Verdict
Galadriel
- Член од
- 21 мај 2012
- Мислења
- 2.197
- Поени од реакции
- 2.114
http://stobiflips.mk/#/mk No.1 Бранд. Интересна страна за историјата и како се прави Стоби Флипс-от.
Tри фирми отсекогаш биле носители на стандард : Агроплод, Витаминка и Европа.Порано знаевме само за една прехранбена фирма во Македонија која беше синоним за квалитет:Тоа беше Агроплод
Витаминка одсекогаш знаела да си прави мучки т.е малверзации.Пример за тоа се колачите со облик на морски плодови Атлантис.Порано редовно беа дел од нашата трпеза.Али откако почнаа да прават едни убави,па потоа да пуштат лоши веќе раскрстив и со нив.Супите им се катастрофа(според мене тотално утната работа е тоа што се зафатиле да произведуваат супи.Си го валкаат со нив брендот)
Едноставно само смоките ги купувам.Внимавајте имаат смоки со 5 вида на напишани дати.Јас секогаш си земам исти и ми се погодуваат.
Инаку се надевам дека во иднина,доколку престанат да ги прават оние (мајмунски)финти со два убави,а пет неубави и доколку квалитетот и вкусот на еден производ е ист верувам дека ќе ги користам повторно нивните производи....
Во ред!Потполно се сложувам дека откако дојде свислион веќе нема ни А од Агроплод.Непаметам дали воопшто и имам земено некаков производ од таму откако дојде србинот...Но исто така сакав да напоменам дека тоа не треба да го користи витаминка,па и таа да бута сваштарија по маркетите!Напротив,мислам дека треба да си имаат еден стандарт и квалитет и да си се држат до него....Tри фирми отсекогаш биле носители на стандард : Агроплод, Витаминка и Европа.
Ако веќе ја закачи Витаминка за малверзации, спомни за сменатиот вкус на Ресаната, Агроблок, Агрокрем после влегувањето на Свислион.Блокот е намален во грамажа од 100 на 90, Агрокрем и корнфлексот од 500 на 450, смоките од 45 на 30 грама, во Ресаната едно парче помалку, а цените се отидени нагоре.Еден период паковаа директно Јафа (Ресана) произведена од Свислион (20 денари продажна), во Ресана картонска амбалажа (30-32 продажна) па изгледа имаше реакција и прекинаа со таа пракса.Плус се поголемото форсирање производи од српските ограноци на Свислион во дистрибуцијата.Едно време на секое одење со кола до/од Ресен/Битола се поминуваше до Агроплод и се полнеше колата од фабричката продавница, сега со новите газди многу поретко
А супите на Витаминка не се нешто различни од тие ‘марки‘ сервирани по телевизија, а се доста поефтини, сега и со нови амбалажи.Една лоша особина и на Витаминка и на Агроплод е воведување производи веќе афирмирани во конкурентската фирма.Витаминка со години работеше пудинзи, па пред 7-8 години Агроплод исто почна...сега не знам дали воопшто ги работат.Па после Витаминка почна со Мелоди (Јафа кејк/Ресана).Еве 3 нови производи, ова најлево веќе го работат во Макс Струмица...
Амбалажава им е баш ок, почнете со замерки
Кој ризикува тој добива!!“Витаминка“ со зголемена добивка за 101 отсто
Во неревидираниот финансиски извештај на компанијата “Витаминка“ се покажува дека во третото тромесечие во 2012 година остварена е добивка пред оданочувањето во висина од 69.907 милиони денари или зголемена од претходното тромесечие за 2011 година за 101 отсто.
Нето и добивка по оданочувањето е на ниво од 62.917 милиони денари и таа е зголемена за 101 отсто во однос на претходното тромесечие од 2011 година.
Растот на нето добивката е резултат на зголемените приходи од продажба на домашен и странски пазар.
Останатите индикатори, трошоци и показатели го следат трендот на зголемена реализација во третиот квартал 2012 година во споредба 2011 година.
Извор
Витаминка не користи ништо од тоа што го кажуваш... трескаш зелени. Сите производи на Витаминка се со еднаков квалитет и има најразлични контроли за секое парче на производ кое што мора да биди иста големина, форма, итн.Во ред!Потполно се сложувам дека откако дојде свислион веќе нема ни А од Агроплод.Непаметам дали воопшто и имам земено некаков производ од таму откако дојде србинот...Но исто така сакав да напоменам дека тоа не треба да го користи витаминка,па и таа да бута сваштарија по маркетите!Напротив,мислам дека треба да си имаат еден стандарт и квалитет и да си се држат до него....
Витаминка не користи ништо од тоа што го кажуваш... трескаш зелени. Сите производи на Витаминка се со еднаков квалитет и има најразлични контроли за секое парче на производ кое што мора да биди иста големина, форма, итн.
незнам од кај си ги купувал школките.. провери си тој што ти ги продал можеби еднато пакување било со поминат рок...сомнително би било кога во едно пакување би имало различен квалитет на школка.незнам како е во моментов,но особено Атлантис школките и тоа како правеа далавери.Истовремено имам пробано од две различни кутии.Додека едните беа супер другите беа катастрофа т.е не се ставаа во уста.Исто така смоките се со променлив квалитет.Стварно некогаш има убави,али некои се катастрофа.....