Властодршците против штрајкови и протести

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.784
Поени од реакции
21.189
Јас како што те разбирам, ти викаш дека секогаш кога браќата ќе прават притисок Македонците треба да виткаат кичма?
Јас велам дека како прво газот ни е оддамна даден под кирија.
А како второ се додека некој многу моќен им го чува грбот, неможиме нешто многу многу да направиме околу тоа.[DOUBLEPOST=1416096335][/DOUBLEPOST]
А за што се работи?
Еве две едноставни прашања на кои се одговара со да или не.

Дали ти ја оправдуваш амнестијата? Да или не?

Дали сметаш дека некој кој ја дал таа амнестија заслужува да води еден народ? Да или не?

Во суштина, работите се секогаш едноставни, само треба да се остане при фактите.
Ке ти одговорам на едното и после ке ке ти одговорам уште на неколку за да знаеш зошто не ти одговарам на другото.
Не не оправдувам амнестија, не оправдувам промена на знаме, не оправдувам територијална поделба , не оправдувам промена на устав , име, двојазичност, бугарски пасоши итн итн......
Како што можеш да забелжиш јас многу работи не оправдувам, ни ти, најверојатно и добар дел од Македонците. И што со тоа?
А за што се работи? Се работи дека не сме сами во светот, а тој не е нити фер нити правичен.
 
Последно уредено:
Член од
6 мај 2014
Мислења
647
Поени од реакции
1.184
Јас велам дека како прво газот ни е оддамна даден под кирија.
А како второ се додека некој многу моќен им го чува грбот, неможиме нешто многу многу да направиме околу тоа.[DOUBLEPOST=1416096335][/DOUBLEPOST]
Ке ти одговорам на едното и после ке ке ти одговорам уште на неколку за да знаеш зошто не ти одговарам на другото.
Не не оправдувам амнестија, не оправдувам промена на знаме, не оправдувам територијална поделба , не оправдувам промена на устав , име, двојазичност, бугарски пасоши итн итн......
Како што можеш да забелжиш јас многу работи не оправдувам, ни ти, најверојатно и добар дел од Македонците. И што со тоа?
А за што се работи? Се работи дека не сме сами во светот, а тој не е нити фер нити правичен.
Да знам, ние сме мочковци, па после цел свет ни е крив. И што ќе се случеше ако не ги амнестираа убијците? Ќе се кренеа на војна шипојте? Нека се кренеа. Ако не не бива многу подобро е да не нема. Постоење по секоја цена е неприфатливо.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.784
Поени од реакции
21.189
Да знам, ние сме мочковци, па после цел свет ни е крив. И што ќе се случеше ако не ги амнестираа убијците? Ќе се кренеа на војна шипојте? Нека се кренеа. Ако не не бива многу подобро е да не нема. Постоење по секоја цена е неприфатливо.
Колку е вака добро од дома на топло да изиграваш народен херој.
Ете дали ти си спремен сега , утре да земиш пушка во рака и да застаниш зад политичарот кој ке донесе таква одлука и да ја браниш таа одлука дури и по цена на својот живот.
Јас колку толку ти одговоров најдобро што можев на твоето прашање, удоволими ти на моето.
Дали си спремен да го дадеш својот живот за тоа што тука го тврдиш?
 
Член од
6 мај 2014
Мислења
647
Поени од реакции
1.184
Колку е вака добро од дома на топло да изиграваш народен херој.
Ете дали ти си спремен сега , утре да земиш пушка во рака и да застаниш зад политичарот кој ке донесе таква одлука и да ја браниш таа одлука дури и по цена на својот живот.
Јас колку толку ти одговоров најдобро што можев на твоето прашање, удоволими ти на моето.
Дали си спремен да го дадеш својот живот за тоа што тука го тврдиш?
Јас сум спремен да се борам за она што мислам дека е исправно. Ако проценам дека некој политичар навистина му го мисли доброто на овој народ, и дека барем малку има идеализам во него, прв ќе одам да се борам.

За жал, тој воз одамна замина за Македонците. Ние не извадовме ниту еден квалитетен лидер, се некои подлизурковци кои единствено ги интересираат парите. Каков народ, такви лидери. Мочко до мочко. Ние не успеавме за едно помочано неодење во Грција на одмор да се договориме.

Има еден поет, Вилијам Блејк, има напишано една интересна реченица. Тигрите на гневот се помудри од коњите на поуката. Ние секогаш сме коњите на поуката. Не, не прави така, оти ќе биде онака. Немој толку блиску до огнот, ќе се изгориш. Синдром на домаќинка. Ние сме домаќинки. Не не бива, не треба да не има. Ако не има, ќе бидеме во онаа форма во која сме сега, јад, беда и мизерија. Не заслужува секое племе да има држава. Ти сега можеш да мудруваш колку сакаш, ама тоа е целата вистина.
 
Значи ако те сфатив добро ти си спремен не уште утре туку од многу порано ако треба и да загиниш во одбрана на тоа што веруваш, само што ете досега за среќа твоја не си нашол никој политичар што по твоја проценка вреди.
Дипломатски нема што, секоја чест.
И мене прв ме стрелаа Германците;)
 
Јас мислам дека бев многу јасен. Не само што нема лидери, нема ни народ. Кога беше фингираната војна во Македонија, министерот за одбрана шверцуваше паштети.

Сега ти можеш да продолжиш да мантраш колку е убаво во Македонија.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.155
Поени од реакции
25.638
Колку е вака добро од дома на топло да изиграваш народен херој.
Ете дали ти си спремен сега , утре да земиш пушка во рака и да застаниш зад политичарот кој ке донесе таква одлука и да ја браниш таа одлука дури и по цена на својот живот.
Јас колку толку ти одговоров најдобро што можев на твоето прашање, удоволими ти на моето.
Дали си спремен да го дадеш својот живот за тоа што тука го тврдиш?
Никој, ама баш никој нормален не би сакал војна. Ама доколку ја има, има начин да мора да се оди. Државата има инструменти со кои може да те натера да земеш пушка во рака. Војувањето во најголем дел до случаите не е доброволно.

Ама настрана тоа, ситуацијата во случајов за кој дискутираме не беше ни приближно толку драматична. Груевски беше ставен во ситуација да бира помеѓу тоа да прави херој од Ахмети или да се повлече од власт па да треба да војува со малцинска влада на чело со триумфалистички А1. Избра дека првото е помалото зло и го направи тоа.

Двете одлуки си имаа консеквенци за кои сигурен сум, а и тоа е многу очигледно и по јавните настапи (или нивното отсуство) за темава за која разговараме, дека беше свесен. Политиката е таква игра што некогаш не можеш да избегнеш да носиш траен белег. Затоа и е толку лукративна.

Груевски ги знае правилата на игра, си го носи сопствениот крст за таа одлука, и дури и нема никаков спинерски обид да ја оправда, како што имало за други. Не гледам од кај чувствуваш потреба да правдаш нешто што ни самиот тој не чувствува потреба (или се срами) да го правда.
 
Член од
6 мај 2014
Мислења
647
Поени од реакции
1.184
Груевски ги знае правилата на игра, си го носи сопствениот крст за таа одлука, и дури и нема никаков спинерски обид да ја оправда, како што имало за други. Не гледам од кај чувствуваш потреба да правдаш нешто што ни самиот тој не чувствува потреба (или се срами) да го правда.
Тоа е уште една карактеристична црта на македонецот. Кога некој те силува, ти велиш дека е убаво. Кога не те силува, ти сеуште го рационализираш и го правдаш силувањето.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.784
Поени од реакции
21.189
Јас мислам дека бев многу јасен. Не само што нема лидери, нема ни народ. Кога беше фингираната војна во Македонија, министерот за одбрана шверцуваше паштети.

Сега ти можеш да продолжиш да мантраш колку е убаво во Македонија.
Што е сега, ке вариш кафе, ке ти паѓа интернетот или ?
Прво беа политичарите криви, намало лидери , сега испадна дека и народот нечинел. А колку храбро и самоуверено почна.
 
Член од
6 мај 2014
Мислења
647
Поени од реакции
1.184
Што е сега, ке вариш кафе, ке ти паѓа интернетот или ?
Прво беа политичарите криви, намало лидери , сега испадна дека и народот нечинел. А колку храбро и самоуверено почна.
Владе, се разбравме, сите те разбраа, уживај.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.784
Поени од реакции
21.189
Никој, ама баш никој нормален не би сакал војна. Ама доколку ја има, има начин да мора да се оди. Државата има инструменти со кои може да те натера да земеш пушка во рака. Војувањето во најголем дел до случаите не е доброволно.

Ама настрана тоа, ситуацијата во случајов за кој дискутираме не беше ни приближно толку драматична. Груевски беше ставен во ситуација да бира помеѓу тоа да прави херој од Ахмети или да се повлече од власт па да треба да војува со малцинска влада на чело со триумфалистички А1. Избра дека првото е помалото зло и го направи тоа.

Двете одлуки си имаа консеквенци за кои сигурен сум, а и тоа е многу очигледно и по јавните настапи (или нивното отсуство) за темава за која разговараме, дека беше свесен. Политиката е таква игра што некогаш не можеш да избегнеш да носиш траен белег. Затоа и е толку лукративна.

Груевски ги знае правилата на игра, си го носи сопствениот крст за таа одлука, и дури и нема никаков спинерски обид да ја оправда, како што имало за други. Не гледам од кај чувствуваш потреба да правдаш нешто што ни самиот тој не чувствува потреба (или се срами) да го правда.
Не дискутираме строго за Груевски туку општо за се што ни се случуваше во минатото и најверојатно допрва ке ни се случува. Амнестијата е само една работа од многуте.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.155
Поени од реакции
25.638
Не дискутираме строго за Груевски туку општо за се што ни се случуваше во минатото и најверојатно допрва ке ни се случува. Амнестијата е само една работа од многуте.
Па не баш. Ете, немаме консензуален Претседател, па тоа не направи војна. Значи кога се сака и кога ќе работиш на тоа да не се доведеш во позиција да мораш да правиш отстапки, „процесите“ и не се баш во еден еден правец.

Не може сопствената неспособност да си ја правдаме со „така налагаат процесите“. Процесите не се предодредени и можат да се променат.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.784
Поени од реакции
21.189
Владе, се разбравме, сите те разбраа, уживај.
Незнам дали мене ме разбраа, ама ти воопшто не ми си јасен.
Од една страна се расфрла тука со морални и етички приказни и проповеди, од друга страна сам заклучи дека народот не чини и дека треба да не нема. Па сега искрено не ми е јасно што тебе не ти е јасно за амнестијата?
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.784
Поени од реакции
21.189
Па не баш. Ете, немаме консензуален Претседател, па тоа не направи војна. Значи кога се сака и кога ќе работиш на тоа да не се доведеш во позиција да мораш да правиш отстапки, „процесите“ и не се баш во еден еден правец.

Не може сопствената неспособност да си ја правдаме со „така налагаат процесите“. Процесите не се предодредени и можат да се променат.
Прво да се разбериме, не оправдувам никој и ништо. Ама пак од друга страна ако важи за едно нека важи за се.
Ете ти вака како подобро политички поткован од мене и подобро запознаен со состојбите дали мандатарот е законски обврзан да прави влада како што ја прави?
Претпоставувам знаеш на што мислам?
И дали има или нема притисок за тоа? Ако нема зошто ја прави, а ако има од кого иди и кои би биле последиците ако не подлегни под притисокот.
Пошто ние обичните смртници ете неможеме да знаеме нити си гледаме на нокти за што има а за што нема притисок од надвор?
Тоа беше и целата поента на муабетот инаку, за притисокот.[DOUBLEPOST=1416101589][/DOUBLEPOST]
Знам Владе, знам, во ред е.
Искрено очаен обид , ама ај постар си нека ти биди.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom