Витаминка - Прилеп

Дискусија во форумот 'Гурманско катче' започната од .Lost Angel., 27 октомври 2012.

  1. Verdict

    Verdict Galadriel

    Член од:
    21 мај 2012
    Мислења:
    1.606
    Допаѓања:
    1.371
    http://stobiflips.mk/#/mk No.1 Бранд. Интересна страна за историјата и како се прави Стоби Флипс-от. :)
    На HITCH и .Lost Angel. им се допаѓа ова.
  2. Löwe

    Löwe

    Член од:
    14 јули 2010
    Мислења:
    4.707
    Допаѓања:
    4.293
    Не знам за вас, ама за мене кечапот од Витаминка дефинитивно е Н Е З А М Е Н Л И В!!!!
    WIND, Avenger99, Verdict и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Рудници и

    Рудници и ООЗТ Рудници и железарница - Скопје

    Член од:
    9 декември 2009
    Мислења:
    9.596
    Допаѓања:
    12.816
    Tри фирми отсекогаш биле носители на стандард : Агроплод, Витаминка и Европа.
    Ако веќе ја закачи Витаминка за малверзации, спомни за сменатиот вкус на Ресаната, Агроблок, Агрокрем после влегувањето на Свислион.Блокот е намален во грамажа од 100 на 90, Агрокрем и корнфлексот од 500 на 450, смоките од 45 на 30 грама, во Ресаната едно парче помалку, а цените се отидени нагоре.Еден период паковаа директно Јафа (Ресана) произведена од Свислион (20 денари продажна), во Ресана картонска амбалажа (30-32 продажна) па изгледа имаше реакција и прекинаа со таа пракса.Плус се поголемото форсирање производи од српските ограноци на Свислион во дистрибуцијата.Едно време на секое одење со кола до/од Ресен/Битола се поминуваше до Агроплод и се полнеше колата од фабричката продавница, сега со новите газди многу поретко :(
    А супите на Витаминка не се нешто различни од тие ‘марки‘ сервирани по телевизија, а се доста поефтини, сега и со нови амбалажи.Една лоша особина и на Витаминка и на Агроплод е воведување производи веќе афирмирани во конкурентската фирма.Витаминка со години работеше пудинзи, па пред 7-8 години Агроплод исто почна...сега не знам дали воопшто ги работат.Па после Витаминка почна со Мелоди (Јафа кејк/Ресана).Еве 3 нови производи, ова најлево веќе го работат во Макс Струмица...
    [​IMG]
    Амбалажава им е баш ок, почнете со замерки :)
    На Ilumious, Олимпија и Tantur>.< им се допаѓа ова.
  4. stojatoni

    stojatoni

    Член од:
    8 август 2012
    Мислења:
    108
    Допаѓања:
    23
    Во ред!Потполно се сложувам дека откако дојде свислион веќе нема ни А од Агроплод.Непаметам дали воопшто и имам земено некаков производ од таму откако дојде србинот...Но исто така сакав да напоменам дека тоа не треба да го користи витаминка,па и таа да бута сваштарија по маркетите!Напротив,мислам дека треба да си имаат еден стандарт и квалитет и да си се држат до него....
  5. Dolce ♥♥♥♥

    Dolce ♥♥♥♥

    Член од:
    26 октомври 2011
    Мислења:
    1.549
    Допаѓања:
    1.134
    Nesto prekrasno od vitaminka sto mnogu gi jadam i se fenomenalni

    [​IMG]
    На Somnitelno Lice* и Tantur>.< им се допаѓа ова.
  6. .Lost Angel.

    .Lost Angel. Гостин

    “Витаминка“ со зголемена добивка за 101 отсто



    Во неревидираниот финансиски извештај на компанијата “Витаминка“ се покажува дека во третото тромесечие во 2012 година остварена е добивка пред оданочувањето во висина од 69.907 милиони денари или зголемена од претходното тромесечие за 2011 година за 101 отсто.

    Нето и добивка по оданочувањето е на ниво од 62.917 милиони денари и таа е зголемена за 101 отсто во однос на претходното тромесечие од 2011 година.

    Растот на нето добивката е резултат на зголемените приходи од продажба на домашен и странски пазар.

    Останатите индикатори, трошоци и показатели го следат трендот на зголемена реализација во третиот квартал 2012 година во споредба 2011 година.

    [​IMG]

    Извор
    На Somnitelno Lice* му/ѝ се допаѓа ова.
  7. aiwa

    aiwa

    Член од:
    25 ноември 2009
    Мислења:
    1.243
    Допаѓања:
    265
    Кој ризикува тој добива!!
    На Tantur>.< му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Champion

    Champion

    Член од:
    31 јули 2008
    Мислења:
    88
    Допаѓања:
    16
    Витаминка не користи ништо од тоа што го кажуваш... трескаш зелени. Сите производи на Витаминка се со еднаков квалитет и има најразлични контроли за секое парче на производ кое што мора да биди иста големина, форма, итн.
  9. mk_pp

    mk_pp

    Член од:
    21 мај 2011
    Мислења:
    160
    Допаѓања:
    71
    Za proizvodot da izleze nadvor od fabrika,pominuva niz 30 kontroli,od surovina,poluproizvod,ambalaza....Jas rabotam tamu.Higienata e na najvisoko mozno nivo,vo pogon ne se vleguva bez maska dignata nad nosot,a ako te fatat da ti e simnata,kaznite se pregolemi...
    На .Lost Angel. и Verdict им се допаѓа ова.
  10. HoLfElDeR

    HoLfElDeR

    Член од:
    9 април 2011
    Мислења:
    697
    Допаѓања:
    794
    Добро е го подобриле сајтот и ги ставиле сите производи, http://vitaminka.com.mk
    Инаку супите им се навистина добри, посебно крем супата, и зеленчуковата, а кечапоти мајонезот ги користам секојдневно и само од Витаминка.
    На .Lost Angel., Verdict и Branchez им се допаѓа ова.
  11. Олимпија

    Олимпија Македонија во срцето!!!

    Член од:
    26 март 2008
    Мислења:
    4.950
    Допаѓања:
    7.076
    Сите производи што сум ги пробала од Витаминка ми се допаѓаат. Најмногу шо ми се сфиѓа е шо не го менуваат квалитетот со години, што е вистинска реткост кај нас.
    Имаат променето и некои амбалажи што секако е уште еден плус за нив.
    На HoLfElDeR му/ѝ се допаѓа ова.
  12. stojatoni

    stojatoni

    Член од:
    8 август 2012
    Мислења:
    108
    Допаѓања:
    23

    незнам како е во моментов,но особено Атлантис школките и тоа како правеа далавери.Истовремено имам пробано од две различни кутии.Додека едните беа супер другите беа катастрофа т.е не се ставаа во уста.Исто така смоките се со променлив квалитет.Стварно некогаш има убави,али некои се катастрофа.....
  13. Сабазиј

    Сабазиј Cheese for everyone!!!

    Член од:
    17 јануари 2009
    Мислења:
    1.935
    Допаѓања:
    1.822
    Купувам редовно некои нивни производи. Како за македонска фирма која подолг период колку-толку успешно опстојува не се воопшто лоши. Немам непријатни искуства. А колку се конкурентни со други, странски произведувачи со сличен асортиман, тоа е друга работа.
    На Verdict му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Champion

    Champion

    Член од:
    31 јули 2008
    Мислења:
    88
    Допаѓања:
    16
    незнам од кај си ги купувал школките.. провери си тој што ти ги продал можеби еднато пакување било со поминат рок...сомнително би било кога во едно пакување би имало различен квалитет на школка.
    што се однесува за смоките подобри нема во светов :) и слободно објасни што значи за тебе “променлив квалитет“.

Сподели преку: