државата и визијата за неа не биле по теркот на „Тито и партија“.
Ти нешто друго прво кажуваше, народот требало да одлучи што сака да биде, алудирајќи дека некој го присилувал народот како и за кој треба да се изјасни, сега се повлекуваш и кажуваш дека подоцна биле елиминирани носителите на државноста, (што е точно, јас тоа не го негирам)
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Јас сум бил во ЈНА многу повеќе години, и по напишаното можам да ти кажам дека не ја кажуваш вистината, во ЈНА најнајчесто се одеше “на пукање“ (хахаха и изразот ти е детски несоодветен) - еднаш.
Значи секоја класа имаше едно боево гаѓање (така тоа се викаа не пукање) и во зависност со шо си задолжен, ќе (пукниш) 5 - 15 куршуми.
А ако си бил „само“ 2-3 пати си бил нешо посебно во ЈНА те спремале за специјалец, хаха
А ако ти останало во сеќавање пикавци и чистење на спална, а не обука, терени, поподневна настава, пожарства... имаш проблеми со меморија, пошто од 24 сати во воска спалната се чисти пред спиење полсат и во недела сат два генерално од сабајле а обука и настава ти се секој ден по 8 сати..... али на кој му кажувам, баш би сакал да беше во мојата единица во војска па ќе ти останеа во сеќавање многу други поинтересни работи. Имаше скоро овде на форум едно дете кои исто имаше бујна фантазија па беше инженер, па специјалист за ракети во ЈНА па татко му пилот на МИГ па мешеше топовњачи гарнизони ВЕСови... и на крај го снема ко се откри дека врска нема од сето тоа.
Не се страми биди то шо си, немој да влетуваш во муабети од кои после нема да можеш да излезеш

За население во битола то е службена бројка од попис мислам 1986 година, не сум јас Ѓорѓи Н., јас кажувам факти.
Се уште чекам докумет или пресуда или одлука со која на дедоти му е одземена бакалница, ако ја немаш дома, ја има во историски архив па ќе ти дат копија и објави ја овде да видиме кој кога како и зошто тоа го направил
Але ептен ојде. Сега ти ќе ме убедуваш дека не сум бил во ЈНА? Дека сум рекол „пукање“? Не биди смешен, јас тоа жаргонски го кажувам. Бев во ЈНА 1989/90 година. Војводина. Сега ми кажуваш кога се чистела спална... боже. Поентата ми е дека само тоа правевме.. само „чистоќа“. Не значи тоа буквално дека е така, ама во главно. Никаква сериозна обука сме немале. На „боево гаѓање“ сум бил сигурно 2 пати. Значи, не еднаш. А можеби ти па лажеш? Јас 100% сум бил барем 2 пати на „пукање“.
Ти пожарството го сметаш за некој битен момент? Да „дремеш“ и да ги чуваш пушките во ходникот? Јака работа. А башка што во едното место каде што бев (во 2 града бев) немаше пожарство оти пушките беа заклучени во магацинот (веднаш до едната спална), па само дежурен имаше. И ова се измислувам, а? Тогаш, џабе прајме муабет. И да не заборавам... во војска бев радиотелеграфист (ти-ти-та-та). Еве, ако е срамотно, така поминав.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.291
Поени од реакции
78.941
41-ва никој со пиштол на слепоочница не ги дигна на востание, 44-та никој не ги присили да го одржат собранието на АСНОМ, што се случувало после од 45 па натаму, особено до 53-та е друг муабет.
ОК, ја искључиво зборам за периодот на осамостојување. 90-ти, почеток
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Ти нешто друго прво кажуваше, народот требало да одлучи што сака да биде, алудирајќи дека некој го присилувал народот како и за кој треба да се изјасни, сега се повлекуваш и кажуваш дека подоцна биле елиминирани носителите на државноста, (што е точно, јас тоа не го негирам)
Секогаш државничките работи мора мнозинството да ги „одобри“. Што и да е. Што тогаш не се почитувало.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Секогаш државничките работи мора мнозинството да ги „одобри“. Што и да е. Што тогаш не се почитувало.
Леле какви глупости нема да прочитам. Да требало у време на војна, германска и бугарска окупација да се организира референдум да видиме народот што ке кажел, дали да кренеме востание, или дали да основаме држава.

Народот го кажал својот став во масовното приклучување кон НОВ, во фактот што во Македонија немало ривалски движења како во другите држави тука, немало белогардејци, фашисти, усташи, државни стражи, монархисти и сл. Народот си ја избрал страната, историјата покажа дека тоа била вистинската страна.

Што народот не одобрил и што не се почитувало? А да знам што ќе одговориш, требало да го прашаат народот дали сакал да оди во федерација со Ју државите или независна или обединета македонија, бидејќи двете опции биле еднакво достапни и реални, оти само одма ќе тргневме на Солун, ќе им ебевме матер и ќе ги растуревме сами и Тито и Сталин и Британци и Грци, така тоа не оди во политиката и војната, ама убави се тие прикаски за национал-романтичарски беседи.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.269
Але ептен ојде. Сега ти ќе ме убедуваш дека не сум бил во ЈНА? Дека сум рекол „пукање“? Не биди смешен, јас тоа жаргонски го кажувам. Бев во ЈНА 1989/90 година. Војводина. Сега ми кажуваш кога се чистела спална... боже. Поентата ми е дека само тоа правевме.. само „чистоќа“. Не значи тоа буквално дека е така, ама во главно. Никаква сериозна обука сме немале. На „боево гаѓање“ сум бил сигурно 2 пати. Значи, не еднаш. А можеби ти па лажеш? Јас 100% сум бил барем 2 пати на „пукање“.
Ти пожарството го сметаш за некој битен момент? Да „дремеш“ и да ги чуваш пушките во ходникот? Јака работа. А башка што во едното место каде што бев (во 2 града бев) немаше пожарство оти пушките беа заклучени во магацинот (веднаш до едната спална), па само дежурен имаше. И ова се измислувам, а? Тогаш, џабе прајме муабет. И да не заборавам... во војска бев радиотелеграфист (ти-ти-та-та). Еве, ако е срамотно, така поминав.
радиотелеграфиста кој немал сериозна обука и бил барем 2 пати на жаргонско 'пукање'
дете немој.
Молим те ради тебе немој. Со секој твој пост тонеш се подлабоко и подлабоко
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Нема никој да отвори посериозен „капацитет“, повеќе од бурек, бербер, кафеана... Можно е тоа дека не сакал никој?...
Дали го памтиш Шабан од 70тите и 80тите и неговите милиони во еден напис во еден дневен весник? Ако не се сеќаваш ќе те потсетам.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.269
Дали го памтиш Шабан од 70тите и 80тите и неговите милиони во еден напис во еден дневен весник? Ако не се сеќаваш ќе те потсетам.
ти текнуе на Џирло производи, куп пари намлати тој тип во 80десети
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
ти текнуе на Џирло производи, куп пари намлати тој тип во 80десети
деца се.
https://www.youtube.com/watch?v=t66rGraJ9LY
Или барем да се имаше можност приватно..
Уште во 50тите има пишувано за бројот на работници и т.н. занаетчии. Средината на 60тите статистичарите пресметале околу 115.000 т.н. занаетчии кои реално биле типични приватници капиталисти. Според тогашните весници, иако законски до 5 работници, многу од нив запослувале 10тина пати повеќе, некои дури и 500-600 работници. Некои од нив имале обрт од околу 150.000 долари по званичен курс. 1961 во Белград постоеле 116 приватни претпријатија. Значи постојат приватни предузимачи, приватни превозници, приватни услужни дејности...
Пазарот така не работи, ама кај нас ништо не беше пазарно, па се можеше, плус државата покриваше се.
уште пеестите биле донесени закони со кои се регулира правото на промет на земјата, наемна работна сила и се укинува планскиот откуп.
Стојковски, Бујото функционира во сфрј
http://old.makedonskosonce.com/broevis/2004/sonce535.pdf/08_13_intervju.pdf
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.269
А зошто во МК немаше? Нема никој да отвори посериозен „капацитет“, повеќе од бурек, бербер, кафеана...
имаш слушнато за ЕМО од Охрид? и како настана?
една група ориѓани на чело со Никола Матлиевски оформиле мала електричарска фирма. Поставувале инсталации, профитот го вложувале во опрема и простори, прибирале инженери околу себе и од почеток на 70десети кога биле 20 стина души електричари без високо образование кон крај на 80десети станале гигант со 27 фабрики, лиценци за производство на апарати кои тогаш ги правеа во англија и германија и да воведуваат свое производство. Излегоа на меѓународен пазар во Либија, Кувајт, Ирак, Русија, извезуваа во германија, индија, швајцарија и го покриваа речиси цел СФРЈ пазар. На чело сето време си седеше основачот на фирмата Никола Матлиевски а пази ова, си замина од директорско место по распадот на СФРЈ, во 1988 година ЕМО вработваше 3000 луѓе, имаше профит од 90 милиони долари и зделките ги склучуваше на ниво на влади.
Градежно претпријатие пелистер од битола, сопственост на еден од најбогатите луѓе во Македонија, Сиљан Мицевски, е оформено во 70десетите како молерска задруга, се собрале неколку молери регистрирале своја молерско фарбарска задруга, донеле со себе бои, скали јарци и четки oд дома и почнале да фаќаат зделки кај градежни фирми, приватни куќи профитот го вложвале во проширување на работа па полека освен молерај почнаа и да малтерисват зидат и градат. На почеток Сиљан немал ни свое биро, денес е можеби најбогат Македонец.
Мал си и појма немаш
 
Последно уредено:
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
радиотелеграфиста кој немал сериозна обука и бил барем 2 пати на жаргонско 'пукање'
дете немој.
Молим те ради тебе немој. Со секој твој пост тонеш се подлабоко и подлабоко
Да, немав сериозна обука ниту за телеграфија. Од сите, само јас положив (и тоа не сјајно) само заради тоа што во средно школо одев на радиоаматерска секција, па веќе имав некое искуств од телеграфија (морзеова азбука). Сите други не положија, затоа што многу слабо имавме телеграфска обука. Друго нешто да ме „испрашаш“ за ЈНА, сакаш ли? Да ти кажам и во кои градови бев, кои ми беа командири и сл.? Ќе ти кажам, ако сакаш, вклучително и „у потиљак“, „на зачеље“, „на десно равнај’с“, „извол’те“, „врло добро - служим народу (служиш ти мој курац)“, итн...[DOUBLEPOST=1454576504][/DOUBLEPOST]Лет, многу буквално ми ги разбираш мислите. Јас никаде не кажав дека немало приватни иницијативи, но само од помал обем. Пашата со чии пари ја оформи ЕМО? Го знам Пашата, ко мало дете живеев во Охрид. И во чија сопственост беше ЕМО? А и самиот кажа дека покрај гигантите финансирани од државата, никој не можеше да направи слична фирма. Земјоделци имаше, ситни продавници... итн... да не повторувам.
На оние кои имаа капитал (1945), фирмите им ги одзедоа, газдите многу често шиканирани, затворани, омаловажувани... па во РМ и немаше голем приватен капитал да се вложи во инвестиција (а и не верувам дека би се дозволело во тоа време). Ако можело сето тоа да се прави, ако било либерално тоа, зошто Европа, Маслодајна.. и многу други фирми им се одзедоа на газдите и станаа државни/општествени?[DOUBLEPOST=1454577532][/DOUBLEPOST]
Леле какви глупости нема да прочитам. Да требало у време на војна, германска и бугарска окупација да се организира референдум да видиме народот што ке кажел, дали да кренеме востание, или дали да основаме држава.

Народот го кажал својот став во масовното приклучување кон НОВ, во фактот што во Македонија немало ривалски движења како во другите држави тука, немало белогардејци, фашисти, усташи, државни стражи, монархисти и сл. Народот си ја избрал страната, историјата покажа дека тоа била вистинската страна.

Што народот не одобрил и што не се почитувало? А да знам што ќе одговориш, требало да го прашаат народот дали сакал да оди во федерација со Ју државите или независна или обединета македонија, бидејќи двете опции биле еднакво достапни и реални, оти само одма ќе тргневме на Солун, ќе им ебевме матер и ќе ги растуревме сами и Тито и Сталин и Британци и Грци, така тоа не оди во политиката и војната, ама убави се тие прикаски за национал-романтичарски беседи.
Да те научам: Кога една држава прави сериозен политички (државнички) чекор, за тоа мора да се праша народот. Како на пример референдумот 1991 г. за „самостојна Македонија со право да стапи во сојуз...“. Исто и за ’45. Како тоа државата да биде комунистичка/социјалистичка, а никој тоа не го изгласал. Башка што тоа не е демократски систем каде луѓето не можат да се кандидираат самостојно и да се изберат ако не се подобни и да немаат поддршка од „соодветните луѓе“ и „тела“. Секој има право на свое мислење, на свои ставови, ако не се нечовечни, против некој друг, дискриминаторски и слично, да ги понуди на јавноста, па ако народот ги прифати (на избори, референдум...), да има можност да ги реализира. Па и да се монархистички или не знам какви. Ако нема поддршка, нема да се реализираат. Тоа е демократски, а не насилно узурпирање на власта. И тоа легално. Да, требало народот да се праша и дали сака федеративна Југославија. Знам дека и не било можно, оти ако тоа некој го покренел, сигурно ќе му летнела главата (буквално), а тоа само го докажува демократскиот капацитет на „Тито и Партија (омладина, акција)“.
Тоа со Солун е друга работа, каде сум ја спомнал?
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.269
Да, немав сериозна обука ниту за телеграфија. Од сите, само јас положив (и тоа не сјајно) само заради тоа што во средно школо одев на радиоаматерска секција, па веќе имав некое искуств од телеграфија (морзеова азбука). Сите други не положија, затоа што многу слабо имавме телеграфска обука. Друго нешто да ме „испрашаш“ за ЈНА, сакаш ли? Да ти кажам и во кои градови бев, кои ми беа командири и сл.? Ќе ти кажам, ако сакаш, вклучително и „у потиљак“, „на зачеље“, „на десно равнај’с“, „извол’те“, „врло добро - служим народу (служиш ти мој курац)“, итн...[DOUBLEPOST=1454576504][/DOUBLEPOST]Лет, многу буквално ми ги разбираш мислите. Јас никаде не кажав дека немало приватни иницијативи, но само од помал обем. Пашата со чии пари ја оформи ЕМО? Го знам Пашата, ко мало дете живеев во Охрид. И во чија сопственост беше ЕМО? А и самиот кажа дека покрај гигантите финансирани од државата, никој не можеше да направи слична фирма. Земјоделци имаше, ситни продавници... итн... да не повторувам.
На оние кои имаа капитал (1945), фирмите им ги одзедоа, газдите многу често шиканирани, затворани, омаловажувани... па во РМ и немаше голем приватен капитал да се вложи во инвестиција (а и не верувам дека би се дозволело во тоа време). Ако можело сето тоа да се прави, ако било либерално тоа, зошто Европа, Маслодајна.. и многу други фирми им се одзедоа на газдите и станаа државни/општествени?
Срценце мало, полуобучен телеграфиста во војска која не можела да обучи телеграфисти хахаха остај батали ЈНА не те бива
ЕМО почна како група на охриѓани електроинсталери, значи не ги оформи ни партија ни Тито ни Ленин, се здружија и почнаа да работаат, отпрвин скромно, поставуваа жици, монтираа инсталации, такви здруженија или задруги имаше секаде бе низ СФРЈ, собрани 2 машки и 2 женски бербери па ќе отворат салон, собрани неколку мајстори ќе напрат занаетчиска задруга, собрани неколку молери.... е сега некои од нив пропаднаа, некои од нив до пензија си останаа задруга пошто самите решаваа шо ќе прават од профитот дали ќе си го делат за плати или ќе си се унапредуваат, Николл со своите соработници решија да се прошируваат, профитот да го вложуваат во нови опреми машини погони.... и тоа ги донесе на ниво на гигант во рамки на СФРЈ. Ако си се дружел со пашата сигурно ја памтиш и сликата во неговата канцеларија урамена од 70 десети години тој со уше неколку негови другари во работнички алишта околу првиот нивен направен трансформатор, од тој трансформатор кој го направија и монтираа тргна нивната сериозна работа, а можеби и си седел со нас на масата во репрезентативен ресторан на ЕМО од капијата ќе слезеш надолу па после погон за трансформатори одиш лево па врвиш покрај погон за расклопни апарати и тука пред да стигнеш до таканаречени флексибилни системи и мислам дека и испитната станица беше тука, имаше едно ресторанче каде пашата ги дочекуваше свои гости и приатели, и тука со него и мизата јадевме риба, и тука многу ме бендиса и “емовка“ нивна ракија со анасон не знам дали знаеш но Емо правеше за свои потреби и вино и ракија која се служеше при посети на делегации и гости..... имам мнооогу уше да ти кажувам али доста ти е и толку
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Срценце мало, полуобучен телеграфиста во војска која не можела да обучи телеграфисти хахаха остај батали ЈНА не те бива
Навлегуваш во филм. Или не сакаш да признаеш дека ЈНА беше „ништо“, кадрово. Особено нејзините последни години. Ете... јас ти го раскажав моето искуство. Ако не ти се верува, тоа нема да ја измени вистината. Сите мои колеги ги префрлија во телефонисти (со моталица на грб), оти не знаеа телеграфија, односно, не ги обучија. Смеј се ти, ама тоа е вистината.
Да, за војска (ЈНА) ич не ме бива. Ниту имав мерак да одам, ниту некогаш би имал мерак да бидам војник. ИЧ. Ниту ме интересира оружја, ниту војска, ниту авиони, тенкови, топови... За мене е сето тоа глупава работа. Ама, служење на воен рок беше задолжително, па сосема коректно го сторив тоа. И тоа бев примерен и ценет војник, со добри карактеристики. Кога се вратив од обука во матичната единица, само јас се вратив со положен „курс“ и беше тоа ценето од претпоставените (и во водот, и во батеријата). Ако мене не ме бива за ЈНА, тогаш цела ЈНА не ја бивало. Ако се присетам какви „личности“ беа воените лица... смеа да те фати од нивните „капацитети“. Трупови, влезени во (партизански) филмови. Луѓе кои да не беше војската, кој знае што би работеле... веројатно најпросто што се може. А колкави плати земаа во ЈНА... смешно. Лекари, специјалисти... беа ништо према нив. И колку имаа моќ... боже боже.... Траги-комедија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom