Властодршците против штрајкови и протести

Член од
24 март 2010
Мислења
15.144
Поени од реакции
25.570
Ете ти вака како подобро политички поткован од мене и подобро запознаен со состојбите дали мандатарот е законски обврзан да прави влада како што ја прави?
Претпоставувам знаеш на што мислам?
И дали има или нема притисок за тоа? Ако нема зошто ја прави, а ако има од кого иди и кои би биле последиците ако не подлегни под притисокот.
Секако дека не е. И секако дека има притисок. Ама треба малце да ги издефинираме притисоците.

Има меѓународен притисок во Владата да бидат застапени и Албанци. И тој притисок е сосема разумен, бидејќи Албанците се реалност во Македонија. Влада без министри Албанци не би ја отсликувала состојба на терен и тоа сигурно ќе создаде внатрешни проблеми.

Ама, нема меѓународен притисок дека тоа мора да биде победничката албанска партија. Тоа е лесно проверливо на Викиликс. Јас не можам да сретнам ниту еден депеш во кој се сугерира дека Америте се незадоволни од тоа што Груевски ја избрал ДПА за коалиционен партнер.

Значи изборот на победничката албанска партија е чисто прагматична и математичка операција да се избегнат легалните и легитимните механизми на блокада. А такви механизми има во секоја држава. Ете на пример Обама во моментов е блокиран и во Конгрес и во Сенат и има огромен притисок и преиспитување на секоја одлука.

Дали некој ќе подлегне или не подлегне на притисок и на кој притисок ќе подлегне е тоа што му ја дефинира успешноста како политичар. Амнестијата е ахиловата пета на Груевски без разлика дали има или нема начин да ја рационализираш истата.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.764
Поени од реакции
21.157

Не се замарам јас толку со амнестијата. Се направи и тоа е тоа, ми се допаѓало тоа мене или не. Се направија и други работи што не ги оправдувам па пак никому ништо. На сите повеќе или помалце газот име посран. Само не ми е фер некако да споредуваме на кој повеќе газот им е посран по тежината на пелените. Значи или на сите им е посран или на никој.
Но ајде малце да се наваратиме на притисокот.
Настрана тоа што е раузмно а што не, пошто разумно е она што го мисли меѓународната заедница ( САД претежно) дека е разумно. Значи рековме дека е пожелно но не е морално коалициониот партнер да биди од албанскиот блок така ? Никаде не пиши ни со закон ни со ништо дека тој мора да биди тој, посебно ако се има парламентарно мнозинство. Но ете не било така како сугестија од меѓународната заедница за мир во куќата( притисок по наши). Што би се случило ако и покрај сугестијата сепак нема коалиционен партнер од нив? Какви последици би имало таквата постапка по државата и колку тука се спремни доброволно да ја бранат таа политика?
Законски мандатарот е во право да си прави влада онаква каква што тој смета дека треба да прави и не крши нити еден наш закон. Ако ги прашаме Македонците верувам дека поголемиот дел од нив ке се согласат со тоа ( да тргниме спрема тоа што се пишува тука на форумот). Дали сметаш дека таа сугестија од меѓународниот фактор ке остани само на сугестија? Дали сметаш дека албанскиот фактор ке седи со скрстени раце иако законски се е во ред?
И јас сметам дека успешен политичар и дипломат е оној што ке извлече најповеќе корист од дадената ситуација, но многу е битно што се нуди на маса. Какви се опциите. Да не се правиме наивни и да забораваме дека ние си имаме дежурна 5 колона во државата која меѓународниот фактор си ја користи по потреба.
Исто да не заборавиме дека во последните 20 и кусурот години нема држава на која меѓународниот фактор не и фрлил око и таа да поминала така со лесно.
И најважно да не заборавиме дека ни Македонскиот народ не е баш сплотен и единствен ( не дека и тоа нешто би сменило ако некој реши да биди поинаку).
Така да да скратиме. Што би се случило и какви би биле последиците кога државниот врв би оделе спортивно од желбите на меѓународната заедница и колку тука народот е спремен да ги подржи во тоа доброволно( ова доброволно посебно ти го потенцирам).
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Јас сум спремен да се борам за она што мислам дека е исправно. Ако проценам дека некој политичар навистина му го мисли доброто на овој народ, и дека барем малку има идеализам во него, прв ќе одам да се борам.

За жал, тој воз одамна замина за Македонците. Ние не извадовме ниту еден квалитетен лидер, се некои подлизурковци кои единствено ги интересираат парите. Каков народ, такви лидери. Мочко до мочко. Ние не успеавме за едно помочано неодење во Грција на одмор да се договориме.

Има еден поет, Вилијам Блејк, има напишано една интересна реченица. Тигрите на гневот се помудри од коњите на поуката. Ние секогаш сме коњите на поуката. Не, не прави така, оти ќе биде онака. Немој толку блиску до огнот, ќе се изгориш. Синдром на домаќинка. Ние сме домаќинки. Не не бива, не треба да не има. Ако не има, ќе бидеме во онаа форма во која сме сега, јад, беда и мизерија. Не заслужува секое племе да има држава. Ти сега можеш да мудруваш колку сакаш, ама тоа е целата вистина.
Не само Грција,на Србите им се удвараме ,на Албанците им изграваме слуги во својата држава.Но што станува со Бугарите?Зошто за овие седум-осум години на власт премиерот ниту еднаш не даде критика за вадењето на Блгарските паспорти.Зошто цело време ќути,или го одбрува тоа,или е добро потплатен од нив?Молчењето не е здраво,ниту пак игнорирањето проблемот го решава.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.131
Поени од реакции
18.127
ЧЕТВРТИ ДЕН ШТРАЈК ВО ТЕРМОЕЛЕКТРАНАТА „ОСЛОМЕЈ“
Штрајкувачите преку протестот бараат платите да им се изедначат со редовно вработените во термоелектраната, покривање на трошоците за храна и за превоз, опис на работно место и ХТЗ-опрема, раководството вели дека е подготвено за преговори

Четврти ден по ред околу поголема група привремено ангажирани работници во термоелектраната „Осломеј“ го блокираат регионоалниот пат до енергетскиот погон. Тие преку протестот бараат платите да им се изедначат со редовно вработените во термоелектраната, покривање на трошоците за храна и за превоз, опис на работно место и ХТЗ-опрема.

Според информациите од Советот на привремено врабoтени во „Осломеј“ станува збор за 200 незадоволни работници.

Штрајкувачие велат дека ги пропуштаат приватните возила кои се движат кон селата во околината и дека ги блокираат само камионите од и до термоелектраната, кои ги пропуштаат само еден час во денот. Се жалат дека меѓу нив има вработени кои се привремено ангажирани од три па се до 20 години. Како што објаснуваат, очекувале повисоки плати од оние што ги добиваат меѓу 14.000 и 18.000 денари и дека така предвидувал тендерот за привремени работници. Според нив, редовно вработените хигиеничарки добивале поголем личен доход, иако извршувале далеку помалку одговорни и тешки обврски.

Велат дека првите денови имало притиосци, пред сѐ да се поделат штрајкувачите по национална основа, меѓутоа Советот на привремено врабтоени во „Осломеј“ тврди дека последниве неколку дена им се придружуваат оние работници кои подлегнале на суптилните притисоци.

Од РЕК „Осломеј“ велат дека во целост ги исполнува обврските кон работниците во комбинатот чиј статус е регулиран преку агенција за привремени вработувања.
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во тек се студентските протести. Во овие протести полека се вклучуваат властодршците и од опозицијата. Но властодржците се властодршци, без обзир дали се на власт или во опозиција и тие се борат секогаш исклучиво само за свои лични интереси.
За тоа најдобро зборува искуството од студентските протести од мај 1968 во Париз
http://en.wikipedia.org/wiki/May_1968_events_in_France
Тогаш во Париз, ниту една партија не ги подржа протестите. Протестите исклучиво ги организираше и подржуваше унијата на студентите и унијата на професорите.
Кон овие протести се приклучија и работниците, но ниту работничките синдикати не ги подржаа протестите,
Партиите и од власта и од опозицијата молчеа или неволно ги подржуваа само со зборови протестите
Сепак, незадоволството беше огромно и овие протести имаа силно влијание.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во соседна Грција новинарите започнале 24 часовен штрајк
http://www.mkd.mk/svet/vesti/grcija-vo-mediumski-mrak-novinarite-pochnale-24-chasoven-shtrajk-naskoro-i-celata-nacija
Новинарските синдикати протестираат против отпуштањето и намалувањето на пензиите и бонусите. Стотици новинари во приватниот сектор веќе со месеци не примаат плата.

Штрајкот е најава на еднодневниот национален штрајк. Се очекува штрајкот на работниците во државниот и приватниот сектор да ја наруши работата на голем број јавни служби
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
Нека цркне гејција цццц
Само ми е жал за моите роднини што живеат во Лерин така што понекогаш испраќаме помош ....

Sent from my iPad 3 using Tapatalk
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во моментов два протеста ја преокупираат јавноста
Во САД продолжуваат протестите против убиствата кои ги изврши полицијата
На Универзитетот во Беркли, Калифорнија, овие протести се претвориле во судири помеѓу демонстрантите и полицијата
http://www.foxnews.com/us/2014/12/08/violence-erupts-at-berkeley-protest-for-second-straight-night/
Според мое мислење, ова се многу значајни протести кои ќе имаат големо влијание, бидејќи САД последниве децении се претвори од земја на слободата, во земја со невидено полициско самоволие. Веројатно тоа се должи на мерките кои се воведени по ударите со авионите во Њујорк, но се чини на тоа ќе му дојде крај.
Вторите протести се во Грција, каде што Владата го донела буџетот.
Комунистичката партија на Грција и другите опозициони партии активно учествуваат и ги подржуваат во овие протести
http://inter.kke.gr/en/articles/Demonstrations-of-PAME-Immediate-response-to-the-anti-worker-plans/
Споредете го тоа со нас, каде опозицијата никогаш не учествува во било какви протести. Кај нас опозицијата протестира исклучиво само затоа што таа не е на власт.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.131
Поени од реакции
18.127
Епизода 429

„ ЕМО- вци робови на 21- от век“
Вести | Охрид | 22.12.2014 14:07Посети : 1415
„ ЕМО- вци робови на 21- от век“, „ Борба за здравје, достоинство“, „ Ние сме гладни“, „ Крлежи“, со овие пароли денес вработени во АД ЕМО Охрид излегоа на уште еден мирен протест, апелирајќи до надлежните да ја запрат голготата низ која со години минуваат .

- Луѓе сме од по 50, 60 години со 33 години работен стаж, деца имаме за женење, мажење , немаме леб да им дадеме. Имаме долгови за плаќање, што да правиме, да умираме по патиштата? А како да платиме кога со 33 години работен стаж немам ни денар. Ова е државна фирма не е од татко ми, нека излезат тие што ги избиравме.

- Има луѓе во земјава еден ден што не биле на работа, а се социјално осигурани кое право е тоа, во кој век живееме? Велат со илјади вработувања, кај се вработувањата, кога ќе се вработуваме, кога ќе умреме на улица?, прашуваат вработените.

Учесниците на протестот ги повторија своите барања- да им се исплатат заостанатите 30 до 40 плати, придонеси, да се реши нивниот статус , како и да се реши проблемот со вработените кои поради неисплатени придонеси не успеала да влезат во стечајната маса.

- Се обративме и до министерот за економија каде беа посочени сите проблеми и наши маки со кои се соочуваме. Ветувања има многу, но за жал досега ништо не е реализирано, изјави претседателот на синдикатот на ЕМО, Миле Крстаноски.

Во врска со најавите за рестартирања на компанијата и инвестиции од страна на странски компании и околу 1500 нови вработувања, вработените од ЕМо со коментар:

- Ние во такви приказни за мали деца не веруваме, можеби владата има свои решенија за ситуацијата, што се крие сеуште не знаеме, а дали ќе се рестарира, кој ќе инвестира во ЕМО, во име на сите можам да кажам дека нас не засега само да се исплатат сите заостанати плати и придонеси и да ни се реши статусот, а дали ќе биде германска, српска фирма или пак од Африка, со тоа нас не ни го решаваат проблемот.

И покрај ветувањата од надлежните дека ќе добијат информации околу мерките кои се преземаат за решавање на проблемите, до сега одговор не добиле. Вработените во ЕМО најавуваат дека на 25 декември повторно ќе излезат на мирен протест, овој пат во Скопје.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.131
Поени од реакции
18.127
Протести за чиста Битола / студентски протести / протести на хонорарците / протест против фасадата на ГТЦ / Ајде / протест на работниците од ЕМО / протест на стечајците / протест на отпуштените војници / протест на СОНК ... многу математика им се собра...

http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=6362970F5BC7594E878D1303A11B26A0

23.12.2014, 18:52
ПРЕДЛОГ ЗА ИЗМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПОЛИЦИЈА

И ГУМЕНИ КУРШУМИ ПРОТИВ НАСИЛНИ ДЕМОНСТРАНТИ

Полицијата во иднина ќе може да пука со гумени куршуми ако треба да растура протести со кои во поголем обем е нарушен јавниот ред и мир.

Целта на употреба на гумените куршуми ќе биде привремено да се онеспособат лица од толпа, кои активно го нарушуваат јавниот ред и мир...

Освен гумените куршуми, полицијата ќе може да користи и други нови средства за присила за растурање на насилна толпа, која нема да се разотиде по наредба на полициски службеник поради воспоставување јавен ред и мир.
Предлогот за измени е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи ЕНЕР и за нив допрва ќе треба да расправа Владата. Ако се усвојат предложените измени на Законот за полицијата, полициските службеници за моментално справување, привремено онеспособување и доведување до послушност на агресивни лица, ќе можат да употребат и електричен парализатор.
Со нови методи за справување со насилна толпа во измените се опфатени и специјалните возила за јавен ред и мир и пиротехничко-експлозивни средства. Специјалните возила ќе се користат за блокирање простор, за ограничување на движење, потиснување на толпа со воден млаз, додека флеш, шок и чадни бомби ќе се употребат за извлекување на лица во затворен простор, одвлекување на внимание или за решавање на заложнички ситуации.
Според предложените измени на Законот, присилни средства можат да се употребат само по наредба на полициски службеник што раководи со акцијата.
Досега полицијата за справување со насилна толпа можеше да користи физичка сила, полициска палка, хемиски средства, млазови вода и службени кучиња.
 
Член од
9 јуни 2014
Мислења
82
Поени од реакции
21

Свесен ли е тој што го носи законот дека овие куршуми можат да убијат или пиштоли за електрошокови, еве деца протестираат? Како сме живееле 65 години во држава без ваков закон, сега неможеме? Полицијата нема обука нормален муабет да направи, а не да и дадеш со гумени куршуми да пука или да пржи со елетрични пиштоли ако го изнервирате
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544

korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
Vo cel svet se zabtanuvaat, kaj nas se voveduvaat.Samo so stap ne mozea ama ovaka ke probaat da zaplasat.Samo moze revolucija da ja ispravi vo drug pat nasata ni mila Makedonija....Samo toa tesko deka ke se sluci.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Интересно е да се следи како нашите властодршци ги „ суредија “ студентите
Последна вест која ја најдов е од Телма и гласи дека „ Владата прифатила некои предлози .... “
http://telma.com.mk/vesti/vladata-prifati-nekoi-predlozi-od-vcherashnata-debata
Што е суштината:
Член 46 од Уставот гласи
На универзитетот му се гарантира автономија.
Условите за основање, вршење и престанок на дејноста на универзитетот, се уредуваат со закон.
.......
Ова значи дека властодршците и да донесат вакви одредби, Уставниот суд би требало да ги укине.
Но кај нас Уставниот суд нема да ги укине
И сега студентите почнуваат протест, на кој се приклучија и голем број граѓани, но се јавуваат некои кои сакаат да „ преговараат “ и почнуваат да преговараат
Кој се тие што „ преговараат ’, кој ги овластил да „ преговараат “?
Јас лично учествував во вториот марш и во митингот пред Владата
Јас никого не сум овластил да преговара
И сега слушаме дека властодршците „ прифатиле “ некои предлози од тие кои сакаат да „ преговараат “.
Ете така работат нашите властодршци
 
Kajgana Shop

На врв Bottom