Властодршците против штрајкови и протести

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.968
Каде тоа , во Обединетите нации или ??
не, туку во законодавниот дом, на истото место кај што сменија устав, закони, норми, како што им одговара, на истото место кај што ги дигнаа своите задебелени прстиња за амнестија на воените злосторници, на истото место кај што можеа со иста леснотија да стават македонски национален симбол на знаме или грб.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.791
Поени од реакции
21.202

Ич ама ич да не пратиш политика досега ќе знаеше дека друга е маката, или на друго место е маката. Затоа те прашав дали мислиш на ООН. И да не е тоа маката имаме бадинтерово мнозинство. Тоа знаеш што значи нели?
Така да не 63 туку 119 нека има џабе е. А од каде бадинтерово мнозинство и кој и кога тоа се наметна врати се на првобитната мака. Според тоа во иднина и свети петар да дојди лично да формира влада пак би го добил истиот резултат.
 
Член од
6 мај 2014
Мислења
647
Поени од реакции
1.184

За амнестијата на гадовите не требаше Бадинтер, требаше да НЕ гласаат.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.791
Поени од реакции
21.202
За амнестијата на гадовите не требаше Бадинтер, требаше да НЕ гласаат.
Тоа теоретски добро звучи, уште подобро ке беше да не се потпишеше рамковниот договор, тогаш немаше да имаме ни бадинтерово мнозинство. Ама што потоа? Спремен беше на последиците од тоа.
 
Член од
6 мај 2014
Мислења
647
Поени од реакции
1.184
Тоа теоретски добро звучи, уште подобро ке беше да не се потпишеше рамковниот договор, тогаш немаше да имаме ни бадинтерово мнозинство. Ама што потоа? Спремен беше на последиците од тоа.
Ех, за оправдувања е лесно. Плус, немаше никаков притисок од надвор за амнестијата на убијците. Таа амнестија беше монета за поткусурување при поделбата на идните тендери. Нема начин да се оправда таква гадост. Амнестираа луѓе кои им пикаа шишиња во аналниот отвор на постари луѓе кои никому ништо не сториле. Замисли тоа да му се десеше на некој од твојата фамилија. Тие што ги амнестираа се мизерни, а ти размисли каков си штом ги браниш. За твое добро да си размислиш.
 
Нема да коментирам, нема ни потреба.
 
Член од
6 мај 2014
Мислења
647
Поени од реакции
1.184
Нема да коментирам, нема ни потреба.
Се разбира дека нема да коментираш, кога се најде во тесно. И јас не би коментирал да сум на твое место. Има една линија која не може да се премине кога браниш идиоти. Ти сега беше на таа линија, и кога виде дека ќе боли, не ти се коментира повеќе.

Само размисли што убијците направија па потоа размисли за бедата и мизеријата на тие кои кренаа прсти и ги амнестираа. Некој работи не се простуваат, по никоја цена.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.159
Поени од реакции
25.650
Тоа теоретски добро звучи, уште подобро ке беше да не се потпишеше рамковниот договор, тогаш немаше да имаме ни бадинтерово мнозинство. Ама што потоа? Спремен беше на последиците од тоа.
Ама баш никакви последици немаше да има доколку не ја гласаа амнестијата. Да, процесирањето на случаите ќе беше проблем и најверојатно немаше да се случи во брзо време, ама повторно тоа не е оправдување. Таа амнестија е срам кој Груевски ќе си го носи цела кариера.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.968
Ех, за оправдувања е лесно. Плус, немаше никаков притисок од надвор за амнестијата на убијците. Таа амнестија беше монета за поткусурување при поделбата на идните тендери.
Ах, не само што немаше никаков притисок однадвор за прекин на процесуирањето на случаите (со амнестија). Напротив. Притисокот однадвор беше ДА СЕ процесуираат случаите. Ние еднаш годишно, имаме делегација од советот на Европа, која ни укажува на потешкотиите со кои, правно, ќе се соочиме при евроинтегративните процеси, баш поради амнестијата на воени злосторства.

Претставници од Советот на Европа и Стејт департментот бараат власта да ги казни воените злосторства од 2001 година
Актуелно

извештајот за Македонија во кој се опфатени два аспекти со човековите права во Македонија, што денеска беше објавен во Стразбур. Вчера, амбасадор на американскиот Стејт департментот и порача на македонската власт да ги истражи и процесуира хашките пресуди.

Во извештајот кој е долг 32 страници, Комесарот за човекови права на Советот на Европа се осврнува на неразрешените прашања од конфликтот во 2001 година, поврзани со човековите права. Според него, „континуираната неказнивост за тешките прекршувања на човековите права или сериозните кршења на меѓународното хуманитарно право извршени во 2001 е еден од факторите што ги попречуваат напорите да се постигне општествена кохезија и помирување во поранешната југословенска Република Македонија”.
Правдата, вели тој, е потребна не само за преку праведна постапка да се обезбеди одговорноста на сторителите на ваквите прекршувања, туку е потребна, исто така, и за да се повратат правата на жртвите кои дополнително страдаат од постојаното неприфаќање дека им е нанесено зло.

Понатаму, тој објаснува како амнестиите не треба да важат за тешки прекршувања на човековите права бидејќи тоа е веќе потврдено од Комитетот на министри на Советот на Европа во Упатствата за искоренување на неказнивоста за сериозни кршења на човековите права од 2011 година. Потсетува, Европскиот суд за човекови права во неодамнешната пресуда „Маргуш против Хрватска“, е нагласено дека предмет што опфаќа воени злосторстваа против цивили и давањето амнестија во поглед на „меѓународни злосторства” е всушност термин што опфаќа злосторства против човештвото, воени злосторства и геноцид. Констатацијата на комесарот е дека амнестијата се повеќе се смета за забранета со меѓународното право.

Комесарот е информиран дека се уште е непознато што се има случено со 14 лица исчезнати во тек на конфликтот, смета треба да се вложат сите напори за да се разјасни нивната судбина. Што се однесува до ситуацијата со 95 раселени лица кои се се уште во колективните центри, Комесарот препорачува да се даде приоритет на изнаоѓањето трајни решенија за нивно домување.

Амбасадор на Стејт департментот и порачува на македонската власт да ги истражи и процесуира хашките предмети
Вчера, пак, на трибината организирана во Институтот Брукингс во Вашингтон, амбасадорот за воени злосторства Стивен Рап проговори за таканаречените хашки случаи кои во земјава беа вратени од Хаг и од пред некоја година амнестирани со Законот за амнестија.

„Сметам дека пресудите што се носат на меѓународно ниво треба да бидат ограничени на најсериозните дела коишто имаат најшироки последици. Но, на ниво на државите исто така треба да има гонење на сериозните прекршители и тоа треба да се направи на балансиран начин. Ако имало кршење на правото од двете завојувани страни, тогаш двете страни треба да бидат истражени и обвинети. Ова се одлуки коишто треба да ги донесат обвинителите, во демократски процес, заснован на владеење на правото и треба да ги одразат погледите на општеството. Без навлегување во индивидуални одлуки, секогаш интерес е правдата да биде фер и независна од етничката припадност, националноста и религијата. Сериозните злосторства треба да се соочат со правдата, независно од која страна доаѓаат“, изјавил амбасадорот на американскиот Стејт департмент за воени злостоства, Стивен Рап.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.791
Поени од реакции
21.202
Се разбира дека нема да коментираш, кога се најде во тесно. И јас не би коментирал да сум на твое место. Има една линија која не може да се премине кога браниш идиоти. Ти сега беше на таа линија, и кога виде дека ќе боли, не ти се коментира повеќе.

Само размисли што убијците направија па потоа размисли за бедата и мизеријата на тие кои кренаа прсти и ги амнестираа. Некој работи не се простуваат, по никоја цена.
Не бе напротив, бесмислено е да коментирам. Не дека ке се најдам во тесно( па и да се најдам, голема работа. Ке ми се срони бисерот синкир) туку едноставно не ми се влегува во тотално непотребна дискусија за нешто толку очигледно.
Ама ете да речеме дека немало притисок и ти и неколку тука добро информирани го знаете тоа од прва рака.
За да во иднина да не влегувам во тесно дај кажете барем за што имаше а за што немаше притисок од ете да речеме од независноста до денес. Секако мислам на побитните и поважните моменти од нашата историја.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.139
Поени од реакции
8.243
Тоа теоретски добро звучи, уште подобро ке беше да не се потпишеше рамковниот договор, тогаш немаше да имаме ни бадинтерово мнозинство. Ама што потоа? Спремен беше на последиците од тоа.
Јас како што те разбирам, ти викаш дека секогаш кога браќата ќе прават притисок Македонците треба да виткаат кичма?
 
Член од
6 мај 2014
Мислења
647
Поени од реакции
1.184
Не бе напротив, бесмислено е да коментирам. Не дека ке се најдам во тесно( па и да се најдам, голема работа. Ке ми се срони бисерот синкир) туку едноставно не ми се влегува во тотално непотребна дискусија за нешто толку очигледно.
Ама ете да речеме дека немало притисок и ти и неколку тука добро информирани го знаете тоа од прва рака.
За да во иднина да не влегувам во тесно дај кажете барем за што имаше а за што немаше притисок од ете да речеме од независноста до денес. Секако мислам на побитните и поважните моменти од нашата историја.
Владе, време е да поќутиш. Сериозно. Нека ти падне интернетот, оди свари си некое кафе, па врати се на темата за напуштањето на Македонија да ни кажуваш приказни за тоа како е прекрасно во Македонија, само немој да се бламираш со ова.

Само замисли дека на некој од твоето семејство му е направено она што му беше направено на жртвите, па кажи ми како би се чуствувал да ги амнестира некој убијците.

Срамота е, ОК?
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.968
Секако, тука треба да се обрне внимание и на неразбирливото и очигледно одбивање на опозицијата, силно да поентира на овој и другите случаи од оваа сфера, што по кој знае кој пат, ја покажува и докажува и нивната срамна ориентација, по овие прашања.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.791
Поени од реакции
21.202
Владе, време е да поќутиш. Сериозно. Нека ти падне интернетот, оди свари си некое кафе, па врати се на темата за напуштањето на Македонија да ни кажуваш приказни за тоа како е прекрасно во Македонија, само немој да се бламираш со ова.

Само замисли дека на некој од твоето семејство му е направено она што му беше направено на жртвите, па кажи ми како би се чуствувал да ги амнестира некој убијците.

Срамота е, ОК?
Не се разбираме очигледно и затоа не сакав да коментирам.
Не се прашувам јас тука што чувствувам и како мене ми е или тебе.
Сигурно не им е подобро од фамилиите на тие кои изгубиле некој во војната или пак на тие кои ден денес воопшто не ни знаат дали нивните се живи или не. Така да не се работи тука дали јас или ти нешто оправдуваме или не.
П.с и да сакам неможам таму од технички причини ;)
 
Член од
6 мај 2014
Мислења
647
Поени од реакции
1.184
Не се разбираме очигледно и затоа не сакав да коментирам.
Не се прашувам јас тука што чувствувам и како мене ми е или тебе.
Сигурно не им е подобро од фамилиите на тие кои изгубиле некој во војната или пак на тие кои ден денес воопшто не ни знаат дали нивните се живи или не. Така да не се работи тука дали јас или ти нешто оправдуваме или не.
П.с и да сакам неможам таму од технички причини ;)
А за што се работи?
Еве две едноставни прашања на кои се одговара со да или не.

Дали ти ја оправдуваш амнестијата? Да или не?

Дали сметаш дека некој кој ја дал таа амнестија заслужува да води еден народ? Да или не?

Во суштина, работите се секогаш едноставни, само треба да се остане при фактите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom